Хулигани го нападнале домот на газдата на Панатинаикос

Нападнат домот на сопственикот на Панатинаикос Димнитрис Јанакополус , во неговата куќа влегле 100 хулигани, но според грчките медиуми  за среќа никој не е повреден.

Инцидентот се случил по прес конференцијата на која Јанакополус објавил дека го продава својот клуб, неколкукратниот освојувач на Евролигата за цена од 25 милиони евра .

Засега нема повеќе детали за овој инцидент, но медиумите го очекуваат извештајот од грчката полиција.

Александер – Арнолд на радарот на Реал

Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, објави денеска добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.

Според истиот изворот, мадридскиот клуб во 25-годишниот англиски репрезентативец гледа замена за седум години повозрасниот Дани Карвахал.

Преговори меѓу Реал и Ливерпул за евентуалниот трансфер на Александер – Арнолд сè уште не се започнати.

Александер-Арнолд одигра 35 натпревари за Ливерпул оваа сезона, постигнувајќи три голови, а додаде и девет асистенции. Неговиот договор со клубот истекува во лето 2025 година./МИА

Србија ќе бара вајлд-карта за ракометниот Мундијал

Српската ракометна федерација денеска ќе испрати барање до Светската ракометна федерација (ИХФ) за специјална покана за учество на Мундијалот кој идната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска.

Српските ракометари вчера не успеаја да се пласираат на Светското првенство, бидејќи во реваншот од баражот во Нови Сад ја победија Шпанија со недоволни 25:22.

Во првиот натпревар на 8 мај во Шпанија домашната екипа победи со 32:28.

Светското првенство ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Данска, Норвешка и Хрватска. /МИА

Деспотовски: Пред три години понудив решенија,не беа прифатени од партијата

Димовски: Личното право на самоидентификација не може да биде загрозено со никаков меѓудржавен договор.

Димовски: Личното право на самоидентификација не може да биде загрозено со никаков меѓудржавен договор. Грчката дипломатија доби договр кој што ако самата го пишуваше, ќе беа повнимателни. Прво сите партии да изградиме став и да дефинираме дали Преспа е правда или неправда. Собирот на Албанската дијаспора ја фрапира Грција.

Деспотовски: Пред 3 години кога се организираа претседателски избори така како што се организираа, јас понудив решенија, но тие не беа прифатени од партијата, а тоа беше поставување на кои основи се поставуваат носители на листи, кандидати за пратеници, за премиер, и во тој процес улога да имаа целото членство.

притисни ентер