Humble One ќе биде првиот џип на соларен погон (ФОТО) - Канал 5

Humble One ќе биде првиот џип на соларен погон (ФОТО)

Хамбл Моторс е старт-ап компанија од Калифорнија со многу високо поставена цел.

Humble One ќе биде првиот џип на соларен погон (ФОТО)

Компанијата, основана во 2020 година, планира до 2024 година да започне со производство на првиот теренец што ќе користи соларна енергија за погон. Една година подоцна, првите копии ќе бидат доставени до клиентите.

Се разбира, ако сè што е објавено се покаже можно и точно. И тоа е многу. Како прво, Humble One е еден вид кросовер со четири врати и ист број седишта, а компанијата гарантира електричен дострел од 800 км. Секако, ваквиот опсег на автомобилот ќе му го обезбедат големите батерии, додека епитетот соларен автомобил ќе го обезбедат нешто помалку од 7,5 квадратни метри соларни панели. Се очекува сончевата енергија да обезбеди опсег до 100 км на ден.

Другите фактори кои придонесуваат за ветениот опсег се минимизираната маса и супериорната аеродинамика. Се споменува коефициент на отпорност на воздухот од 0,25. Од друга страна, погонскиот агрегат дава максимум од над 1.000 КС.

Доколку сакате да учествувате во креирањето на овој автомобил, можете да го добиете вашето место на списокот со резервации за само 300 долари со гаранција за враќање на парите доколку се предомислите. Цената е исто така позната, и ќе биде 109.000 долари, што е на ниво на етаблираните производители од калибар на Тесла Моторс.

Поранешниот директор на Форд и моментално водечки инженер Алекс Богичевиќ тврди дека тие веќе собрале околу 20 милиони долари резервации, што значи дека добиле околу 67.000 резервации. Звучи оптимистички.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 21. август 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 21. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 21. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение.

Кариера

Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното.

Здравје и совет

Наполнете си ги батериите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите.

Кариера

Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право.

Здравје и совет

Сѐ повеќе работи ве заморуваат.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате.

Кариера

Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат.

Здравје и совет

Прифатете се што доаѓа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе.

Кариера

Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално.

Здравје и совет

Јадете помалку , движете се повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко.

Кариера

Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно.

Здравје и совет

И натаму сте во добра состојба.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка.

Кариера

На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго.

Здравје и совет

Сконцентрирајте се на целта.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред.

Кариера

Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате.

Здравје и совет

Се засилува вашиот интерес за козметика.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот.

Кариера

Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате.

Здравје и совет

Повеќе сон и одмор.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Сѐ што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро.

Кариера

Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа.

Здравје и совет

Треба уредно да живеете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца.

Кариера

не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас.

Здравје и совет

Поважни се зборовите отколку делата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи.

Кариера

Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили.

Здравје и совет

Можете малку да здивнете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете.

Кариера

Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките.

Здравје и совет

Немојте да се грижите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владо Мисајловски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести плус гостува Владо Мисајловски

Владо Мисајловски  во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот

Слепата претскажувачка Баба Ванѓа почина пред речиси три децении, но интересот за нејзините „предвидувања“ продолжува со несмалена мера.

Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот

Меѓу приказните што се пренесуваат, особено се издвојуваат оние за далечната иднина - споменувајќи неверојатни научни достигнувања, вонземски живот, разговори со Бога и границите на познатиот универзум.

Таа самата не запишала ништо

Според толкувањата на нејзините следбеници, Баба Ванѓа оставила „предвидувања“ што датираат „илјадници години нанапред“. Едно од најдалечните е поврзано со годината 5078, за која се тврди дека го означува „крајот на светот каков што го знаеме“.

Важно е да се нагласи, сепак, дека овие „предвидувања“ не можат со сигурност да се припишат на самата Ванѓа. Таа самата не ги запишала, па затоа голем дел од информациите стигнале до јавноста преку други луѓе, преку последователни толкувања и прераскажувања.

Поради оваа причина, скептиците со години се прашуваат колку се точни денешните верзии на „предвидувањата“ на Баба Ванѓа.

Следбениците тврдат дека таа „предвидела“ откривање на „универзален лек“ за годината 4302, додека 4308 треба да донесе „промена во човековото однесување“.

Толкувањата што ѝ се припишуваат на Ванѓа, исто така, наведуваат дека до 4509 година, луѓето ќе можат да „комуницираат со Бога“, додека моралот на човештвото ќе достигне „повисоко ниво“.

„Временска линија“

Таа наводно „предвидела“ дека „бесмртноста ќе стане вообичаена“ за годината 4599, додека за 4674 година се вели дека претставува „врв на човековата благосостојба“.

Според истата „временска линија“, населението тогаш „ќе достигне дури 340 милијарди“, а луѓето ќе стапат во „контакт и ќе се мешаат со вонземјани“.

Потоа доаѓа годината 5076, кога човештвото ќе ја открие „границата на познатиот универзум“, објавува Unilad.

И потоа доаѓа „последната година“ на оваа необична „временска линија“ - 5078. Според толкувањето што ѝ се припишува на Ванѓа, тогаш треба да се случи „крајот на светот каков што го знаеме“.

Следбениците на наследството на Ванѓа често ја цитираат „приказната“ дека бугарските и советските научници процениле дека предвидувањата на Ванѓа „биле околу 85 проценти точни“. Сепак, нема доволно сигурни докази за ова да се земе како утврден факт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер