Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
Шоу бизХоливуд шокиран од нејзината судбина: Актерката доживеала големи ужаси во детствотоУбавото лице крие страшна тајна.Американската актерка Ешли Џад, која се прослави со холивудските хитови „Колекционер“ и „Двојна опасност“, во почетокот на годината стана амбасадор на добра волја во ОН. Сепак, зад убавото лице, успешната кариера и политичкиот ангажман се крие една сосем друга личност која во животот поминала низ пекол. Ешли (48) во 2011 година објави книга за својот живот под називот „All That Is Bitter and Sweet", а во неа открива дека била жртва на сексуално насилство. Ја злоставувал постар човек додека била дете, силувана била како тинејџерка, а била и жртва на сексуално насилство од роднина на чие име се сетила дури после психотерапијата. Родителите на актерката се развеле кога имала само четири години, а веќе на седум годишна возраст станала депресивна. Набргу за прв пат станала жртва на злоставување, а кога им раскажала за тоа на најблиските, никој не и верувал. Од мала била изложена на бројните физички пресметки на нејзината мајка со нејзините партнери. Наоми имала и пиштол со кои Ешли понекогаш си играла, а дури се пробала и во руски рулет. До својата осумнаесетта година променила дури 13 училишта и се чувствувала непожелно и несакано. Додека била во средно училиште победила на еден натпревар за манекенки каде освоила двомесечни договор за работа во Јапонија. Се понадевала дека тоа е можност да се извлече од бедата и да почне одново. Меѓутоа, за време на патувањето била изложена на неморални понуди од менаџерите задолжени за организацијата, а еден манекен се обидел да ја натера на орален секс. Ешли и покрај сите потешкотии се одлучила да продолжи понатаму, а едно од нејзините приоритети било и образованието. Дипломирала на универзитетот во Кентаки, па се преселила во Холивуд каде остварила завидна кариера. Лузните со години ги скривала од јавноста, а дури по наговор на тогашниот сопруг Дарио Франчити се одлучила да го разоткрие своето страшно минато и на тој начин да се ослободи од болката која ја прати од детството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо филмот „Фантази“ и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ КиненоваСо филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова.Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027) Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање. Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети: Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина. Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз. Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.Тагови: МФФ Киненова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: Македонски Брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затвореницитеДенес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Државна изборна комисијаТагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter