Поставен во опсегот на нововоспоставената под-бренд Ioniq, новиот Ioniq 5 на новата платформа E-GMP, носи комплетно нов израз на дизајнот, барем кога станува збор за сегашниот истоимен модел (Ioniq).

Презентациите на најавите покажуваат врска со претходниот концепт Hyundai 45, но и со дизајнерската насока поттикната од Tucson, која вклучува т.н. параметарски пиксели со повеќе извори на светлина. Дневните светла се во форма на буквата У.

Ioniq 5 е поставен на 20-инчни тркала со атрактивен дизајн, додека сите тркала ќе бидат погонски. E-GMP предвидува поставување на батеријата во подот и електричен погон одзади, но тука е додаден преден електричен мотор. Ова носи подобри перформанси, а најавено е дека полнењето на брзи полначи од само пет минути ќе биде доволно за опсег од 100 километри. Вкупниот дострел со над 300 КС моќен погон ќе биде минимум 450 км. Интересно, неговиот погон ќе има и генераторска функција, така што ќе може да биде извор на електрична енергија од 3,5 kW и напон од 220 V.