ТехнологијаХранилка за мачиња со музика произведе професорот иноватор Ангелков од Кавадарци Машината е со димензии, 180 сантиметри висина, долга е 60 сантиметри и широка исто толку, во неа може да влезат четири мачиња да се засолнат. Хранилка за мачиња со музика произведе професорот иноватор Димитрија Ангелков од Кавадарци. Во изјава за МИА, овој доктор на електротехнички науки, појаснува дека станува збор за своевиден храномат за улични мачиња, што освен засолниште и храна за овие животинки, дава и музика. - Машината е со димензии, 180 сантиметри висина, долга е 60 сантиметри и широка исто толку, во неа може да влезат четири мачиња да се засолнат. Кога ќе ставите паричка се пушта музика и паѓа точно толку храна, колку што се вметнале парички. Работи на струја од 12 волти, може да се стави солар, тогаш ќе работи на сонце. Има база од 300 песни, секојпат различна песна се пушта. Може да се брендира и да служи како рекламно пано. Направена е да работи за надвор, водоотпорна, од алуминиум е изработена и ги задоволува сите стандарди за безбедност на животните, споделува професорот од Електро-машинското училиште, кој има бројни награди за своите иновации. Самиот ја изработил машината, вели дека ќе ја постави на неговата улица во Кавадарци, пред работилницата за иновации. - Проектот е самоодржлив, од собраните пари се купува храна и се полни машината и така се придонесува за обезбедување храна и засолниште за уличните мачиња, за да не се разболуваат. Истовремено, се придонесува кон хигиена во градот, оти понекогаш и несакајќи, гладните улични мачки во потрага по храна, расфрлаат храна од контејнери и канти за отпад, подвлекува Ангелков, нагласувајќи дека музиката доаѓа како гратис. Професорот стои на располагање да направи вакви машини и за други заинтересирани лица, кои сакаат да им помагаат на животните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСе снима филм за животот на Зинедин Зидан Снимањето на биографскиот филм за поранешниот француски фудбалер и актуелен селектор на француската репрезентација Зинедин Зидан, под работен наслов „Un Destin“ (Судбина), треба да започне во јануари 2027 година во Марсеј и неговата околина.Филмот ќе го следи животот и кариерата на еден од најпознатите светски фудбалери, од неговото детство во областа Кастелане во Марсеј, освојувајќи ја Златната топка и титулата светски шампион во 1998 година, сè до неговиот успех со Реал Мадрид. Филмот ќе ги опфати и настаните од Светското првенство во 2006 година, вклучувајќи го и неславниот инцидент во финалето кога Зидан со глава го удри италијанскиот играч Марко Матераци. Аудициите се во тек Според француските медиуми, аудициите веќе се во тек, продукцијата бара актери за улогите на членовите на семејството со потекло од Кабиле, домородните северноафрикански бербери, млади фудбалери и истакнати личности од светот на францускиот фудбал, меѓу кои Бернар Тапи, Аме Жаке, Биксенте Лизаразу и Кристоф Дугари. Режисер на филмот се очекува да биде Али Бугераба, 50-годишен режисер со алжирско потекло, кој во младоста тренирал во младинската академија на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј. Зидан (54) неодамна започна нова фаза од кариерата како селектор на француската репрезентација, а следните натпревари на неговиот тим се закажани за март, кога на 25 и 28 март во четврт-финалето на Лигата на нации ќе ги одмерат силите со актуелниот светски првак, Шпанците.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ЗабаваЕмили Ратајковски провоцира во чипкасто боди со деколте до половината (ФОТО)Емили Ратајковски повторно покажа дека не се плаши од впечатливи модни комбинации. Моделот сподели серија фотографии од вечерно излегување во Њујорк на Инстаграм, а со нив накратко изјави дека сака да го врати Тамблер. Нејзиниот аутфит навистина има малку носталгична естетика популарна на таа платформа, со допир на смелост и малку алтернативен гламур. Чипканото боди во преден план Црното чипкано боди со особено длабоко деколте кое достигнува речиси до половината привлече најголемо внимание. Проѕирната чипка, тенки ремени и многу отворено деколте го прават едно од оние парчиња што не остануваат незабележани. Исто така е многу отворено на задниот дел, со тенки ремени и детали од чипка кои дополнително ја нагласуваат неговата сензуална естетика. Со него, таа носеше впечатлива кожна здолниште во жолто-зелена нијанса, миди крој и со висок шлиц напред. Комбинацијата ја надополни со кратка јакна и високи чизми во темноцрвена, односно бордо нијанса. Посебен детаљ беше мала чанта со дезен од кравји дезени, која ја носеше преку рамо. View this post on Instagram A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) Целиот аутфит изгледа како комбинација од естетика од почетокот на 2000-тите и смела вечерна облека, и токму оваа комбинација од парчиња и детали ја одбележа модната сцена од ерата на Tumblr. Се чини дека Емили решила со својот аутфит да ја покаже својата желба да се врати на таа естетика.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МетеоУтре врнежливо време со температури меѓу 3 и 12 степени Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 3 Тетово, 4 Попова Шапка, 6 Крушево, 7 Скопје-Зајчев Рид, 8 Скопје-Петровец, Прилеп, Струмица, Маврови Анови, Лазарополе, 9 Претор, 10 Берово, Битола, Гевгелија, 11 Крива Паланка, Велес, Штип, Демир Капија, 12 Виница, Кавадарци, 13 Охрид. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) 16 Пожаране, 12 Маврови Анови, 11 Попова Шапка, 10 Лазарополе, 9 Тетово, 2 Охрид, Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Во раните утрински часови времето беше променливо облачно со повремени сончеви периоди. Од пладневните часови преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во северозападните делови. Дуваше слаб до умерен, а наместа повремено засилен до силен ветер од јужен правец, во Виница со брзина над 50, а во Штип над 60 km/h. До крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и југозападните делови (локално до утре наутро се очекува да наврне над 30 l/m2 дожд). Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен југоисточен ветер. ВРЕМЕТО УТРЕ Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter