ЖивотХрватска стјуардеса открива каков разврат се случува во авионитеЕдна хрватска стјуардеса реши преку социјалните мрежи да го сподели своето искуство од работата.- Можете да ме викате Петра, иако тоа не е моето вистинско име. Работата како стјуардеса е како и секоја друга работа, освен привилегијата често да се будите во различни земји и градови, да запознавате различни луѓе и да бидете под постојана возбуда што ја носи секој нов лет. Кога зборуваме за секс на 12.000 метри, се случува и тоа. Најчесто тоалетот останува заклучен бидејќи некои љубопитни патници горат од желба да искусат секс во авион. Од друга страна, се случувало некој пар да се расположи под дејство на алкохол, па да почне да се гали на некое од задните седишта доколку авионот е полупразен – ја започнува стјуардесата својата приказна. Петра, како што открива, често ги опоменува паровите доколку забележи дека работите излегуваат од контрола. - Се случува парот да се покрие со ќебе и да се однесува како да е во реално шоу. Иако не можете да видите што прават, тоа е многу очигледно, бидејќи понекогаш се слушаат воздишки, а луѓето во нивна близина се преправаат дека спијат и не слушаат што се случува... Обично ги опоменувам или дури ќе им викнам да престанат и да се однесуваат пристојно. Најчесто ќе ме послушаат и ќе се извинат – вели таа. Згодните пилоти и стјуарди, кои често патуваат, знаат да стапат во врска со стјуардесите. - После еден долг лет, пилотот ме покани да излеземе. Беше околу 15 години постар од мене, но се согласив. Се сеќавам дека излеговме во бар каде што танцуваа егзотични танчарки. Испивме прилично и една Тајланѓанка ни танцуваше во скут. Пилотот беше многу шармантен и вешто ме заведе на патот до хотелот. Завршивме во неговата хотелска соба. Во еден момент се слушна чукање на вратата, се појави убавата Тајланѓанка. Бев збунета, никогаш претходно не сум пробала секс во тројка, но бев прилично љубопитна. Се согласив да ни се придружи... Може да се каже дека тоа беше ноќ за паметење - заклучува стјуардесата посочувајќи дека ова не се случува често, но постојат исклучоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладнеУтре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во НикуштакДиректорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак.Директорот на Центарот за управување со кризи моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот. На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови. Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните. Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции, соопштуваат од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветСпасени 300 лица во МавританијаМавританската крајбрежна стража денес соопшти дека повеќе од 300 мигранти, меѓу кои и 40 деца, се пронајдени покрај брегот на земјата, најверојатно обидувајќи се да стигнат до Канарските Острови.Тие беа пронајдени ноќта помеѓу среда и четврток и се вели дека се во сериозна состојба, пренесува „Euronews“. Нивниот дрвен чамец тргнал од Гамбија и превезувал 315 лица, 191 од Сенегал, 123 од Гамбија и едно од Мали, се додава во соопштението. „Меѓу овие луѓе има мажи, жени и малолетници, вклучувајќи бебиња, кои се во тешка хуманитарна ситуација“, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека тие биле спасени во близина на рибарското пристаниште Нуадибу, економскиот главен град на земјата. Во последните месеци, стотици мигранти, главно од Сенегал, Гамбија и Мали, беа спасени во мавританските води додека се обидуваа да стигнат до Европа, но стотици загинаа или исчезнаа откако нивните чамци потонаа. More than 300 migrants, including 40 children, rescued off Mauritania, coastguard says https://t.co/btCYHQyWSR — The Right News, Right Now. (@BradPorcellato) August 21, 2026 Тагови: Мавританија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter