Хусеини: Неуспешен обид на ДИТ за вонреден инспекциски надзор во „Беса транс"

ДИТ вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс".

Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс", чијшто автобус изгоре во Бугарија, бидејќи, како што изјави за МИА директорот Руфат Хусеини, канцелариите и на компанијата и на нејзините агенции биле затворени, а никој не се јавувал на телефон.

– Вчера се упативме во просториите на „Беса транс", во седиштето, но беа затворени, никој не се јавуваше на службените телефони. Оттаму се упативме во седиштата на двете агенции што ги имаат во Скопје, кои исто така беа затворени и немаше никој. Во Тетово знаеме дека има една агенција, но нашиот инспектор оттаму не информираше дека и таа е затворена. Не можевме да извршиме вонреден инспекциски надзор, изјави Хусеини.

Никој, како што дополни тој, не крева телефон, ниту сопственикот на „Беса транс", ниту некој во канцелариите. – Сега ќе доставиме писмен допис и ќе закажеме термин за да не пречека и да ја отвори канцеларијата, ако не ја прими доставницата тогаш ќе се изврши достава преку Министерството за внатрешни работи, најави Хусеини.

По автобуската несреќа што се случи во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот „Струма", кога автобус на превозникот „Беса транс" враќајќи се од Истанбул удри во заштитната ограда од патот и се запали, Владата на седница го задолжи ДИТ да изврши вонреден инспекциски надзор. Со надзорот, треба да биде опфатено се што е во рамки на надлежностите на Инспекторатот согласно со Законот за превоз во патен сообраќај.

– Конкретно, лиценца за извршување слободен меѓународен превоз на патници, број на возила и изводи од лиценци за тие возила и дали се сопственост на компанијата, пријавени возачи во работен однос во компанијата, потврди за техничко експлоатациски услови за секое возило, сертификати за професионланост за меѓународен превоз за патници, сертификат на управителот за професионална компетентост, евиденција за издадени патни налози за една година наназад. Нашиот надзор ќе ја опфати оваа документација, рече Хусеини.

Министерството за транспорт и врски завчера и ја одзеде лиценцата за работа на фирмата-превозник „Беса транс БТБ", бидејќи за автобусот во кој загинаа 45 патници немало издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту, пак, за друг вид јавен превоз на патници, а возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци. Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата „Беса транс БТБ", но меѓу нив не е автобусот што изгоре. Според член 11 став 1 од Законот за превоз во патниот сообраќај, првозникот може да започне да врши превоз на патници во внатрешен и меѓународен патен сообраќај, откако ќе добие лиценца и извод од лиценца за моторно возило.

По контролата што ја изврши Секторот за професонална одговорност на Царинската управа на ГП „Деве Баир", од ова институција најавија мерки за двајца царински службеници и раководител бидејќи не го евидентирале излезот на автобусот од државава.

– Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18 ноември од царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот „Беса транс" од Скопје, извршена е само заверка на евидентниот лист за превоз на патници. По досега утврдените неправилности во постапувањето, двајцата царински службеници, кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат суспендирани од работното место, а нивниот непосреден раководител ќе биде санкциониран, најавија од Царинската управа. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер