Хрватска е нов четвртфиналист на Мундијалот во Катар, пенал рулетот е кобен за Јапонија

Светскиот вицешампион Хрватска останува во трка за тронот на фудбалскиот Мундијал во Катар.По 90 минути игра без победник 1-1 и дополнителните 30 минути без голови, осминафиналниот пенал рулет беше кобен за упорната и борбена селекција на Јапонија. 

Во првото продолжение и пенали на светскиот шампионат во Катар популарните „коцкести“имаа повеќе среќа и на голот го имаа маестралниот Ливаковиќ за ново четврфинале на Мундијалите.

Огнените ја запреа низата победа на Јапонија над фаворитите на светскиот самит во Катар.

Јапонија поведе преку Дајзен Маеда во 43. минута по гужва пред хрватскиот гол, а израмни Иван Перишиќ во 55. минута. во продожението од осминафиналната пресметка немаше голови.Мрежите од головите митуваа и по двете продолженија од по 15 минути по што пенал рулетот одлучуваше за патникот меѓу осумте најдобри на шампионатот.

Во пенал серијата Хрватска го имаше неверојатниот голман Ливаковиќ кој успеа да одбрани дури три пенали и да и обезбеди на својата селекција триумф од вкупни 3-1 за ново мундијалско четврфинале.

Во четврфиналето Хрватска сега ќе го очекува победникот од вечерашната пресметка Бразил - Јужна Кореја.

Американскиот државен секретар на дипломатска турнеја по Блискиот Исток

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Каиро разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за смирување на израелско-палестинските тензии, по што ќе отпатува во Ерусалим и Рамала.

Посетата на Израел, планирана многу порано, доби поинаков тон со избувнувањето на новата спирала на израелско-палестинско насилство што досега меѓународните повици за смирување не успеаја да го запрат.

Египетскиот претседател Ал Сиси, незаменлив учесник во посредувањето во израелско-палестинскиот конфликт, го прими Блинкен во Каиро. Тие разговараа за тековните напори за деескалација на тензиите меѓу Израелците и Палестинците, соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, нагласувајќи ја важната улога на Каиро во „промовирање на регионалната стабилност“.

Блинкен, по денешната посета на Каиро, ќе отпатува во Израел каде ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, а потоа и во Западниот Брег на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Блинкен за саудиската телевизија Ал Арабија изјави дека сака да разговара со израелската влада и со лидерите на палестинските власти. – Сакам да слушнам што имаат да кажат луѓето кои се погодени секој ден (од конфликтот), рече Блинкен.

По разговорот со Ал Сиси, Блинкен во Каиро се сретна со шефот на египетската дипломатија Самех Шукри.

Иако САД и Египет се важни дипломатски актери, експертите сметаат дека просторот за маневрирање на американскиот државен секретар е ограничен.

Ковачевски: Ги реализираме и инфраструктурните проекти кои беа заглавени десетина години

Ги реализираме и инфраструктурните проекти кои поради лошо проектирање беа заглавени десетина години.

Повторно зголемување на платите и пензиите, амбициозен план за инвестиции, почеток на градежните работи на Коридорот 8, автопатско решение до Албанија и меѓу Прилеп и Битола, завршување на најголемите инфраструктурни проекти, браната Коњско, автопатот Кичево – Охрид.., се само дел од активностите за оваа година, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Во изјава за медиумите по завршувањето на првиот панел од конференцијата „Година на нови можности“, Ковачевски истакна дека оваа Влада веќе ги реализира проектите кои долго време беа заглавени, а интензивно се работи и на патиштата кои не беа направени.

Премиерот рече дека ако се има посветеност, фокус и волја, инвестициите може да се реализираат.

Ковачевски е согласен со стопанските комори дека инфраструктурата е врвен приоритет за успешно развивање на економијата и бизнисите во кој било регион.

– Бизнисот има право да го каже тоа. Јас сум поминал 22 години во приватниот сектор, сум бил дел од Стопанската комора и сум личен пријател со претседателите на сите комори. Во државата беа почнати неколку клучни инфраструктурни проекти пред десетина години кои не се реализираа зашто беа лошо проектирани. Патот Кичево – Охрид почна со интензивна реализација во 2022 година, зашто 25 отсто од трасата мораше одново да се проектира. Сега има над 75 отсто реализација на овој патен правец. Интензивно се работи и на патишта кои не беа направени. Комплетно е рехабилитиран патниот правец кај Плетвар, веќе е завршен едниот тунел во Фаришка Клисура, се пробива и вториот тунел со што ќе може да се поврзе патниот правец од Дреново до Плетвар, веќе се сменети изведувачите на магистралниот пат кон Бугарија што гарантира дека ќе бидат завршени инвестициите, го пуштивме патот Штип – Кочани, истакна Ковачевски во врска со прашањето „дали во оваа држава постои поим одговорност за доцнењето на инфраструктурните проекти“ што преку колумна го упати претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески до Владата.

Тој повтори дека минатата година, иако беше најкризна, има највисоко ниво на капитални инвестиции во историјата на државата, 465 милиони евра.

– Овој тим што сега работи докажа дека може да ги одглави проектите поради лошите претходни проектирања и да ги спроведе. Владата има одговорност пред граѓаните да ги спроведе овие проекти, подвлече премиерот. – Комплетно се согласувам со Стопанската комора дека инфраструктура на врвно ниво е еден од предусловите за успешно развивање на економијата и бизнисите во кој било регион, потенцира премиерот.

Стоилковски: Власта да каже кои странски агентури влијаат на односите со Бугарија

Власта да не ги крие и да ги посочи со име кои се тие странски агентури кои влијаат на односите со Бугарија, да каже и кој ги финансира бугарските здруженија во Македонија.

Ако власта излегува со тврдење дека агентурни мрежи и странски пари се вклучени во креирањето тензии со Бугарија, бараме да не ги кријат и да ги посочат со име и презиме кои се тие агентурни мрежи и какво влијание прават. Бараме да се знаат и јавно да се идентификуваат за да граѓаните не подлегнуваат под нивно влијание, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.

Како второ, Стоилковски посочи дека се бара финансиските институции да го следат текот на парите и да објават како се финансираат бугарските здруженија во Македонија.

- Трето и многу важно за владата во Македонија е да побара од Бугарија доследно почитување на одлуките на Судот за човекови права во Стразбур. Четврто, власта да реагира на омаловажувачките и негаторски политики и изјави од бугарска страна, истакна Стоилковски.

Стоилковски потенцира дека наместо измеќар и поданички однос, владата да има достоинствени позиции и однесување.

Стоилковски: СДС и ДУИ ја втурнаа државата во енергетска, економско-инфлаторна криза, па се фалат со невидливи автопати и железници

Нема да бидеме злобни како СДС и нема да кажеме дека власта организира Панаѓур, како што тоа власта го оценуваше првиот дводневниот политички Саем на промените што носат иднина, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан за став за тоа што Владата одржува дводневна конференција, на која премиерот Димитар Ковачевски на отворањето посочи дека главна тема била континуитетот кон подобар стандард и услови за живеење на граѓаните.

За разлика од владата, посочи Стоилковски, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците имаа со што да се пофалат реализирајќи крупни капитални и инфраструктурни проекти во сите полиња на општественото живеење, кои го олеснуваат и го подобруваат животниот стандард на македонските граѓани.

„Со таа разлика што ВМРО-ДПМНЕ и нејзините градоначалниците имаа со што да се пофалат во само една година, со 120 милиони евра реализирани проекти, 36 милиони евра за нови булевари и улици; 20 милиони евра во водоводна и одводна инфраструктура; проекти во градинки, училишта, спортот, културата“, истакна Стоилковски.

Потенцираше дека од друга страна владата на СДСМ и ДУИ немаат со што да се пофалат, се фалат со невидливи и непостоечки автопати и железнички, а единствено ако за нив за фалење тоа што Македонија ја втурнаа во енергетска, економска и инфлаторна криза.

„За разлика, СДС и ДУИ нема со што да се пофалат, освен ако е за фалење дека ја втурнаа државата во енергетска, економска, инфлаторна криза како и со невидливи автопати и железници и дека би продолжиле во стилот "како и до сега"“, рече Стоилковски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер