Хирошима и Гуангжу во полуфиналето на Светското клупско првенство

Екипите на Хирошима и на Гуангжу се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство откако денеска ги победија екипите на Мазембе односно Клуб Америка.

Хирошима во четвртфиналето беше сигурна со Мазембе и триумфираше со 3:0, а головите ги постигнаа Цукаса Шиотани (44. минута), Казухики Чиба (56) и Такума Асано (78).

Повеќе неизвесност имаше во четвртфиналето меѓу Клуб Америка и Гуангжу. Првакот на Азија Гуангжу победи со 2:1, иако мексиканскиот шампион Клуб Америка поведе преку Орибе Пералта во 55. минута. Во 80. минута Лонг Женг изедначи, а победата за Гуангжу ја донесе Паулињо во 90+3 минута.

Во полуфиналето на 16.декември (среда) ќе играат Хирошима и Ривер Плата, додека следниот ден (четврток) е дуелот меѓу Барселона и Гуангжу. Во натпреварот за 5. место на 16.декември играат и Клуб Америка – Мазембе.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер