Холандска фризерка одржува социјална дистанца зад чадор (ВИДЕО)

Снаодлива холандска фризерка најде начин да држи социјална дистанца и да работи за време на пандемијата на коронавирус.

Снимката, направена во салонот Бела Роса во градот Ос во Холандија, на која се покажува нејзината необична, но сомнителна заштита, стана хит на Фејсбук, каде што заработи повеќе од 2,8 милиони прегледи за една недела.

Краткиот клип го споделија повеќе од 90.000 луѓе и многумина беа полни со пофалби за генијалноста на жената. Иако имаше некои кои ја критикуваа, повеќето се насмеаја . „Ни требаш“, беше една од реакциите. Погледнете како изгледа ова во пракса.

притисни ентер