Хок: Присуството на Ѓоковиќ во Австралија ќе ги зголеми антиваксерските чувства во земјата

Господин Ѓоковиќ е личност со статус и влијание. 

„Верувам дека продолженото присуство на Новак Ѓоковиќ во Австралија може да доведе до зголемување на антиваксерските чувства во австралиското општество, што може да доведе до јавно незадоволство, како што беше забележано во протестите, што самите се извор за ширење на вирусот", се наведува во ставот на австралсикиот министер за имиграција, Алекс Хок, кој вчера одлучи по вторпат да му ја укине визата на српскиот тенисер.

Хоук детално ја објасни мотивацијата за ваквата своја повторена одлука.

„Господин Ѓоковиќ е личност со статус и влијание. Со оглед на неговото однесување по позитивниот тест за Ковид-19 и неговите јавни изјави, како и неговиот невакциниран статус, верувам дека неговото натамошно присуство во Австралија може да ги охрабри другите луѓе да ги игнорираат насоките и политиките за јавно здравје на земјата", рече Хоук во изјавата.

Министерот додаде дека е можно одземањето на визата на Ѓоковиќ да влијае врз идната желба на Србинот да влезе во земјата за да учествува на турнири.

Според законот, на Ѓоковиќ може да му биде забранет влез во Австралија во следните три години.

Од своја страна, адвокатскиот тим на Ѓоковиќ возврати дека Хоук применил „нелогичен, ирационален и неоправдан" пристап кон интересот на јавното здравје.

„Министерот не обезбеди докази за да го поддржи неговото тврдење дека присуството на Ѓоковиќ во Австралија би можело да ги засили антиваксерските чувства", наведуваат адвокатите на првиот тенисер во светот.

Европскиот парламент има нова претседателка на местото на починатиот Сасоли

Новата претседателка на Европскиот парламент е Малтежанката Роберта Мецола, која победи во првиот круг од изборите со 458 гласови.

„Давид Сасоли беше борец, тој се бореше за Европа, за нас, за овој парламент“, рече Мецола на почетокот на својот победнички говор, додавајќи дека ќе продолжи да оди по тој пат.

Таа им порача на европратениците дека Европскиот парламент мора да ги напушти Стразбур и Брисел и да се доближи до сите европски градови, да ја поддржи Конференцијата за иднината на Европа и да обезбеди успех на овој демократски проект. „Треба особено да ги слушаме младите“, рече Мецола, бидејќи 2022 година е европска година на младите.

Таа повика на заедничка борба против климатските промени.

„Треба да му покажеме на остатокот од светот дека борбата против климатските промени е нашата заедничка судбина“, рече новата претседателка на ЕП, додавајќи дека е можно истовремено да се зачува животната средина и да се зајакне економијата.

Мецола е третата жена што го води ЕП по Симона Веил (1979-1982) и Никол Фонтен (1999-2002). Таа е во Европскиот парламент од 2013 година, а во 2004 година како студент ја водеше кампањата за прием на Малта во ЕУ. Во трката за претседател на ЕП, Швеѓанката Алис Кунке освои 101 глас, а Шпанката Сира Рего од Клубот на левицата освои 57 гласа од 705 пратеници во Европскиот парламент.

Италијанскиот социјалист Сасоли, претходникот на Мецола на чело на парламентот, почина на 11-ти јануари во болницата во Авијано, каде што бил хоспитализиран од 26-ти декември „поради тешки компликации од дисфункција на имунолошкиот систем“.

„Недела неработен ден“ пред Уставен, ССМ се заканува со штрајкови

Сојузот на синдикатите се заканува со штрајкови и протести, доколку на Уставен падне Законот за недела неработен ден.

Претседателството на ССМ одржало вонреден состанок по информацијата дека Стопанската комора на Македонија ги оспорила измените на Законот, со образоложение дека тие се спротивни на слободата и пазарот на претприемништво.

Од Стопанската комора бараат сопственикот на компанијата да има право сам да одлучува дали фирмата ќе работи или не, а од друга страна да се зголемат инспекциските контроли во однос на контролата за плаќање на зголемените дневници за работа во недела. Нема информација кога Уставниот суд ќе одлучува за иницијативата..

Рот: Бугарија да ги спроведе пресудите на ЕСЧП и да признае македонско малцинство

Средбата мегу Ковачевски и Петков ја поздрави и поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник во германскиот Бундестаг Михаил Рот.

Тој на неговиот официјален Твитер профил напиша дека Бугарија конечно треба да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и „да признае македонското малцинство во Бугарија“.

Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“, напиша Рот на Твитер.

притисни ентер