И борбениот и упорен ПСЖ меѓу осумте најдобри во ЛШ

Тиаго Силва од трагичар до херој во Лондон. Францускиот првак ПСЖ и со десет фудбалери на теренот остана непоразен во Лондон и со ремито од 2-2 изборено по продолженија го елиминираше Челзи од четврфиналето во Лигата на шампионите.

Поради гол повеќе постигнат на гостински терен тимот од Париз патува во елитата иако без победник 1-1 заврши и првото осминафинале на Паркот на принцовите.

На вториот вечерашен реванш продолженијата одлучија за четвртиот учесник во четврфиналето. По 90 минити игра Челзи и ПСЖ исто како во Париз постигнаа по еден гол.

Челзи победе преку Кејхил во 81 минута , пет минути подоцна Давид Луиз израмни на 1-1 и го однесе реваншот во продолженија.

Фудбалерите на Челзи вечерва не успеја во регуларните 90 минути да го победет ПСЖ иако гостите од Париз еден час играа без исклучениот Ибрахимовиќ кој заработи директен црвен картон по дуелот со Оскар.

Големата тактичка битка на Стемфорд Бриџ во Лондон заврши по дури 120 минутна фудбалска војна .

Херој на ПСЖ е капитенот Тиаго Силва , која малку фалеше да биде и трагичар на реваншот.

Стемфорд Бриџ еруптираше во 6 минута од продолжението кога Азар со удар од 11 метри му обезбеди на Челзи водство од 2-1 , по сомнително досудениот пенал поради играње со рака на капитенот на ПСЖ Тиаго Силва.

Но гостите од Париз не застанаа иако играа со човек помалку на теренот. Наградата за упорноста и одличната игра стигна во 114 минута кога Силва е највисок во шеснаесетникот на Челзи, Куртоа по втор пат капитулира ПСЖ израмнува на 2-2 што е доволно за пласман во четврфинале на најсилното европско клупско натпреварување Лигата на шампионите.
ПСЖ вечерва се освети за минатогодишната елиминација од Челзи во четврфиналната рунда на ЛШ.

ПСЖ со изданиетово Лондон заслужи место меѓу осумте најдобри тимови во Европа

Тинејџер приведен за обид за убиство откако повредил тројца во училиште во Велика Британија

Едно 17-годишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство, откако три лица беа повредени во средно училиште во Јужен Јоркшир, пренесе ДПА.

Едно дете било нападнато, а двајца возрасни се здобиле со полесни повреди во инцидент што се случил утрово во Академијата Бирли во Шефилд.

Полицајците од Јужен Јоркшир дошле местото на настанот откако одговориле на пријава за „инцидент со остар предмет во училиштето“ на Бирли Лејн.

Училиштето соопшти дека било затворено по инцидентот и дека „сите ученици и персонал се безбедни“ и никој не бил пренесен во болница.

Седумнаесетгодишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство и останува во полициски притвор.

Портпаролот на полицијата рече дека полицијата ќе остане на местото на настанот во текот денот за да ја гарантира безбедноста на оние во училиштето и локалната заедница. /МИА

Во Флорида стапи во сила забраната за абортус по шест недели бременост

Американскиот претседател Џозеф Бајден пред една недела го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.

Во Флорида денеска стапи во сила забраната за повеќето абортуси по шест недели од бременоста, пред многу жени да знаат дека се бремени, а некои лекари се загрижени дека жените во државата повеќе нема да имаат пристап до здравствената заштита што им е потребна.

Докторката Леа Робертс, репродуктивен ендокринолог и специјалист за плодност во Бока Фертити во Бока Ратон, рече дека законите против абортусот донесени од Флорида и другите „црвени“ држави се напишани од луѓе кои не ја разбираат медицината.

- Правилата не ги засегаат само жените кои сакаат да ја прекинат бременоста како личен избор, туку и проблематичните бремености за жените кои сакаат да имаат бебе, нагласи таа.

Американскиот претседател Џозеф Бајден пред една недела го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.

- Да бидеме многу јасни, има само едно лице одговорно за овој кошмар. Тој се фали со тоа. Доналд Трамп, им рече Бајден на своите приврзаници во градот Тампа и истакна дека правото на абортус „треба да биде уставно право“.

- Не се работи за правата на (сојузните) држави, туку за правата на жените, рече Бајден и оцени дека Трамп „е загрижен дека гласачите ќе го сметаат за одговорен за суровоста и хаосот што ги создаде“.

На почетокот на претходниот месец, Врховниот суд на Флорида го одобри законот со кој се забранува абортус по првите шест недели од бременоста, период кога повеќето жени не се ни свесни дека се бремени.

Прашањето за абортусот е важно за претстојните избори на 5 ноември во САД, а демократите веруваат дека строгите ограничувања на тоа право во Флорида и Аризона ќе ги „свртат“ гласачите на Трамп кон Бајден.

На изборите во 2022 година Трамп освои 51,2 отсто во таа држава, а Бајден 47,9 отсто.

Шефицата на Демократската партија на Флорида, Ники Фрид изјави дека Бајден разбира дека победата во таа држава е малку веројатна, но дека вреди да се обиде. /МИА

Се распалија скарите, излетничките места полни со граѓани

Мирисот на скара, гласна музика, придружени со метеж од возила, домашни и странски, беше сликата од одбележувањето на 1-ви Мај на скопска Матка. 

Со децении наназад Кањонот во околината на главниот град е омилено место за излет на многумината кои слободниот ден го користат во природа ..

Од она што успеавме да го чуеме во разговор со нашите со

Граѓани велат дека скарата од поодамна е луксуз, но се трудат да останат верни на традицијата, секој според џебот. Во однос на Денот на трудот децидни се дека во минатото работникот се ценел многу повеќе отколку денес.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, посветен е на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Ако се исклучат синдикалците, во Македонија главно се користи како ден за екскурзии во природа.

Првата половина од првиомајскиот ден се задржа стабилното и претжно сончево време. За попладневните часови, од УХРМ најавија појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. А од метео прогнозата и за наредните денови се очекува нестабилно и постудено време со дожд и намалување на температурите, кои ќе ги има и за велигденските празници.

притисни ентер