Холандски репрезентативец е обвинет за обид за убиство, му се закануваат 3 години затвор - Канал 5

Холандски репрезентативец е обвинет за обид за убиство, му се закануваат 3 години затвор

Државното правобранителство на Холандија поднело обвинение против Квинси Промес, кој е осомничен дека на семејна веселба пред нешто повеќе од една година го избодел со нож коленото на својот братучед.

Холандски репрезентативец е обвинет за обид за убиство, му се закануваат 3 години затвор

Фудбалерот на Спартак Москва и холандски репрезентативец се соочуваат со казна затвор до три години доколку се докаже вината, која ја отфрлил со презир. Промес го нападнал својот братучед под дејство на алкохол, бидејќи наводно украл пари и накит од трет член од нивното семејство. Еден роднина го пријавил дури неколку месеци подоцна, поради што Промес поминал неколку дена во притвор.

По излегувањето од затвор рече дека невиноста ќе ја докаже на суд, но се уште не се знае кога ќе биде закажано првото рочиште. Промес беше во холандскиот состав на ЕП, а играше и во 2. коло против Австрија и во осминафиналето против Чешка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај!

Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај!

Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски.

Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе.

За скопјани, такво место е Камениот мост.

Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот.

Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост.

Вечерва, таа гордост повторно блеска!

Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот.

Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме!

Токму таа убавина сме должни да ја чуваме.

Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела.

Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас.

Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер.

Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите - така се гради пријателство што остава трага.

Од срце им благодарам на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот.

Заедно испишуваме уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција.

Камениот мост опстојувал со векови.

Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост.

За Скопје што го носиме во срцето.

За Скопје што им го оставаме на нашите деца.

Работиме, обновуваме и оставаме дела!

Скопје се сака со дела! , објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мотоциклот на Бетмен оди на аукција, проценет е на 1,07 милион евра

Мотоциклот што се користел како возило на Бетмен во филмовите „Темниот витез“ и „Враќањето на темниот витез“ е понуден на аукција за филмски реквизити.

Мотоциклот на Бетмен оди на аукција, проценет е на 1,07 милион евра

Мотоциклот што се користел како возило на Бетмен во филмовите „Темниот витез“ и „Враќањето на темниот витез“ е понуден на аукција за филмски реквизити и се очекува да се продаде за дури 900.000 фунти, или околу 1,07 милиони евра.

Мотоциклот, познат како Бетпод, го користел Кристијан Бејл, кој го играл Бетмен во филмовите на Кристофер Нолан „Темниот витез“ од 2008 година и „Враќањето на темниот витез“ од 2012 година, објавува CNN.

Беше ставен на аукција од куќата „Пропстор“.

Режисерот и основач на аукциската куќа, Стивен Лејн, изјави дека мотоциклот, познат и како „Ѕверот“, го дизајнирал Нолан заедно со сценографот Натан Кроули, додека за неговата конструкција бил задолжен уметникот за визуелни ефекти, добитник на Оскар, Крис Корволд.

Бетподот е напојуван од мотор на Хонда од 750 кубни сантиметри и е опремен со гуми со дијаметар од дури 80 сантиметри.

Лејн рече дека создавањето мотоцикл што практично би можел да функционира на филмски сет е голем технички предизвик и за актерите и за каскадерите.

Шест „Бетподи“ се направени, но само еден е официјално одобрен за продажба надвор од студијата „Ворнер Брос“.

Онлајн лицитацијата започна вчера и ќе заврши на 4 декември за време на аукција во живо во Лондон.

„Бетпод“ се продава заедно со стотици други филмски сувенири, вклучувајќи два комплетни костими на Бетмен, едниот што го носеше Бејл во филмот од 2005 година „Бетмен почнува“, а другиот што го носеше Вал Килмер во филмот од 1995 година „Бетмен засекогаш“.

На аукцијата ќе бидат вклучени и шапка и кошула што ги носеше каскадерот Вик Армстронг во филмовите од 1984 година „Индијана Џонс и храмот на пропаста“ и „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ од 1989 година, како и меч што го користеше Кит Харингтон како Џон Сноу во серијата „Игра на тронови“.

Меѓу предметите е и ракавицата на Фреди Кругер, која достигна минимална цена од 25.000 фунти, или околу 30.000 евра, само неколку часа по почетокот на аукцијата.

Повеќе од 100 предмети ќе бидат изложени во хотелот „Камберленд“ во Лондон од 19 до 22 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија на Задушница во Србија: Жена палела свеќи, паднала и починала

Денеска во селото Зебинце во близина на Владичин Хан се случила несреќа, по што кратко потоа починала жена, С. М. (65). 

Трагедија на Задушница во Србија: Жена палела свеќи, паднала и починала

Таа отишла на Задушница на гробиштата во планинското село Зебинце, објави Телеграф.

Според Љиљана Петровиќ, дежурна јавна обвинителка во Владичин Хан, С. М. се лизнала додека палела свеќи на гробиштата и зграпчила споменик кој се скршил и паднал на нозе.

„Пристигнала брзата помош и, како што бевме информирани, таа се пожалила на болки во грбот. Таа била пренесена од Здравствениот дом до Одделот за прием и тријажа во Врање, а оттаму во Ниш. Сепак, за жал починала на пат кон Ниш“, изјави Љиљана Петровиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер