Хари и Меган објавија новогодишна честитка со малиот Арчи (ФОТО) - Канал 5

Хари и Меган објавија новогодишна честитка со малиот Арчи (ФОТО)

Принцот Хари и Меган Маркл објавија невидени фотографии заедно со нивниот син Арчи.

Хари и Меган објавија новогодишна честитка со малиот Арчи (ФОТО)

Фотографијата се најде во компилација од нивните најважни девет моменти во 2019 година.

Хари (35) и Меган (38) ја објавија фотографијата со песната на „Колдплеј“.

На фотографијата е прикажан принцот Хари покрај езерото, а најверојатно е направена на нивниот божиќен одмор во Канада на островот Ванкувер. На фотографијата, Хари му се насмевнува на Арчи, кој има капа на главата и носи кафеава капа и чизми што беа подарок од австралискиот гувернер Питер Косгров.

Објавата на таа фотографија доби повеќе од 260.000 лајкови за само половина час.

„Преглед за 2019 година: На сите ви посакуваме Среќна Нова Година и ви благодариме за поддршката!“, напишале Хари и Меган во објавата.

„Беше прекрасно да се сретнеме со многумина од вас низ целиот свет и не можеме да дочекаме да се сретнеме со уште повеќе следната година. Се надеваме дека 2020 година ќе ви донесе здравје и среќа “, напишаа во објавата, додавајќи дека тие се особено благодарни на Крис Мартин од Колдплеј што им овозможил да ја користат неговата песна во видео компилацијата.

Во компилацијата на фотографии во 2019 година има фотографија од бремената војвотка од Сасекс, како и фотографија од Хари со неговиот брат Вилијам и принцот Чарлс. Има и фотографија од нивната посета на Мароко во февруари, како и фотографија од Меган која ја гушка Бијонсе на премиерата на филмот The Lion King. Во компилацијата се наоѓаат и Кејт Мидлтон, како и гувернерот на Австралија, Сер Питер Косгров, кој му ги подари на Арчи чизмите што ги носи на сликата.

Хари и Меган првиот Божиќ го поминаа со малиотАрчи во замок вреден над 14 милиони долари, пренесува Дејли Меил. Кралското семејство и мајката на Меган, Дорија Рагланд, уживаа во идилични места на островот Ванкувер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран

Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран, по преземањето на контролата врз американскиот Конгрес.

Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп.

Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија.

Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот.

Неговите изјави укажуваат на продлабочување на несогласувањата во редовите на републиканците.Сè уште не се познати конечните резултати за две сенаторски места.

Во Мисисипи се води исклучително неизвесна трка, додека во Алјаска продолжува пребројувањето на гласовите.По изборните резултати продолжи и падот на цените на нафтата.Цената на барел нафта се спушти под 100 долари, достигнувајќи го најниското ниво во последните два месеца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстранти

Властите во Србија вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстранти

Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица.

Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер.

Министерството во соопштението наведе дека осомничените, припадници на елитна единица, на 14 и 15 август 2025 година мачеле и застрашувале неколку лица заточени во гаража на владин комплекс во центарот на Белград.

„Со примена на сила и закани, тие им нанесени голема болка и тешко страдање на поголем број лица, со намера од нив да изнудат информации, да ги заплашат и незаконски да ги казнат“, се вели во соопштението.

Министерството ги објави само иницијалите на уапсените службеници и на поранешниот полицаец.

Станува збор за први значајни апсења поврзани со насилството врз демонстрантите кои во текот на изминатите две години излегуваа на улиците. Полицијата за време на протестите користеше солзавец, возила за разбивање демонстрации и шок-бомби за да ги растера собраните граѓани.

Десетици студенти и активисти кои учествуваа на протестите ја обвинија полицијата за прекумерна употреба на сила, што резултираше со повреди и психолошки трауми.

Српските студенти, активисти, опозициски политичари и организации за заштита на човековите права ги обвинија Вучиќ и СНС за политичко насилство, притисоци врз медиумите, врски со организираниот криминал и широко распространета корупција.

Вучиќ и неговите сојузници ги отфрлаат обвинувањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛШ: Историска победа на Кома - 9:1; Арсенал се коцкаше во Прага

 Фудбалерите на Кома ја одбележаа вечерта во Лигата на шампионите со една од најубедливите победи во историјата на најсилното натпреварување на Стариот Континент.

ЛШ: Историска победа на Кома - 9:1; Арсенал се коцкаше во Прага

Откако тимот на Сеск Фабрегас минатото коло му „испорача“ четири гола на Манчестер Јунајтед, синоќа во Ланс – спротивно на сите очекувања – легијата странци од крај популарното езеро одржа фудбалска лекција на стадионот „Болар“.

Ланс – Комо 1:9! Ова беше шеста последователна победа на „казнената експедиција“ на Сеск во сите натпреварувања, а трета во четири кола од елитното првенство.

Но, оваа ќе се памети и прераскажува. Оваа победа влегува во клупските алманаси и во аналите на елитата (како втора најубедлива во историјата). Сите останати натпревари останаа во сенка на неверојатниот триумф на клубот, кој до пред само неколку години настапуваше во втората италијанска лига.

Гркот Дувикас, кој се запиша во листата на стрелците три пати, а моментално е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со шест гола, исто така блесна оваа вечер.

Во исто време, во Прага, фаворитот Арсенал мораше да вложи многу напор за да го сочува водството против Славија. На крајот „Топџиите“ славеа со 2:1, но Микел Артета ќе има што да им каже на своите играчи, особено за прикажаното во второто полувреме.

4-коло

Среда

АЕК - Реал Мадрид 2:3 (1:1) Коита 12, Пило 75 - Белингем 32, Мбапе 78, Валверде 90+2

Фенербахче - Ливерпул 3:2 (1:1) Жаке 29 (а.г.), Браун 73, Муричи 79 - Њони 25, Исак 69

Борусија Дортмунд - Бетис 2:1 (0:0) Силва 49, Карекас 72 - Руибал 67

Порто - Наполи 4:1 (1:1) Беднарек 11, Веига 71, Кивиор 80, Саму 89 - Мектомини 43

Ланс - Комо 1:9 (0:3) Агилар 65 - Дувикас 7, 32, 56, Паз 40, Да Куња 47, Кемпф 53, Либерали 62, Батурина 69, Папацоло 90+2

ПСВ - Клуб Бриж 1:2 (0:1) Сано 54 - Тресолди 25, Форбс 65

Лајпциг - Манчестер Сити 2:3 (0:1) Баку 49, Нуса 61 - Лукеба 37 (а.г.), Фернандез 58, Халанд 78

Викинг - Сабах 4:1 (1:1) Ботхајм 27, 90+4, Трипиќ 69, Фалшенер 81 - Ембина 11

Славија Прага - Арсенал 1:2 (0:2) Новак 90 - Мадуеке 9, Ѓекереш 38

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер