3Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
ЖивотХуман потег на кавадарчанец кој го фатил светиот крст за Водици Се чувствуваш возбудено, чекаш нестрпливо крстот да биде фрлен во осветените води на Водици. Па и ако го фатиш, чувството тешко се опишува со зборови. Тогаш си најсреќен човек. Таа среќа се памети и се споменува. Забораваш на студената вода околу тебе, магијата на божествениот миг ти ги грее и телото и душата, раскажува за МИА младиот Дарко Недев, кој го има фатено светиот крст во реката Луда Мара во Кавадарци. – Од малечок знам за оваа традиција. Од мали нозе сум слушал дека на 19 јануари се празнува еден од најголемите христијански празници. Кога се осветуваат водите, а луѓето си полнат од светата вода за здравје, среќа и бериќет. И отсекогаш во мене тлееше желбата и јас да бидам дел од масовната манифестација на фрлање по светиот крст во зимски услови, се присетува 21-годишниот кавадарчанец. Во 2019 година, на 17-годишна возраст, за прв пат одлучил да влезе во студената вода на реката, за да го фати осветениот крст. Заедно со еден од неговите другари. И успеал. – Пред да се случи еден од најубавите денови во мојот живот, неколку дена по ред сонував како јас навистина успевам пред сите други да дојдам до крстот во студените води. На крај, ми се оствари желбата, сонот ми стана јаве. Од прв обид, успех, со многу љубов за тој посебен момент, вели Недев. Имал единствена желба, да биде здрав и среќен. Но, истото им го посакува и на сите други, затоа што, како што нагласи, не е убаво човек да е среќен, ако, околу себе да гледа тажни лица. Спојувајќи ги религијата и хуманоста, тој и навивачката група Лозари Исток, на која припаѓа, утредента организираат хумана акција. На штандот на кој кавадарчани имаа можност да го целиваат светиот крст кој беше потопен во водите на реката Луда Мара, беа собрани пари, кои подоцна беа донирани за кавадарчанка која имаше потреба од лекување. Три пати досега, Недев бил непосреден учесник во случувањата за Водици, заедно со својот другар. Годинава по четврти пат ќе ја почувствуваат мистеријата на водата на Луда Мара. – Кога прв пат успеав, моите најблиски беа исто така многу среќни. Ми открија дека стравувале дали ќе успеам, со оглед на големиот број заинтересирани за фаќање на светиот крст, па и повозрасни од мене. Но, ете, судбината беше на моја страна. Би сакал повторно да ја почувствувам таа убавина со крстот во рака меѓу маса народ, вели Недев. Со учеството во традицијата, тој упатува порака дека само со ширење на љубов и позитивна енергија наоколу, можеме да ги задржиме вистинските човечки вредности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ЕвропаДрама во Шведска: Упаднал со меч во училиште и почнал да сече сѐ околу себе (ВИДЕО)Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Фагерста во централна Шведска, соопштија локалните власти. „Примен е телефонски повик поврзан со насилство кое е опасно по живот во училиштето во Фагерста. Полицијата дојде на местото на настанот и едно лице е приведено“, соопшти полицијата. Полицијата го блокираше подрачјето „Полицијата продолжува да работи на местото на настанот. Апелираме до јавноста да ги почитува блокадите на патиштата и да ги слуша упатствата на полицијата“, додадоа тие. Шведската влада е во близок контакт со полицијата по нападот, изјави за Ројтерс министерот за правда Гунар Штромер. Suède: plusieurs personnes blessées à coups d'épée dans un lycée, un suspect interpellé pic.twitter.com/y5W3alHj9k — BFM (@BFMTV) August 21, 2026 „Бевме информирани за сериозен инцидент во Фагерста. Полицијата е на местото на настанот и работи многу интензивно на инцидентот“, рече Штромер.Тагови: училиште Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАрсенал тргнува по најголемата ѕвезда на ЈувентусАнглискиот шампион Арсенал ја разгледува можноста за ангажирање на најголемата ѕвезда на италијанскиот гигант, Јувентус, 21 годишниот Турчин, Кенан Јилдиз објави синоќа „Индипендент“.Микел Артета бара уште еден врвен играч за левата напаѓачка позиција; откако Винисиус Жуниор одлучи да остане во Реал Мадрид, турскиот репрезентативец се наметна како приоритетна цел на клубот. Јувентус не е склон да го продаде еден од своите клучни играчи и би барал сума поголема од 70 милиони евра за воопшто да размисли за преговори. Исто така, се зборува и за можноста Арсенал да го вклучи Габриел Мартинели во договорот. Јилдиз има договор со Јувентус до 2030 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 75 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДали на фронтот во Украина пристигнуваат 50.000 војници? Киев тврди дека Пјонгјанг наскоро ќе испрати до 50.000 војници за да ѝ помогне на Русија во војната против Украина.Северна Кореја има намера да го зголеми бројот на своите војници кои треба да се борат на страната на Москва во војната против Украина. Ова би значело дека дури 50.000 Севернокорејци би можеле да бидат распоредени во Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кон крајот на јули, украинскиот лидер изјави дека Русија сака да ангажира уште 30.000 севернокорејски војници, а викендов ја спомена бројката од „меѓу 30.000 и 50.000“ од нив. Тој не прецизираше дали таа бројка ги вклучува и севернокорејските војници кои веќе учествуваат во конфликтот. Минатиот викенд, Зеленски исто така предупреди дека Северна Кореја стекнува драгоцено искуство во модерното војување и ја повика Јужна Кореја да ја зајакне соработката со Украина во областа на противвоздушната одбрана и беспилотните летала. Русија и Северна Кореја потпишаа одбранбен договор во летото 2024 година; неколку месеци подоцна, Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија. Аналитичарите проценуваат дека се распоредени меѓу 14.000 и 15.000 војници, главно во регионот Курск. Пјонгјанг подоцна се согласи да испрати уште 6.000 борци, вклучувајќи деминери и инженери. Според јужнокорејските и украинските власти, Северна Кореја исто така ја снабдила Русија со милиони артилериски гранати и балистички ракети. Јужнокорејските разузнавачки служби проценуваат дека околу 6.000 севернокорејски војници загинале или биле ранети. Јапонската агенција „Кјодо њуз“, повикувајќи се на украинското воено разузнавање, синоќа објави дека е потврдено претстојното зголемување на бројот на севернокорејски војници. Украинските извори наведуваат дека до крајот на ноември во Русија би можеле да бидат распоредени до 50.000 севернокорејски војници. Според тие наводи, војниците би ги презеле задачите во руските региони Курск, Брјанск и Белгород, со што руските сили би се ослободиле од обврските таму и би можеле да бидат испратени да се борат на украинскиот фронт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter