Хјундаи пред затворање на главната фабрика поради недостиг на чипови - Канал 5

Хјундаи пред затворање на главната фабрика поради недостиг на чипови

Јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи планира привремено да го прекине производството во главната фабрика во близина на градот Улсан поради недостиг на чипови, објавија денеска медиумите.

Хјундаи пред затворање на главната фабрика поради недостиг на чипови

Компанијата посочува дека сеуште не е донесена конечна одлука за прекин на производството.

Производството ќе биде прекинато од 5 до 13 април, објави денеска Korea Economic Daily.

Фабриката произведува 311 000 возила годишно, вклучувајќи ги електричните автомобили Кона и Ионик 5, потсетува Ројтерс.

Хјундаи, сепак, не ги потврдил ваквите планови за Ројтерс.

„Одлуката за привремено затворање на фабриката, за која известуваа медиумите, не е донесена“, се вели во соопштението на Хјундаи.

Според корејскиот весник, производството во фабрика во близина на Улсан е прекинато поради проблеми со снабдување со чипови и електрични модули.

До неодамна, Хјундаи немал проблеми поради недостигот на чипови, главно поради доброто надополнување на залихите, но на крајот им се придружи на другите автомобилски компании кои што се принудени да го запрат производството поради недостиг на специјалните чипови.

Минатата недела, Хонда Мотор и Џенерал Моторс објавија дека ќе го продолжат прекинот на производството во фабриките во Северна Америка, наведувајќи го недостатокот на чипови меѓу една од причините.

Недостатокот е предизвикан од голем број фактори, вклучително и прекинот на фабриките, големата побарувачка за лаптопи и таблети и санкциите против кинеските технолошки компании, што го потресоа електронскиот сектор од декември минатата година.

Во почетната фаза, недостигот главно влијаеше на автомобилската индустрија, но набрзо се прошири на производството на широк спектар на електроника за широка потрошувачка, вклучително и паметни телефони и производството на бела техника.

Недостатокот го влоши пожарот во фабриката на јапонскиот производител Ренесас, кој држи 30 проценти од глобалниот пазар за чипови за специјални намени, што се користат во автомобилите.

Компанијата денеска потврди дека штетата предизвикана од пожарот во фабрика во близина на градот Нака е поголема отколку што првично проценувале.

Ренесас првично објавил дека пожарот уништил 11 машини, потсетува Ројтерс.

Според јапонскиот весник „Никеи“, сега се претпоставува дека бројот на машини кои не се во функција е за половина поголем.

Портпаролката на Ренесас не ги потврдила написите за бројот на оштетени машини, додавајќи само дека компанијата ќе даде изјава за штетата до вторник.

Тие неодамна најавија дека ќе им треба најмалку еден месец за да започнат со производство на полу-спроводнички наполитанти од 300 мм во фабриката каде избувна пожарот, но дека може да потрае и до неколку месеци за да се заменат уништените машини.

Јапонската влада неодамна се приклучи на напорите да се продолжи со производството што е можно поскоро, повикувајќи ги домашните и странските компании да и помогнат на изгорената фабрика со делови и машини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер