Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
1Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
Шоу бизХоливудка актерка со шокантна објава: Жртва сум на семејно насилство (ВИДЕО)Ѕвездата на серијата ,,Supergirl” вeли дека е жртва на семејно насилство и дека поранешниот партнер ја тепал , влечел по земја за коса и и го скршил носот.Американската актерка Мелиса Беноист (31), позната по улогата во серијалот „ Supergirl “ во која ја глуми Кару Данверс и, во средата објави на Инстаграм дека поранешниот партнер ја злоупотребил, јави Скај Њуз. Беноист ја објави својата тажна приказна во 14-минутно видео кое е насловено „Животот не е секогаш како што изгледа“, но не го именуваше насилникот. Актерката, која од септември годинава е во брак со својот колега од Supergirl , актерот Крис Вуд изјави дека нејзиниот поранешен партнер бил дарежлив и шармантен човек. "Тој беше полн со хумор, манипулативен и предавнички. Беше помлад од мене, но очигледно зрел. По некое време, не ме интересираше. Јас бев надвор од врската и го барав својот пат во животот", раскажа Беноист. Актерката изјави дека злоупотребата во почетокот била емотивна и дури подоцна станала физичка. Беноист изјави дека нејзиниот партнер ја контролирал во толкава мерка што и кажувал како да се облекува и дека ја присилувал да ја смени облеката пред излезе од дома. Таа додаде дека тоа влијаело на нејзината кариера затоа што ги одбивала улогите затоа што нејзиниот партнер бил љубоморен на актерите со кои работела. Беноист раскажува дека со месеци трпела физичка злоупотреба. „Ужасна вистина е што научив што значи кога некој ве удира по подот и постојано ви удара шлаканици, кога ве погодува толку силно што ви го избива воздухот од градите, кога ве влече по тротоарот за коса, кога ве удира по главата, кога ве удира толку силно што мислиш дека ти пука кожата, кога те гуши и кога толку силно те турка во ѕидот што пука малтерот , брзо научив дека не треба да се заклучувам во просторијата затоа што вратата ќе се сруши. Научив да не го ценам својот имот , да не се ценам себеси “, рече актерката. Беноист изјави дека насилникот еднаш га погодил со мобилен телефон во главата. Овој напад резултираше со скршен нос и тешка повреда на окото. "Од ударот ми беше повреден ирисот, скоро ми го прободе окото и ми го скрши носот. Областа околу левото око се зголеми до тој степен што ми го затвори окото. Усната ми беше отечена. Мојот вид никогаш нема да се подобри заради тоа". додаде таа. Актерката вели дека нејзиниот партнер започнал да ја злоставува после пет месеци во врска и дека се започнало кога еднаш и фрлил сок во лицето. "Процесот на заздравување ме донесе до овој момент и се чувствувам доволно силно да зборувам јавно за моето искуство . Искрено и без срам. Се надевам дека со мојата приказна ќе ги мотивирам другите да бараат помош и да ги напуштат насилните партнери. Никој не го заслужува тоа", објасни таа. „Преживеав семејно насилство. Никогаш не помислив дека ќе го изговорам ова“. View this post on Instagram A post shared by Melissa Benoist (@melissabenoist) on Nov 27, 2019 at 11:30am PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВо организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во СкопјеФилхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис. Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени. „Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади. Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување. „Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28