,,Се случи на најсеверната точка на островот Оаху во одморалиштето на желките. Беше спонтано. Вистинско изненадување“, изјави Квеид.
Запросувањет било планирано „околу месец и пол“.
Савои се изнанадила иако парот бил заедно со месеци.
„Таа сними селфи со нас двајцата и јас го извадив прстенот и ја прашав дали сака да се омажи за мене“, изјави Квеид за „Екстра“.
Колешката на Квеид од серијата ,, Стапицата за родители” , Елејн Хендрикс, се пошегува со сличноста на запросувањето на филм и во реалниот живот. Поточно, ликот на Квеид во филмот се впушта во врска со 26-годишна русокоса девојка. Во филмот, свршувачката му ја „расипаа“ близначките што ги игра Линдзи Лохан.
„Пазете се од тие близнаци“, напиша Хендрикс.
Актерката Леа Томпсон, поранешна вереница на Квеид, исто така се пошегува на негова сметка на Твитер. "(Савои) имаше 10 години кога бев верена со него. Кога бевме верени, тој имаше 30, а јас 23 години, барем така мислам", напиша Томпсон.
Томпсон и Квеид сепак не се венчаа .
Квеид бил три пати досега во брак- со Кимберли Квеид (2004 до 2018 година), Мег Рајан (1991 до 2001 година) и П. J. Солс (1978 до 1983 година).