Хју Грант распали по британскиот премиер (ВИДЕО) - Канал 5

Хју Грант распали по британскиот премиер (ВИДЕО)

Холивудскиот актер и оскаровец , Хју Грант со најостри пцовки и навреди се обрати до премиерот на Британија , Борис Џонсон.

Хју Грант распали по британскиот премиер (ВИДЕО)

Илјадници жители на Лондон вчеравечер протесџтираа против одлуката на премиерот Борис Џонсон да го суспендира Парламентот до 14. октомври.

Додека Џонсон негира дека го суспендирал Парламентот за да ја спречи дебатата за Брегзит, малкумина веруваат во него. Меѓу нив е актерот Хју Грант, кој го изрази своето незадоволство од премиерата на Твитер.

"Вие нема да се за..авате со иднината на моите деца. Вие нема да ги уништите слободите за кои се борел дедо ми во двете светски војни. Од..и, ти претерано промовирана гумена играчко. Британија е револтирана од вас и вашата мала група префекти мастурбатори", остро напиша Грант.

Многумина беа воодушевени од неговата реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план

Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план.

Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план

Со години гледаме како мал дел на корумпирани судии и обвинители работеа под принципот за едни законот да важи веднаш, а за луѓето на СДС и ДУИ, предметот да заврши поинаку.

На судиите и обвинителите кои мислат дека и понатаму можат да одработуваат за старите центри на моќ, треба да им биде јасно дека времето на СДС и ДУИ заврши, а мора да заврши и времето на нивната заштита во правосудството.

Македонија заслужува независно судство и обвинителство, а не политички бастион.

Не може за случајот со модуларната болница да нема виновници. Не може за случајот Ласкарци да се укине пресудата. Не може за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, да нема ниту истрага.

Токму затоа довербата во правосудството е на дното.

А правда мора да има. Одговорност мора да има и законот мора да важи еднакво за сите.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Toyota“ развива начин автомобилите да го фотографираат она во што гледате

„Toyota“ патентираше интересен систем кој во иднина би можел да му овозможи на автомобилот автоматски да го фотографира она во што гледа возачот.

„Toyota“ развива начин автомобилите да го фотографираат она во што гледате

Технологијата користи камера во кабината за да ги следи лицето и движењата на очите на возачот; потоа ја одредува линијата на неговиот поглед и ја насочува едната или повеќето надворешни камери на автомобилот кон објектот што му го привлекол вниманието.

Патентот, насловен „Системи и методи за снимање информации за патната сцена релевантни за возачот“, опишува систем што поврзува внатрешна камера – насочена кон главата и очите на возачот – со камерите на надворешноста на возилото. На пример, ако возачот погледне кон интересен автомобил покрај патот и каже „сликај го тоа“ или притисне копче на воланот, компјутерот на возилото одредува каде гледа тој и ја избира соодветната камера за да ја сними фотографијата.

Фотографијата не би се зачувувала во самиот автомобил, туку би се испраќала на поврзан мобилен уред. Ова значи дека возачот би можел да ги држи двете раце на воланот и да ги прегледа фотографиите подоцна, откако безбедно ќе запре, пренесува „Autoblog“.

Патентот на „Toyota“ исто така прикажува и понапредни можности на системот. На пример, автомобилот би можел да ги користи информациите за интересите на возачот за да предвиди што тој би сакал да фотографира. Еден наведен пример е можноста возачот да даде претходно зададена инструкција, како на пример: „Ако видиш класичен автомобил во моја близина, фотографирај го“.

Ваков систем би можел да биде особено корисен бидејќи би ја елиминирал потребата возачот да посегнува по телефонот додека вози за да фотографира нешто покрај патот. Наместо да се обидува истовремено да го следи сообраќајот и камерата на телефонот, возачот едноставно би гледал кон објектот и би му дал команда на автомобилот. Сепак, засега станува збор само за патент, па нема потврда дека „Toyota“ планира навистина да ја воведе оваа технологија во сериските возила. Патентот го илустрира концептот и потенцијалното функционирање на системот, но сам по себе не гарантира дека технологијата ќе се појави во идните модели на „Toyota“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Нова технологија за поефикасен инспекциски надзор

  Општина Карпош продолжува да ги унапредува своите капацитети преку воведување на современи технологии во секојдневното работење. 

О. Карпош: Нова технологија за поефикасен инспекциски надзор

Во таа насоја, четворица вработени во општинската администрација успешно ја завршија обуката за управување со беспилотни летала (дронови), при што се стекнаа со сертификати за управување со ВБЕ (воздухоплов без екипаж). Сертификати за управување со беспилотно летало добија Душко Андонов и Жарко Радически, општински градежни инспектори, Јованче Цветановски, вработен во Одделението за екологија и енергетска ефикасност, и Саше Трајковски, камерман.

Со успешно завршената обука, дронот е ставен во употреба во рамки на Секторот Инспекторат и истиот ќе претставува значајна технолошка алатка за поефикасно, побрзо и попрецизно вршење на инспекцискиот надзор на терен. Неговата употреба ќе овозможи полесно согледување на состојбите на тешко достапни локации, визуелна документација на теренот, како и подобар увид во конкретни ситуации при спроведувањето на инспекциските постапки. Дронот ќе им биде достапен на сите инспектори во Секторот Инспекторат кои имаат потреба од ваков вид теренски надзор, а согласно потребите, неговата примена ќе може да се прошири и во работењето на останатите сектори во Општина Карпош. Оваа обука е особено значење, бидејќи не станува збор само за стекнување нови знаења и сертификати, туку и за создавање современи и поефикасни начини на работа во локалната самоуправа.

Примената на беспилотните летала отвора нови можности за подобро следење на инфраструктурата, урбанистичките состојби, јавните површини и состојбите во животната средина, како и за побрзо и поквалитетно собирање информации од терен. Со воведувањето на оваа технологија, Општина Карпош создава дополнителни перспективи за дигитализација и модернизација на своето работење, со цел инспекциските и другите општински служби да располагаат со посовремени алатки, а граѓаните да добиваат поефикасна, поодговорна и поквалитетна услуга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер