Холивудска ѕвезда спаси бебе од превртен автомобил (ВИДЕО) - Канал 5

Холивудска ѕвезда спаси бебе од превртен автомобил (ВИДЕО)

Холивудскиот актер Дени Трехоу беше прогласен за херој откако спаси бебе заглавено во превртен автомобил во сообраќајка во Лос Анџелес.

Холивудска ѕвезда спаси бебе од превртен автомобил (ВИДЕО)

Акторот вели дека видел како мотор поминал на црвено светло на семафорот и удрил во автомобил , кој се превртел на покривот. Во автомобилот имало жена и бебе.

Заедно со уште ена случајна минувачка , актерот го извлекол заглавеното бебе од автомобилот. Тој лазел низ скршениот прозорец за да го откопча бебето од седиштето ,а жената му помогнала за да го извадат неповредено.

Мајката на бебето , иако повредена викала по минувачите за да му помогнат на нејзиното бебе и во тој момнент притрчал актерот и уште една жена.

75 – годишниот актер познат по акционите филмови апелира до возачите да внимаваат како возат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години.

Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години.

Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години.

Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.

Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом.

Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На ГП„Табановце“ презентиран системот на телесните камери за царинските службеници

Системот на телесни камери за царинските службеници,денеска официјално промовиран на Граничниот премин Табановце.

На ГП„Табановце“ презентиран системот на телесните камери за царинските службеници

Утринава на Граничниот премин Табановце беше промовиран системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден како донација преку меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги во рамки на кривичниот оддел при министерството за правда на САД.

Според најавата, воведувањето на системот на телесни камери е дел од активностите насочени кон зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Силна ветеринарна професија значи побезбедна храна, поздрави животни и заштитено јавно здравје

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера се обрати на свеченото отворање на 11. Меѓународен научен собир „Денови на ветеринарна медицина 2026“, што се одржува во Струга во организација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

АХВ: Силна ветеринарна професија значи побезбедна храна, поздрави животни и заштитено јавно здравје

Во своето обраќање директорот ја истакна клучната улога на ветеринарната професија во заштитата на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје, нагласувајќи дека современите здравствени ризици бараат заеднички и координиран пристап на институциите, науката и ветеринарните професионалци.

„Нема јавно здравје без здравје на животните и нема безбедна храна без силна ветеринарна професија. Концептот ‘Едно здравје’ за Агенцијата не е само научен концепт, туку секојдневна обврска“, истакна директорот.

Посебно внимание беше посветено на актуелните епидемиолошки и епизоотиолошки предизвици и на потребата од континуиран надзор, навремено препознавање на ризиците, современа лабораториска дијагностика и брза реакција на терен.

Во ветеринарната медицина времето е фактор на безбедност. Еден навреме препознаен сомнителен случај, точна дијагноза и брза реакција можат да спречат локален проблем да прерасне во сериозна криза, беше нагласено во обраќањето.

Директорот потенцираше дека ветеринарите на терен претставуваат една од првите линии на заштита на јавното здравје. Со спречувањето и контролата на заразните болести тие истовремено ги штитат сточарството и економијата, додека преку контролата на безбедноста на храната и раното препознавање на зоонозите директно придонесуваат за заштита на здравјето на граѓаните.

Како еден од приоритетите беше истакнато и натамошното унапредување на ветеринарниот систем во земјава преку зајакнување на надзорот и дијагностичките капацитети, дигитализација, подобра размена на податоци и континуирано стручно усовршување на ветеринарните професионалци. Во таа насока, беше потенцирано стратешкото партнерство меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, особено во поврзувањето на науката со практиката и носењето одлуки засновани на научни докази и процена на ризик.

„Вложувањето во ветеринарната медицина не е трошок, туку инвестиција во здравјето, безбедноста и економската стабилност на државата. Нашата цел е да градиме систем кој нема само да реагира на кризите, туку навреме ќе ги препознава и ќе ги спречува ризиците“, порача директорот.

На крајот, тој упати благодарност до деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Деан Јанкулоски, до организаторите, научната и академската заедница и до ветеринарните практичари за нивниот придонес во развојот на ветеринарната медицина.

Агенцијата за храна и ветеринарство останува посветена на соработката со науката и ветеринарната професија и на унапредувањето на системот за здравствена заштита на животните и безбедност на храната, во функција на заштита на јавното здравје.

„Да бидеме чекор пред ризиците, затоа што превенцијата денес значи сигурност утре.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер