Холивудска актерка во потрага по партнер: Разговарам со сите, од затвореник до чудак - Канал 5

Холивудска актерка во потрага по партнер: Разговарам со сите, од затвореник до чудак

По два неуспешни брака и неколку неуспешни врски, добро познатата американска актерка Шерон Стоун призна дека решила да најде нова љубов преку апликација за запознавање.

Холивудска актерка во потрага по партнер: Разговарам со сите, од затвореник до чудак

Во големото интервју за германскиот магазин Вог, таа рече дека изгледа како преписка преку апликацијата и се пошегува дека е пион во играта кога станува збор за мажи.

„Контактирав со сите, од поранешни затвореници, до социјални измамници кои претпочитаат да поминуваат време со кучиња отколку со луѓе“, рече таа и призна дека во моментот била во кореспонденција со воздухопловен инженер.

Thank you @voguegermany ♥️ and to our incredible team. Posted @withregram • @voguegermany "Wir alle arbeiten von zu Hause aus, und diese VOGUE wurde mit Hilfe unzähliger Videokonferenzen, Telefonate, WhatsApp-Nachrichten fertiggestellt.", schreibt @christianearpvogue im Editorial unserer neuen Mai-Ausgabe. "Es ist ungewohnt, ja, und in manchen Augenblicken auch schwierig, so zu arbeiten. Doch es ist nichts im Vergleich zu den Leistungen jener Menschen, die für uns noch vor die Tür gehen und sich in Gefahr begeben – den ÄrztInnen, PflegerInnen, Supermarkt-KassiererInnen [...]. Ihnen gebühren unser größter Respekt und unsere Dankbarkeit, weil sie unfassbaren Mut haben. Diesen Heldinnen und Helden möchten wir dieses Heft widmen." . Das ganze Editorial lesen Sie schon jetzt im Link in der Bio, das Heft ist ab dem 7.April erhältlich. @SharonStone trägt einen Smoking in Goldmetallic von @dsquared2 und ein weißes Hemd von @prada . . (Fotografin: @lizcollinsphotographer, Frisur: @giannandreahair. Make-up: @missjobaker. Maniküre: @painted_lolly; alle für Forward Artists. Styling: @paris_libby ) #Vogue #SharonStone #Respect #Cover #Respekt

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on

Актерката се осврна и на нејзиниот живот во Холивуд.

„Почнав да ги добивам главните улоги дури откако се соблеков за Плејбој“, рече таа.

„Тоа беше многу мизогиничка ера пред 20 години. Мел Гибсон, кој е три години постар од мене, мислеше дека сум премногу стара за да играм со него“, додаде таа.

И покрај тоа што има 62 години, таа сè уште ја одржува линијата, а открила и дека долго се мачела да го прифати своето тело.

„Во еден период од четириесеттите години, одев во тоалет со шише вино, ќе се заклучев и ќе си кажев себеси да не излегувам надвор додека не го прифатам целосно телото“, призна таа.

Шерон се омажи за сценарист Мајкл Гринбург во 1984 година. Тие беа заедно до 1987 година. Од 1998 до 2004 година беше мажена за новинарот Фил Бронштајн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катица Ќулавкова: Бугарија започна со блокади, затоа што ние самите создадовме услови

Бугарија започна со блокади и таа дискриминирачка улога кон македонскиот јазик, култура и народ, затоа што ние самите создадовме услови, рече академик Катица Жулавкова во гостувањето во Вести Плус. 

Катица Ќулавкова: Бугарија започна со блокади, затоа што ние самите создадовме услови

Бугарија започна со блокади и таа дискриминирачка улога кон македонскиот јазик, култура и народ, затоа што ние самите создадовме услови, покажавме слабости и дека сме подготвени на многу отстапки сами започнавме во сопствената држава да го маргинализираме македонскиот јазик, кој треба да е интегративниот фактор во една држава.

Ќулавкова вели дека општеството е премногу поделено по повеќе основи, неопходно според неа е да се обединат сите партии за тоа што е државен национален интерес независно од нивните политички концепти или етнички принципи. Треба да не поврзуваат идеолошки, развојни, културни принципи, цели и идеали, вели таа, а МАНУ треба да биде повидлива и погласна во однос на клучните проблеми и прашања кои не се чисто политички туку бараат одговор од науката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катица Ќулавкова: Во мигот кога ОН ни поставија дополнителен услов, започна нашата голгота

На денот на осамостојувањето се чувствуваше голема радост и сите ја споделувавме таа радост што Македонија остварува некаков вечен сон.

Катица Ќулавкова: Во мигот кога ОН ни поставија дополнителен услов, започна нашата голгота

На денот на осамостојувањето се чувствуваше голема радост и сите ја споделувавме таа радост што Македонија остварува некаков вечен сон, радоста значеше дека македонскиот народ и знаеше да го процени историскиот миг дека со кој се заокружува еден процес на легитимирање на нацијата со државата, изјави академик Катица Ќулавкова во вечерашното издание на „Вести плус“.

Со самото наше барање да бидеме признати од ООН, во мигот кога ни поставија дополнителен услов, започна нашата голгота и таа трае до денес. Тогаш го направивме првиот исклучок, нешто што се рефлектира денес и за ЕУ, со многупати променет Устав, оценува Ќулавкова.

Според неа, Бугарија започна со блокади и таа дискриминирачка улога кон македонскиот јазик, култура и народ, затоа што ние самите создадовме услови, покажавме слабости и дека сме подготвени на многу отстапки сами започнавме во сопствената држава да го маргинализираме македонскиот јазик, кој треба да е интегративниот фактор во една држава.

Ќулавкова вели дека општеството е премногу поделено по повеќе основи, неопходно според неа е да се обединат сите партии за тоа што е државен национален интерес независно од нивните политички концепти или етнички принципи. Треба да не поврзуваат идеолошки, развојни, културни принципи, цели и идеали, вели таа, а МАНУ треба да биде повидлива и погласна во однос на клучните проблеми и прашања кои не се чисто политички туку бараат одговор од науката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младиот битолчанец Михаил Николовски спаси семејство од Бугарија на плажа во Грција

Вистинска драма денеска се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде силните бранови однеле тричлено семејство од Бугарија.

Младиот битолчанец Михаил Николовски спаси семејство од Бугарија на плажа во Грција

Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал битолчанецот Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море и, според сведоштвото на неговото семејство, најпрво ја извлекол жената, потоа детето, а на крај и таткото.

По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле Михаил со силен аплауз.

Веста за храбриот Михаил ја пренесоа повеќе медиуми од регионот, со пофалби за потегот на младиот Македонец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер