Шоу бизХоливудска ѕвезда одби да игра во филмски хит , финансиран од саудискиот принцАктерката Скарлет Јохансон ја одби улогата во филмот , во кој требаше да ја игра фоторепортерката Линдзи Адарио , добитничка на Пулицеровата награда, откако дозна дека филмот ќе го финансира и саудискиот принц Мохамед бин Салман.Филмот треба да го режира Ридли Скот и се најавуваше како вистински блокбастер. ,, Скарлет Јохансон рече дека не доаѓа предвид. Поради тој човек се уште трае војната во Јемен . Тој става жени во затвор, изјави славната фоторепортерка Адарио за Њујорк Тајмс. ,, Одлуката беше донесена пред убиството на Кашоги , кога тој стана еден од главните финансиери на филмот. Не сум го запознала лично. Сакаше изгледа да му покаже на Западот дека го интересира Холивуд . Сакам ли тој да биде вмешан во овој филм ? Очигледно не , и фала му на Бога за тоа. “ рече новинарката. Во април Бин салман бил во Холивуд , каде се сретнал со екипата , која се подготвувала за финансирање на филмот. Неговата посета тогаш предизвика масовни протести. Линдзи Адарио и нејзината приказна за воените подрачја во светот , тебаше да биде темата на филмот. Таа била два пати заробена и силувана додека била во затвор во Либија. Филмот сепак ќе се снима без саудискиот принц . Ќе го режира Стивен Спилберг , а во главната улога ќе настапи Џенифер Лоренс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПродолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авионБелата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со авионот „Ер Форс Уан “, попречувајќи ги обврските на телевизиската новинарски пул, што претставува најнова ескалација на судирот меѓу администрацијата и медиумите.Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено до новинарскиот кор во врска со распоредот на Трамп за саботата. Инцидентот се случува една недела откако Трамп, гласен критичар на она што тој го нарекува „медиуми за лажни вести“, им го укина пристапот до Белата куќа на Си-Ен-Ен, МС Нау и „Политико“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Црна хроникаУапсен е 62- годишен педофил од тетовско, кој силувал дете помало од 15 години Лишено од слобода лице од тетовско поради сомнение за силување на дете кое не наполнило 15 години, следува соодветна пријава.На 25.09.2026 во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н.(62) од тетовско село. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИздрогиран возач влета меѓу учесници на протестен марш во Франција- имал причина (ВИДЕО)Триесет и седумгодишен маж со автомобилот удрил во толпа демонстранти во Клермон-Феран, Франција, при што повредил четири лица, соопшти обвинителството за BFM TV.- Во оваа фаза од истрагата не се пронајдени докази за напад, а повредите што ги здобиле повредените се чинат полесни - изјави обвинителот Ерик Серфас. Инцидентот се случил денес околу 11 часот, а според обвинителството, возачот очигледно бил нетрпелив поради бавниот сообраќај и сакал насилно да се пробие и покрај присуството на голем број пешаци кои учествувале во мирниот протест. Une voiture fonce sur le cortège : quatre blessés et une garde à vue à la marche pour le climat, le vivant, la paix et la justice sociale organisée ce samedi 26 septembre à Clermont-Ferrand. ➡️ https://t.co/PXP4jTIBox https://t.co/NM3CNALvHb — La Montagne (@lamontagne_fr) September 26, 2026 Мажот бил веднаш уапсен и приведен за „вооружено насилство“, а бил и тестиран за дрога. CLERMONT-FERRAND : Un individu a foncé sur la foule avec sa voiture lors de la marche pour le climat, faisait cinq blessés. Le conducteur, sous l'emprise de stupéfiant, a été interpellé (procureur de la république / La Montagne). https://t.co/sWLkuBWQZc — Infos Françaises (@InfosFrancaises) September 26, 2026 Обвинителството не прецизираше за која дрога станува збор.Тагови: Франција возач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter