Хрватска: На студентка и го изгребале автомобилот во Дубровник, мислеле дека е од Србија (фото)

На студентка од Славонија, која студира во Дубровник, изгребан и е автомобилот, а таа е уверена дека тоа се случило бидејќи нејзиниот сосед мислел дека на нејзиното возило има српски регистерски таблички.

Како што изјавила, купила возила за да може почесто од Дубровник да патува во родниот крај и го паркирала на јавен паркинг што предизвикало негодување кај нејзиниот сосед, кој како што каже, спомнувал регистерски таблички од Пожаревац.

Но, на регистерските таблички се наоѓале буквите PZ, кои се кратенка за Пожега, град во западна Славонија.

Како што изјавила за локалните медиуми, соседот ја повикал и рекол дека не може да паркира тука и ја прашал дали е од Србија.

„Ме праша дали сме од Србија бидејќи мислеше дека табличките се од Пожаревац, а тие се всушност од Пожега. И да сме од Пожаревац, не знам зошто тоа е важно. Се обидов на пристоен начин да му објаснам дека станува збор за јавен, а не приватен паркинг. Рече дека “се создаваат проблеми што не табличките не се од Дубровник“, изјавила студентката.

Таа, на инсистирање на соседот, го ослободила паркинг местото, кое наводно тие два дена било празно. Затоа таа на тоа паркинг место повторно го паркирала возилото за потоа да го најде изгребано.

Како што изјави, не знае кој е сторителот, но има свои сомнежи и е уверена дека возилото е намерно изгребано.

Студентката, која е разочарана од однесувањето на своите сограѓани, додала дека расправијата околу табличките не е единствената неугодност која ја доживеала од соседот.

Десетици илјади луѓе протестираа низ Франција барајќи повисоки плати и мир

Десетици илјади луѓе ширум Франција се приклучија на синдикалните собири за повисоки плати и мир по повод Меѓународниот ден на трудот.

Од Марсеј до Лион, Рен или Тулуз на големите поворки во големите градови се вееја знамиња на различни синдикати и палестински знамиња.

Во Париз, според синдикатите, се собрале 50.000 луѓе, а според полицијата 18.000, атмосферата на почетокот била карневалска, но на крајот полицијата интервенирала со солзавец.

Според полицијата, група од 4.500 луѓе, со „неколку стотици радикали“ запалиле камион, а уништени се и излози.

Досега се уапсени 25 лица.

Низ цела Франција, 12.000 полицајци се распоредени за да го зачуваат мирот, од кои 5.000 во Париз.

Моќниот синдикат ЦГТ упати апел против „мерките за штедење“, за отворање работни места, повисоки плати и мир.

Водечкиот синдикат ЦФДТ ги повика луѓето да се приклучат на маршевите во повиците за поамбициозна Европа која повеќе ги штити работниците. /МИА

Папата ја осуди индустријата за оружје

Папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“.

Папата Франциск денеска упати молитви за жртвите од војните во Украина, палестинските територии, Израел и бегалците Рохинџи во Мјанмар, нагласувајќи дека, „за жал, најпрофитабилните инвестиции се оние поврзани со индустријата за оружје“.

- Војната секогаш е пораз, секогаш. Ние бараме мир, бараме вистински мир за овие народи и за целиот свет, рече папата, по повод католичкиот црковен празник Свети Јосиф Работник, пренесе Ватикан Њуз.

Обраќајќи им се на присутните во салата Павле VI во Ватикан на општа аудиенција, папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“. /МИА

Пронајдено 5-годишното девојче кое се оддалечило во паркот во Сарај

Пронајдено е 5-годишното девојче кое доцна попладнето исчезна во паркот во Сарај.

Детето, чие оддалечување од местото било пријавено нешто по 16 часот од нејзин роднина, било пронајдено по околу два часа во близина на трговскиот центар Сарај, инфомираат од МВР.

Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли.

притисни ентер