ЗабаваХрватската кошаркарска легенда Ѓузепе „Пино" Ѓерѓа гостува во БитолаЕкс југословенската кошаркарска легенда Ѓузепе „Пино" Ѓерѓа викендов ќе гостува во Битола и ќе учествува на 9. Меѓународен кошаркарски турнир „Битола 2019" чиј домаќин и организатор е кошаркарскиот клуб „Младост".Организаторот најавува дека познатиот кошаркар Ѓерѓа, кој е во деветтата деценија од животот, и е на 82 годишна возраст, ќе го носи дресот на матичниот клуб „Задар" и ќе учествува на ревијален натпревар. -Освен ревијален, турнирот има и натпреварувачки карактер, а годинава имаме најголем број пријавен екипи во женска и машка конкуренција, млади талентирани кошаркарки и ветерани кои доаѓаат од Хрватска, Италија, Бугарија, Косово, Албанија, Србија и кошаркарски клубови од неколку македонски градови, истакна Владимир Прчков, задолжен за односи со јавност. Според програмата, кошаркарските натпревари ќе се играат во спортските сали „Павел Шатев"-Студентски дом, Гимназијата „Јосип Броз Тито", СЕУ „Јане Сандански", СМУ „д-р Јован Калаузи" и во спортската сала „Боро Чурлевски" каде утре во 16 часот ќе се одржи свеченото отворање на меѓународниот кошаркарски турнир „Битола 2019". Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музејСите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата.Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците. Дополнително, соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата. Сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена. Овој Меморандум е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода дава поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднинаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами - следува криза и уште поскапа хранаЦените на дизелот надминаа 100 денари за литар. За 43% се покачени во изминатите 6 месеци.Што значи цените на храната повторно ќе растат. А Владата на Мицкоски не презема ништо. Ценовниот бран сега ќе биде уште потежок затоа што половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Потрошувачката кошничка веќе достигна речиси 70.000 денари а платите не мрдаат. Сега секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза. Директно се засегнати и македонските зeмјоделци. Поскапо гориво значи поскапа обработка на нивите, поскап транспорт, поскапо производство и на крај – поскапа храна. Поради неспособноста на Мицкоски и неговата Влада Македонија веќе го живее почетокот на кризата. Земјоделците гледаме дека денеска повторно протестираат за откупни цени на пиперката кои владата на Мицкоски им ги вети ама не ги испорача. Ги излажа. Откупот на пиперката не се „решава“ со лаги и манипулации туку со конкретни мерки. СДСМ ги поддржува барањата на земјоделците. Во време на СДСМ откупната цена беше 50 денари по килограм. Сега Владата треба да обезбеди и повеќе од 50 денари заради зголемени трошоци за производство во целокупниот сектор за земјоделство. Земјоделецот не живее од прес-конференциите на Мицкоски и лажните ветувања. Живее од цената на својот производ. Од сигурен откуп, навремена исплата. Од тоа дали може да купи гориво, семе и ѓубриво за следната сезона. А токму тие трошоци растат. Субвенциите доцнат или се намалуваат. Горивото поскапува. Ѓубривото поскапува. Наводнувањето е проблем. А уште сакаат да градат и дата центри. Ова е систематско уништување на домашното производство и губење на прехранбената сигурност на државата. Македонија има земја, вода, сонце, традиција и вредни земјоделци, може да произведува храна и за себе и за регионот. Цел свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна само Владата на Мицкоски не презема ништо. Со ваквата политика на ВМРО-ОКГ, земјоделците едвај преживуваат, домашното производство се намалува, зависноста од увоз расте, а храната ќе станува сè поскапа. Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателкаТагови: Јована Тренчевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛеао се сели во Премиер лигата? Sky: Преговорите се во текПортугалската фудбалска ѕвезда 27 годишниот Рафаел Леао би можел да го напушти Милан и да замине во Премиер-лигата во завршната фаза од преодниот рок. Според италијанскиот „Скај Спорт“, Астон Вила започнала преговори со Милан за португалскиот напаѓач. Агентот Жорге Мендеш посредувал во поврзувањето на двата клуба, а Леао е отворен за трансфер во Бирмингем. Една од причините е фактот што Астон Вила оваа сезона ќе настапува во Лигата на шампионите. Сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите, а Вила сè уште нема доставено официјална понуда. Милан пред неколку дена навести дека бара околу 60 милиони евра за Леао, иако италијанските медиуми сугерираат дека преговорите би можеле да започнат со понуда од приближно 50 милиони евра плус бонуси. Галатасарај претходно понуди нешто повеќе од 40 милиони евра, но Милан ја одби таа опција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30