Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра
2Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра
3СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски
АвтомобилизамХјундаи развива два електрични модела со цена под 20.000 евра (ФОТО)Минатиот месец Hyundai потврди дека развива електричен модел за европскиот пазар со почетна цена под 20.000 евра. Сега дознаваме дека постои уште еден модел.Токму така, Hyundai планира да лансира два евтини модели на пазарот, веќе во втората половина на следната година. Како што дознава британскиот Autocar, еден од двата новитети доаѓа како директен наследник на моделот i10. Тој градски модел ќе се натпреварува на пазарот со претстојните електрични деца од групацијата VW, која ги вклучува Volkswagen, Skoda и Cupra. Сите тие наводно ќе стартуваат со цена пониска од 20.000 евра. Се претпоставува дека едниот од двата новитети на Hyundai ќе биде естетски сличен на актуелниот i10, додека другиот наводно ќе оди во насока на моделот Casper, минијатурен кросовер кој неодамна беше лансиран на корејскиот пазар. Погонот е планиран во форма на интегриран модул, односно т.н iDM, кој ќе биде испорачан од BorgWarner. Актуелната понуда оди до 184 КС, па се претпоставува дека градските мали автомобили ќе добијат поскромни изданија, а токму N верзијата би можела да има погон со гореспоменатата моќност. Покрај овие два новитети, Hyundai планира да лансира дури 10 електрични модели на европскиот пазар до 2030 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаОбраќање на претседателот Гаши на Дебата со средношколци и пратенициЌе започнам со едно прашање што многу често ми го поставуваат во изминативе две години: Кој е најголемиот предизвик да се биде претседател на Собранието? Почитувана амбасадорке на Обединетото Кралство, Ваша Екселенцијо, г-ѓа Маја Сивањанам, Почитувани претставници на Институтот за комуникациски студии, Почитувани пратеници, Драги млади, Ќе започнам со едно прашање што многу често ми го поставуваат во изминативе две години: Кој е најголемиот предизвик да се биде претседател на Собранието? Секогаш велам дека одговорот на ова прашање не е едноставен, бидејќи оваа одговорност подразбира бројни предизвици, но несомнено еден од најголемите е поврзан со начинот на кој нашите постапки и изјави се комуницираат, толкуваат и перципираат во јавниот простор. Во време кога вниманието на јавноста сè почесто го привлекуваат негативните вести, кога една изјава може да биде извадена од контекст, да биде протолкувана поинаку од она што навистина било кажано, па дури и да биде искривена, станува сè потешко граѓаните да направат јасна разлика меѓу објективните информации и нивните толкувања, како и меѓу фактите и обидите за манипулација. Се разбира, не го започнав ова обраќање за да зборувам за моите предизвици како претседател, туку за да ја истакнам важната улога што ја има точното и објективно информирање во разбирањето на реалноста и во развојот на демократијата. Затоа што денес се соочуваме со еден парадокс: имаме повеќе информации на располагање од кога било досега, но тоа не значи дека поседуваме и повеќе знаење, будност и способност за критичко расудување. Младите се особено изложени на влијанието на дигиталниот простор, бидејќи социјалните мрежи одамна не се само средства за комуникација и забава, туку и важни извори на информации и обликување на нивните ставови. Затоа, заштитата од дезинформации, во суштина, е заштита на демократијата и на нашата слобода да расудуваме независно. Токму тука започнува значењето на медиумската писменост и суштината на денешната дебата. Целта не е да им кажеме на младите што да мислат, туку да ги оспособиме самостојно да размислуваат; да не им определуваме кому да веруваат, туку да ги оспособиме како да ја проценуваат веродостојноста на една информација. Една од првите поуки во оваа насока ја наоѓаме во учењето на кинескиот филозоф Конфучие: „Да не им веруваме на зборовите без претходно да ги провериме и да не заземаме страна пред внимателно да размислиме”. Драги млади, Вие кои сакате да го промените светот, системот и општествените неправди, запомнете: не можеме да промениме нешто за кое не сме целосно свесни, а целосна свесност стекнуваме единствено преку целосното информирање. Во духот на Џон Лок: „Оној што суди без да биде информиран од сите можни извори, неизбежно е да донесе погрешни заклучоци“. Затоа, не ја мерете вистината според бројот на позитивните реакции, не ја мешајте популарноста со веродостојноста и не дозволувајте брзината на информациите да ја замени длабочината на вашето размислување. Застанете, прашувајте, проверувајте и барајте аргументи. Дури и разумното сомневање, кога нè води кон вистината, е знак на слободен ум. Затоа што на едно демократско општество не му се потребни граѓани кои веруваат или критикуваат сè, туку граѓани кои знаат правилно да расудуваат и критички да размислуваат. Собранието, во оваа насока, има важна улога. Како дом на сите граѓани и институција во која тие се претставени, тоа треба да биде пример за транспарентност, аргументирана дебата и отчетност. Исто така, сметам дека Собранието треба да биде отворена врата за општеството, особено за младите, кои не се само носители на иднината, туку и активни чинители на сегашноста. Токму затоа, особено ми е драго што заедно со Британската амбасада, Институтот за комуникациски студии и Клубот на млади пратеници, преку овој настан придонесуваме оваа способност да се негува, да се заштитува и да стане дел од нашата демократска култура. Нашата заедничка обврска е да создадеме услови младите да стекнуваат знаења, да развиваат критички пристап и да имаат доверба во сопственото расудување. На нашата држава ѝ се потребни млади луѓе кои знаат да ги преиспитуваат работите, одговорно да дејствуваат во општеството и да имаат капацитет да придонесуваат кон позитивни промени и напредок на државата. Ќе го завршам моето обраќање со цврсто уверување дека: „Вистинската слобода не се состои само во правото да го изразиме тоа што го мислиме, туку и во способноста слободно да размислуваме пред да поверуваме во она што ни се кажува и да станеме робови на дефиницијата на реалноста што ни ја наметнува некој друг“. Ви благодарам и ви посакувам плодна дискусија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„McLaren“ подготвува нов суперавтомобил, а првата трага се појави на неочекувано местоСе шпекулира дека новиот „McLaren McL 820“ ќе пристигне како наследник на моделот „750S“.„McLaren“ би можел да го претстави наследникот на својот суперавтомобил „750S“ уште следната година – иако производството на „750S“ моментално е планирано да продолжи до 2027 година. Можното име на новиот модел беше откриено сосема случајно, благодарение на скулптура од птицата киви, изложена во лондонскиот „Covent Garden“. Кивито е традиционален симбол за „McLaren“, поврзан со новозеландското потекло на основачот на компанијата, Брус Мекларен. Сепак, токму ознаката „McL 820“ – испишана со портокалови букви на скулптурата – го привлече вниманието на списанието „Autocar“. Доколку овие претпоставки се покажат како точни, името би можело да укажува на нов суперавтомобил со приближно 820 коњски сили – околу 70 коњски сили повеќе од сегашниот модел „750S“. Се очекува новиот „McLaren“ да биде опремен со „V8“ мотор со два турбополначи, за разлика од „V6“ моторот кај „Ferrari 296 GTB“, кој развива 830 коњски сили. Сепак, компанијата сè уште официјално нема потврдено ниту името, ниту техничките спецификации на новиот модел. Нова ознака и враќање на мануелниот менувач Префиксот „McL“ веќе се појави кај моделот „McL 6GT“ – суперавтомобил од ограничена серија со цена од приближно 1,5 милиони долари. Овој модел исто така привлече внимание бидејќи поседува мануелен менувач – прв од ваков вид во понудата на „McLaren“ уште од легендарниот модел „F1“ од 1990-тите години. Промените во компанијата опфаќаат повеќе од само нови модели и ознаки. „McLaren“ сега е во сопственост на инвестицискиот фонд „L'imad“ со седиште во Абу Даби и поминува низ поширока корпоративна реорганизација. Исто така, постојат планови за развој на „SUV“ возило, дизајнирано да им конкурира на модели како „Lamborghini Urus“ и помоќните верзии на „Porsche Cayenne“. Понатаму, „McLaren“ има намера да изгради втора фабрика во Обединетото Кралство и да започне со производство на сопствени мотори, со што ќе стави крај на досегашната зависност од компанијата „Ricardo“. Засега, „McL 820“ останува неофицијална можност, но еден детаљ на скулптура во Лондон поттикна шпекулации во врска со следното големо ново издание на „McLaren“. Извор: Б92Тагови: McLaren Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТен Хаг: Испаѓањето на Манчестер Ј. од Премиер лигата не е невозможно сценариоИспаѓањето на Манчестер Јунајтед од Премиер лигата не е невозможно сценарио, смета поранешниот тренер на англискиот гигант, Ерик тен Хаг.Испаѓањето на Манчестер Јунајтед од Премиер лигата не е невозможно сценарио, смета поранешниот тренер на англискиот гигант, Ерик тен Хаг, кој предупредува дека кризата на „Олд Трафорд“ би можела да добие сериозни размери доколку тимот продолжи да бележи лоши резултати. Холандскиот стручњак, кој помина две и пол години на клупата на Јунајтед, истакна дека квалитетот на клубовите во англиското првенство е толку изедначен, што ниту еден тим не е безбеден од борбата за опстанок. – Во Премиер лигата тоа е секако можно, бидејќи сите тимови се едноставно многу силни. Имаат квалитетни состави и добри тренери. Ако еднаш завршите на погрешната страна и западнете во маѓепсан круг, ситуацијата може да стане навистина многу тешка – изјави Тен Хаг во интервју за „ESPN“. Манчестер Јунајтед се наоѓа во сериозна резултатска криза и моментално е веднаш над зоната за испаѓање. Иако до крајот на сезоната има уште многу натпревари, позицијата на еден од најтрофејните англиски клубови предизвикува сè поголема загриженост. „Црвените ѓаволи“ не испаднале од највисокото ниво на англискиот фудбал уште од 1974 година, но продолжувањето на слабите резултати би можело да ја загрози и таа традиција. Сепак, Тен Хаг ја искористи можноста да се осврне на својот престој на „Олд Трафорд“, истакнувајќи дека неговиот тим постигнал многу добри резултати и покрај бројните проблеми. – Сметам дека завршивме повеќе од добра работа со Јунајтед. Тешко дека можевме да направиме многу подобро. Пред нашето доаѓање, клубот немаше освоено трофеј шест години, а ние игравме на „Вембли“ шест пати, стигнавме до две финалиња во ФА Купот, освоивме два трофеја и завршивме на третото место. Тој призна дека за време на неговиот мандат имало и тешки периоди, но потсети на високите барања во Премиер лигата и конкуренцијата со која се соочува секој клуб. Тен Хаг доби отказ во октомври 2024 година, по што Манчестер Јунајтед продолжи со потрагата по стабилност.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter