Хрватите почнуваат со производство на розово чоколадо

Во светот на чоколадата постоеја млечно, бело и црно чоколадо се до 2017 година, кога се појави неверојатното розово чоколадо. 

Таа во моментот е достапна само во неколку земји во светот, а наскоро Хрватска ќе биде една од нив.

„Ние сме една од земјите кои ги следат трендовите со чоколадото, а со тоа го потврдуваме и кредибилитетот на медитеранска земја која ја красат разноврсни вкусови“ вели Фран Рајзл, креативен директор и раководител на производство во компанијата Vrsna од Сесвета. Тие веќе 15 години се занимаваат со прехранбено производство, а од 2017 година го произведуваат брендот чоколади Vrsna chocolates.

Токму тие ја носат радосната вест во Хрватска – историскиот феномен на розевата чоколада. „Со посебна постапка на одвојување на семката и посебна ферментација се чува природната боја на какаото, кој како тропски плод има розево-црвена боја. Името Ruby доаѓа од асоцијацијата со скапоцениот камен рубин и бојата на истоимената чоколада. Вкусот е специфичен поради присуството на цитрусни елементи. Какаото е овошје со вкус кој е мешавина од грозје и лимон”, објаснува Рајзл.

Розевата чоколада ќе биде претставена за две недели отсега на меѓународниот саем Gast 2019 во Сплит, по што ќе може да се пронајде во продавниците во Хрватска, но и во Виена и во Штутгарт, како и на веб шопот.

„Ќе имаме две категории. Едната ќе биде самостојна под називот Ruby Chocolate, додека другата ќе го носи називот Ruby Raspberry and Pistachio. Како компанија која сака да го пренесе хрватскиот производ надвор од границите на земјата, се трудиме да воспоставиме контакти на најкористениот јазик во светот, додека на задниот дел од нашите Ruby чоколади ќе пишува дека се работи за хрватски производ“, објаснува Рајзл.

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада

Српскиот парламент претпладнево ќе ја продолжи првата вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на Влада и давање заклетва на претседателот и членовите. 

Се очекува дискусијата да продолжи, по што пратениците треба да гласаат, јавија српските медиуми.

Продолжението на првата вонредна седница на Националното собрание во актуелното свикување е закажано за девет часот. На седницата, која почна вчера, излагање поднесе претставникот за состав на новата Влада Милош Вучевиќ.

Во тричасовното обраќање пред пратениците, меѓу другото, тој истакна дека владата што ја предлага ќе биде влада на континуитет во најголема мера, како и дека полноправното членство во ЕУ останува стратешки приоритет на Србија. Тој наведе и дека најголемиот предизвик на новиот кабинет ќе биде одбраната на суверенитетот, ќе се предложи задолжителен воен рок од четири месеци. Вучевиќ порача дека членовите на Владата мора да бидат тим, дека секогаш мора да бидат подготвени да ги штитат националните и виталните интереси на Србија, а неговото прво и единствено барање е несомнената лојалност кон татковината. На Собранието му предложи 31 член на кабинетот, меѓу кои има осум нови личности. /МИА

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер синоќа го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.

Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес, објави Фокс.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита./МИА

Колумбија најави прекин на дипломатските односи со Израел поради војната во Газа

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави синоќа дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Појасот Газа. 

Петро претходно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.

„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има геноциден претседател“, нагласи синоќа Петро во Богота на собир по повод Меѓународниот ден на трудот. Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, нагласи тој. /МИА

притисни ентер