Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
1Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
Свет20 годишната Наталија управувала со авионот што се урна во Флорида- немала ниту возачка дозвола (ВИДЕО)Наталија Гадела (20) била зад контролите на приватниот авион „Лирџет 90“ што се урна вчера во близина на Вест Палм Бич, Флорида.Сите девет лица во авионот загинаа во несреќата, а последните моменти од летот беа забележани во драматичен дијалог со контролата на летање, објави Дејли Меил. Според „Њујорк пост“, членовите на семејството на младата Наталија потврдија дека таа била пилот во времето на трагедијата. Идентитетите на другите жртви сè уште не се официјално објавени, а причината за несреќата е под истрага. Nathalia Gadelha Figueiras, 20, was the co-pilot of the private Learjet that crashed in Palm Beach County, Florida, on Sunday, killing all nine people aboard. She earned her pilot’s license at just 17 and dreamed of becoming a commercial airline pilot. The aircraft was en route from Austin, Texas, to the Bahamas when the fatal crash occurred. 📸: American Flyers | 6ABC Philadelphia — Activewurld (@Activewurld_) November 2, 2026 Снимката од разговорот помеѓу екипажот и контролата на летање открива колку брзо се влошила ситуацијата. Во еден момент, можело да се чуе како еден маж ја рецитира молитвата „Оче наш“ од пилотската кабина, додека Наталија Гадела се обидувала да ја задржи контролата врз авионот. Таа пријавила во контролата на летање дека авионот се навалил за дури 60 степени, предизвикувајќи да лета речиси настрана. Контролорот се обидел да ја смири и да ѝ помогне да го стабилизира авионот. „Седум два два браво делта, спуштајќи се на 8.000 стапки... Мејдеј, мејдеј... спуштајќи се со 10.000 стапки во минута“, може да се слушне комуникацијата на снимката. Само неколку моменти подоцна, ситуацијата стана уште посериозна. Наталија прогласи вонредна состојба и предупреди дека авионот се движи пребрзо. „Прогласувам вонредна состојба, летаме пребрзо“, рекла таа на контролата на летање. Според објавената снимка, брзината на спуштање потоа достигнала дури 20.000 стапки во минута, или повеќе од 100 метри во секунда. Во последните моменти, Гадела предупредила дека ќе удри во земјата, а нејзината последна порака била дека повеќе немаат време. Кратко потоа, авионот се урна. View this post on Instagram A post shared by GIRO NEWS TOMÉ-AÇU (@girotomeacu) Наталија Гадела пораснала во округот Палм Бич и развила љубов кон авијацијата како тинејџерка. Ја добила својата пилотска дозвола во 2023 година, кога имала само 17 години. Во интервју за CBS12 во тоа време, таа зборуваше за својата страст кон летањето и се пошегува дека сака да се фали дека знае да управува со авион кога некој ќе ѝ каже дека не знае да вози автомобил. Нејзиниот татко, Алан, исто така има пилотска дозвола, додека нејзината мајка често споделуваше фотографии од заеднички семејни патувања во приватни авиони на социјалните мрежи. Авионот што се урна полета од Остин, Тексас, кон Бахамите кога се случи трагедијата. Според достапните информации, контролорите на летање претходно одобрија екипажот да го промени курсот поради дождот на југоисток и предупредија на можноста за турбуленција. Силината на ударот беше толку голема што на местото на несреќата се создаде кратер, додека делови од авионот беа расфрлани по патот. Истрагата ја спроведуваат Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB).Тагови: Авионот флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризиМисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска се обрати на настанот „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Македонија и националниот хуманитарен систем“, на покана на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, д-р Беким Сали. Во своето обраќање пред присутните, министерот Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“, при што ги истакна клучните столбови за заштита од денешните современи кризи, нагласувајќи дека воените конфликти, климатските промени, природните катастрофи, хибридните и сајбер-заканите не познаваат граници и ги надминуваат капацитетите на поединечните институции. „Современиот концепт на национална отпорност подразбира покрај способноста да одговориме на кризите, истите навремено да ги предвидиме со цел да ги намалиме последиците и што побрзо да го вратиме нормалното функционирање на општеството. Подготвеноста не започнува во моментот кога ќе се појави кризата, туку се гради многу порано преку заедничко планирање, развој на капацитетите и меѓусебна доверба“, истакна Мисајловски, потсетувајќи на мислата на американскиот претседател Џон Кенеди „Времето да се поправи покривот е додека сонцето сјае“. Осврнувајќи се на улогата на Министерството за одбрана и Армијата во националниот систем за справување со кризи, Мисајловски посочи дека македонската Армија покрај својата примарна мисија, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, претставува витален капацитет за поддршка на цивилните институции. Тој нагласи дека, поддршката, е клучот во справувањето со непогодите и кризните состојби, бидејќи ниту една институција не може да дејствува изолирано, и токму затоа е неопходна координацијата и со Црвениот крст, граѓанскиот сектор и волонтерските друштва. Во тој контекст министерот Мисајловски додаде дека системот на солидарност и помош на земјите сојузнички во рамки на Алијансата, за нашата држава претставува дополнителна гаранција и поддршка за градење отпорно општество и побрз одговор при големи катастрофи. Како потврда за оваа двонасочна солидарност беа посочени македонските армиски тимови кои помагаа по разорниот земјотрес во Турција и поплавите во Словенија, но и итната сојузничка помош за време на трагедијата во Кочани преку поддршката со медицинска евакуација, опрема и лекување на повредените, како и преку ангажирањето на 10 воздушни тимови за гаснење на пожарите во 2024 година. Мисајловски на крајот додаде дека, градењето национална отпорност е континуиран процес во кој секој сектор има своја одговорност, а преку зајакнување на партнерството меѓу државните институции, Црвениот крст и граѓанскиот сектор се создава поефикасен и поодржлив систем за заштита на граѓаните.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарнитеНула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги.Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат. Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги. Почитувани, Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28