Хрватскиот претседател Милановиќ денеска престојува во официјална посета на Македонија - Канал 5

Хрватскиот претседател Милановиќ денеска престојува во официјална посета на Македонија

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска е во официјална посета на Македонија. 

Хрватскиот претседател Милановиќ денеска престојува во официјална посета на Македонија

Тој беше пречекан со највисоки државни и воени почести по што ќе следи тет-а-тет средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Ивана каква е агендата за денеска на хрватскиот претседател ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Халанд ја опиша сезоната на Сити како „ужасна“

Достигнувањето до трето последователно финале на ФА Купот и евентуалното квалификување за Лигата на шампионите не е доволно за најдобриот стрелец на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кој ја опиша сезоната како „ужасна“.

Халанд ја опиша сезоната на Сити како „ужасна“

Норвежанецот, кој го продолжи договорот со Сити до 2034 година, за Би-Би-Си Спорт изјави дека играчите не се доволно добри.

-Добра традиција е да се игра на „Вембли“ за важни трофеи. Имаме финале на ФА Купот, кое треба да го играме по ужасната сезона, што кажува сè. Кога ја освојуваш титулата четири пати по ред, а не ја освојуваш петтата, тоа не е успешна сезона. Тоа се стандардите што си ги поставивме самите на себе. Не бевме доволно добри, но сепак се надеваме дека ќе се квалификуваме за Лигата на шампионите, изјави тој.

Сити ќе игра против Кристал Палас во финалето во сабота и е четврти во лигата, два бода пред петтопласираниот Челси.

-Не бевме доволно стабилни, секако имаше повреди во текот на сезоната. Но, не бараме изговори. Секој од нас не беше доволно добар и не бевме на свое ниво, а кога е тоа случај, не се добиваат натпреварите бидејќи првенството е многу тешко, сигурен е тој.

Норвешкиот репрезентативец постигна 21 гол во текот на сезоната, но исто така беше надвор од терените еден месец поради повреда на глуждот во март.

Трамп: Мој приоритет е да се стави крај на конфликтите

 Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска за време на посетата на најголемата американска воена база на Блискиот Исток, која се наоѓа во Катар, изјави дека негов приоритет е „прекин на конфликтите, а не нивно започнување“.

Трамп: Мој приоритет е да се стави крај на конфликтите

„Како претседател, мој приоритет е да се стави крај на конфликтите, а не нивно започнување. Но, нема да се двоумам да распоредам американски сили доколку е потребно за да ги заштитам САД и нашите партнери“, рече тој пред американските сили во Катар, една од земјите кои ги посети во рамки на неговата турнеја низ Блискиот Исток.

Трамп, исто така, рече дека непријателствата меѓу Индија и Пакистан се решени и ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната.

„Двете страни се задоволни од развојот на настаните, додаде Трамп.

ТикТок го крши Законот за дигитални услуги на ЕУ, покажа прелиминарна истрага на ЕК

Социјалната мрежа ТикТок не ги почитува преземените обврски од Законот за дигитални услуги (ДСА) во однос на т.н. „складиште на реклами“, соопшти денеска Европската комисија врз основа на наодите од нејзината прелиминарна истрага. 

ТикТок го крши Законот за дигитални услуги на ЕУ, покажа прелиминарна истрага на ЕК

„Складиштето на реклами“ е база на податоци или архива која содржи податоци за рекламите, вклучувајќи ја нивната содржина, спонзори, трошоци и должина на траење и емитување. Примарна цел на оваа база е поголема транспарентност на онлајн рекламирањето и можност на истражителите, надзорните тела и јавноста да имаат пристап до податоците за рекламите.

Комисијата посочува дека ова „складиште на реклами“ е клучно за откривање на реклами со кои се мамат граѓаните и кои се користат за кампањи со хибридни закани и координирани информативни операции, вклучително и во контекст на избори.

- Комисијата утврди дека ТикТок не ги обезбедува потребните информации за содржината на рекламите, за корисниците кон кои се насочени рекламите и за тоа кој платил за рекламите. Покрај тоа, „складиштето за реклами“ на ТикТок не овозможува сеопфатно пребарување на рекламите врз основа на овие информации, со што се ограничува корисноста на алатката, се додава во соопштението на ЕК.

Комисијата посочи и дека за прелиминарни наоди од истрагата веќе го информирала ТикТок, кој сега има право на одбрана со проверка на документите од истражната постапка и давање писмен одговор на забелешките.

Доколку во понатамошните фази на истрагата бидат потврдени прелиминарните наоди, тогаш Комисијата може да му изрече парична казна на ТикТок во висина до шест отсто од вкупниот негов годишен промет на глобално ниво, како и да го засили надзор врз социјалната мрежа.

Формална постапка против Тик Ток, Европската комисија ја започна на 19 февруари минатата година и со неа покрај проценката за транспарентноста на рекламирањето, беа оценувани и негативните ефекти од дизајнот на алгоритамските системи, гарантирањето на високо ниво на приватност, безбедноста и сигурноста за малолетници, како и можноста на истражителите за пристап до информации, за што истрагата продолжува.

Паралелно со ова, ЕК во декември 2024 година започна истрага против ТикТок и за начинот на справување со ризиците поврзани со изборите и граѓанскиот дискурс, која исто така е во тек.

притисни ентер