Петкоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светот
2Петкоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светот
3Димитриеска-Кочоска: Прецизната регулатива е основа за јасни и фер правила за работа во секоја индустрија
АвтомобилизамХонда очекува пад на продажбата Јапонскиот производител на автомобили Хонда, ја намали прогнозата за продажбата поради глобален недостиг на полупроводници потребни за производство на електронски склопови, се вели во извештајот на компанијата.Прогнозата за продажба за фискалната 2020 година што завршува на 31 март е намалена за 100.000, на 4,5 милиони автомобили. Во исто време, компанијата ја подобрила прогнозата за профит од 390 милијарди јени (околу 3,7 милијарди долари) на 465 милијарди (околу 4,4 милијарди долари). Се очекува раст на профитот и покрај намалената продажба, како резултат на „оптимизација на трошоците“. Во јануари, Хонда објави присилно исклучување на својата фабрика Сузуки во западна Јапонија поради недостаток на полупроводници. Како што објави новинската агенција Кјодо, недостигот е резултат на обновување на глобалната побарувачка за автомобили и зголемување на употребата на персонални компјутери и конзоли за игри за кои се потребни полупроводниците. Претходно, исто така, поради недостаток на полупроводници, и Субару и Тојота започнаа да го намалуваат производството во нивните погони во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригадаЗаменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците. Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ. Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаПеткоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светотВоздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. Таа значи полесно патување за граѓаните, повеќе можности за туризмот и бизнисот и поголема отвореност на Македонија кон Европа и светот. Токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на проширување на мрежата на авиодестинации од македонските аеродроми. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води македонската Влада, постигнати се конкретни резултати, така што се воведени нови 28 авиодестинации. Така, од Скопје сега може да се патува во Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Дубаи, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро во Сардинија и Палермо во Сицилија. Додека од аеродромот во Охрид, македонските граѓани можат да летаат за Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена. Со новите дестинации, нашите граѓани добиваат повеќе директни врски со европските центри, полесно патуваат за работа, образование и туризам, но и полесно ги посетуваат своите семејства и пријатели кои живеат во странство. Истовремено, со секоја нова директна линија Македонија станува подостапна за странските туристи, а особено значајно е тоа за Охрид и за македонскиот туризам, бидејќи поголемата воздушна поврзаност значи и поголема можност за привлекување туристи од нови пазари. Но, подобрата воздушна поврзаност е важна и за бизнисот, за привлекување инвестиции и за поврзување на македонските компании со европските пазари. Кога една држава има повеќе директни авиолинии, таа станува подостапна и попривлечна за инвеститорите, компаниите и меѓународните партнери. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да работи на проширување на мрежата на дестинации и создавање услови за нови авиолинии од Скопје и Охрид, затоа што Македонија треба да биде држава со повеќе можности, подобра поврзаност и отворени врати кон светот. Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Прецизната регулатива е основа за јасни и фер правила за работа во секоја индустријаПрецизната регулатива е основа за јасни и фер правила за работа во секоја индустрија, а примената носи поголема заштита за граѓаните и поефикасен систем.По усвојувањето на новиот Закон за игри на среќа, продолжуваме со неговата имплементација и дорегулација преку донесување на еден од потребните правилници - Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа - акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип“, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на ФБ. Таа појаснува дека потребата документација меѓу другото се однесува на изречени санкции за забрана за вршење професија, изречена казна за забрана за приредување на игри на среќа и слични околности кои се значајни за нивното учество во приредувањето на игрите на среќа. Ова е важен чекор, Правилникот ги претвора законските принципи во конкретни правила, процедури и критериуми што ќе можат да се применуваат во пракса“,наведува министерката. Таа додава дека Министерството за финансии работи и на подготовка и донесување на останатите правилници потребни за целосна имплементација на Законот. „ Прецизната регулатива е основа за јасни и фер правила за работа во секоја индустрија, вклучително и индустријата на игри на среќа. За нас, донесувањето на Законот и на позаконските акти не е крајот на процесот. Вистинскиот резултат доаѓа со неговата доследна имплементација. Затоа, секој донесен правилник и секој следен чекор во спроведувањето значи дека законските решенија стануваат реалност, а нивната примена носи поголема заштита за граѓаните и поефикасен систем“, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Министерката потсетува дека новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен на крајот на јуни оваа година, од причина што оваа област значително се промени во изминатите години. Со новиот Закон се воведоа повеќе новини чија заедничка цел е поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и поодговорно работење во оваа индустрија. Како што посочува во објавата потребна беше современа регулатива која ќе одговори на новите предизвици и ќе овозможи поголема заштита на граѓаните и поефикасен надзор.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook