Хезболах потврди дека ракетирале израелска разузнувачка база во близина на Тел Авив

Проиранската шиитска милиција Хезболах, која дејствува во Либан, ја презеде одговорноста за ракетниот напад на израелската воена разузнавачка база во близина на Тел Авив во централен Израел.

Ноќеска борците на Хезболах „испукаа серија ракети врз базата Жило, воена разузнавачка единица во предградијата на Тел Авив“, објави проиранската група.

По една година размена на оган во јужен Либан, кој Хезболах го нарече „фронт за поддршка“ отворен во знак на солидарност со Хамас во Газа, конфликтот на Израел со Хезболах се претвори во отворена војна на 23 септември.

Израел врши воздушни напади врз упориштата на Хезболах во јужен Либан и во јужните предградија на Бејрут - Дахије, како и копнени упади на територијата што ја држи Хезболах.

Хезболах секојдневно го гаѓа Израел, како воени бази, така и урбани, цивилни центри на северот на Израел. Хезболах објави дека истрелале серија ракети врз голем број места на северот на Израел, особено во областа на градот Сафед.

Израелската армија соопшти дека нападот се уште трае.

Деветнаесет луѓе во централниот израелски регион Шарон се повредени, соопшти израелската полиција, откако војската соопшти дека три проектили биле истрелани од Либан кон израелска територија рано утринава.

Украинците нападнаа руски аеродром со американски ракети, има загинати (ВИДЕО)

Украинските сили го нападнаа воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област, со шест балистички ракети ATACMS, соопшти руското Министерство за одбрана.

А во соопштението се додава дека сите ракети се соборени.

„Утрото на 11 декември Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје врз воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област. “се вели во соопштението.

По нападот на социјалните мрежи почнаа да кружат наводни видеа од аеродромот.

Во соопштението се додава дека има жртви меѓу персоналот.

Москва нагласи дека овој непријателски напад нема да остане без одговор и дека ќе бидат преземени неопходните мерки.

Украина се уште не го коментира овој напад.

Граници, почит и искреност - рецепт за успешна врска

Очекувањата и правилата поврзани со љубовта и врските сѐ повеќе се менуваат. 

Традиционалните модели на врски засновани на однапред одредени правила и улоги, сѐ помалку важат, се чини, отворајќи простор за пофлексибилен однос и сфаќања, како и за идентитетот и личната среќа, според психолозите.

Терапевтот од Харвард, д-р Кортни Ворен вели дека и покрај овие промени, постои една работа која речиси може да го гарантира успехот на врската. Тоа се границите.

- За успехот на врската, од суштинско значење е јасно да се дефинираат и одржуваат границите што партнерите ги поставуваат заедно. Границите не се правила што уназадуваат, туку темел на односите што овозможуваат доверба, искреност и заеднички раст. Без нив, врската ја губи стабилноста и довербата, објасни психологот за „Јор-танго“ (YourTango).

Секоја врска е уникатна, а договорот за тоа што е прифатливо се разликува кај различни парови.

- Она што е важно, е стремежот кај двајцата партнери да ги почитуваат меѓусебните договори и да се подготвени отворено да разговараат за можни промени или предизвици... Искреноста со партнерот и со себе е клучот за секоја успешна врска. Како што растат и се менуваат партнерите, важно е да се приспособат меѓусебните договори за врската да остане здрава и исполнета!, појасни д-р Ворен.

На тој начин, вели, и доколку дојде до можно раскинување, искреноста поттикнува тоа да се случи со почит, а не со горчина. /МИА

Видео: Бунтовниците во Сирија го запалиле гробот на такото на претседателот ал-Асад

На социјалните мрежи се објавуваат видеа и фотографии на кои се гледа како бунтовниците стојат покрај запалениот гроб на поранешниот сириски претседател Хафез ал Асад, таткото на Башар ал Асад.

Според извештаите, бунтовниците го извлекле ковчегот од гробницата и го запалиле.

Некои светски агенции јавуваат дека дека бунтовниците во униформи, заедно со локалните жители, го гледале ковчегот како гори.

Хафез ал Асад владееше со Сирија три децении, а почина во 2000 година од срцев удар. Неговото тело беше погребано во мавзолеј во неговото родно село Кара. Него на функцијата претседател го наследи неговиот син Башар ал Асад, кој беше соборен од власт минатиот викенд. /МИА

притисни ентер