Хит на Фејсбук : Четиригодишно дете отишло само во шума и се вратило со милениче - Канал 5

Хит на Фејсбук : Четиригодишно дете отишло само во шума и се вратило со милениче

Четиригодишниот Доминик Браун од американската држава Вирџинија отишол во блиската шума и од таму донел дома необичен пријател.

Хит на Фејсбук : Четиригодишно дете отишло само во шума и се вратило со милениче

Стефани Браун, мајката на малиот Доминик, се шокирала кога нејзиниот син донел мало еленче пред куќата во Масанутен, Вирџинија. Таа успеала брзо да направи и да објави фотографија на Фејсбук, која веднаш станала вирална. Досега има над 16 илјади лајкови и е споделена скоро 20 илјади пати.

Луѓето се воодушевени од смиреноста со која еленчето стои покрај Доминик, како да се познаваат со години. Стефани објаснила дека семејството требало да го напушти зимскиот центар во Масанутен и да се упати кон плажата Рагд Поинт кога Доминик се појавил со нов пријател, пишува Дејли меил. Фотографијата е уште послатка затоа што малото дете носи пижами со дезен на еленот на Дедо Мраз, Рудолф, а еленчето, кое Доминик го нарекол Флеш, според неговиот омилен херој, гледа право кон Стефани и нема намера да побегне.

Коментарите на Фејсбук се полни со ентузијазам. „Обајцата изгледаат како ова да е секојдневие“, „Детето има подарок“, „Не знам што направи Доминик, но би сакал да имам таква енергија“, се само некои од нив .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- фото: Сабаленка објави секси видео во бикини: Сите гледаа како Ари танцува

Една од најдобрите светски тенисерки, атрактивната Арина Сабаленка привлече големо внимание на социјалните мрежи откако објави провокативно видео. Во преден план беа нејзините прекрасни облини и харизматичен изглед.

Видео- фото: Сабаленка објави секси видео во бикини: Сите гледаа како Ари танцува

Арина Сабаленка привлекува големо внимание од јавноста, како на теренот, така и на социјалните мрежи.

Таа е често активна на Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзините атрактивни модни изданија го привлекуваат вниманието на светската јавност.

Таа неодамна објави провокативно видео на своето „Инстаграм стори“ на кое танцува.

За таа прилика, носеше црн едноделен костим за капење што ја истакнуваше нејзината фигура, а изгледот го надополни со црни очила – омилениот моден додаток на денешните трендсетери.

Судејќи според видеото, Арина беше очигледно добро расположена, а нејзините обожаватели можеа да ја почувствуваат и онаа посебна харизма што ја краси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата во Германија заплени робот кој сексуално нападнал девојче?!

Германската полиција покрена истрага откако робот, управуван од двајца млади мажи, наводно сексуално вознемирил 16-годишно девојче во Келн.

Полицијата во Германија заплени робот кој сексуално нападнал девојче?!

Инцидентот се случил доцна вечерта во неделата, на 11 октомври, пред ресторан за брза храна во овој град во западна Германија.

Според полициското соопштение, роботот – висок околу 120 сантиметри – ѝ пришол на девојката одзади, ја допрел по задникот и извел сексуално сугестивни движења.

Во тој момент, девојката била во друштво на две пријателки, на возраст од 17 и 18 години.

Според Си-Ен-Ен (CNN), полицијата се сомнева дека со роботот управувале неговиот шеснаесетгодишен сопственик и неговиот деветнаесетгодишен пријател.

Истражителите наведуваат дека двајцата го снимале настанот и го емитувале во живо на социјалните мрежи. Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко потоа и ги пронашла младите момчиња.

Роботот бил пронајден во багажникот на автомобил и потоа одземен како доказ. Исто така, биле одземени и мобилните телефони на осомничените.

Истражителите сега се обидуваат да утврдат дали движењата на роботот биле однапред програмирани или дали младите момчиња директно управувале со него за време на инцидентот. На интернет се појави и видео на кое се гледа како роботот носи бел елек, златно ланче и очила за сонце.

На снимката се гледа како тој им приоѓа на жени на улицата и прави сексуално сугестивни движења. Полицијата ги истражува околностите на инцидентот и потенцијалната кривична одговорност на лицата кои управувале со уредот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА ги казни БиХ, Хрватска и Унгарија

 УЕФА изрече казни за фудбалските сојузи на Босна и Херцеговина, Хрватска и Унгарија поради прекршоци за време на октомвриските натпревари во Лигата на нации.

УЕФА ги казни БиХ, Хрватска и Унгарија

Најголема сума ќе треба да платат Унгарците, кои веќе имаат изречена условна казна.

Федерацијата на БиХ е казнета со вкупно 50.500 евра по натпреварот против Полска, одигран на 5 октомври.

Причините за казната вклучуваат расистички извици, употреба на ласери и пиротехника, фрлање предмети на теренот и доцнење на екипата.

Исто така, изречена е мерка за затворање на пет отсто од капацитетот на стадионот, но оваа мерка е условна во следните две години.

Хрватската федерација ќе треба да плати 57.000 евра поради инцидентите на натпреварот против Шпанија на 6 октомври.

Казните се однесуваат на употреба на пиротехника, блокирани премини и други прекршоци на трибините. Делумното затворање на стадионот, кое опфаќа 20 отсто од капацитетот, исто така е условно во траење од две години.

Според истиот извор, Унгарија е казнета со 77.578 евра по гостувањето во Украина. Поради расистичко однесување, активирана е условната казна изречена во октомври 2024 година, па така федерацијата нема да може да продава билети за еден натпревар на гостински терен.

На Унгарците им е изречена нова условна забрана за продажба на билети за гостувања, како и парични казни за употреба на пиротехника, фрлање предмети, непочитување на националните химни и оштетување на стадионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер