Хаос пред зградата на Владата во Црна Гора:Димни бомби, факели и повици за оставка (ВИДЕО)

Димни бомби и факели се фрлаа на протестот организиран од Патриотско-комитската алијанса, блиска до ДПС на Мило Ѓукановиќ, и беа извикувани скандирања против вицепремиерот Дритан Абазовиќ и неговото граѓанско движење УРА.

Собраните луѓе пееја „Излези Дритоне, излези бебе“, „Петровиќ, само кажи, ќе летаме како куршуми!“, „Кралот Никола умира, тој ја благословува Црна Гора“. ...

Подгорички „Вијести“ објави дека Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за критериумите за утврдување на условите за стекнување црногорско државјанство со прием е привремено повлечена на владината седница, со цел парламентарниот Комитет за изборно законодавство да се изјасни пред тоа.

Премиерот претходно ја објави Одлуката за промената, наведувајќи дека голем број граѓани кои долго време живеат во Црна Гора немаат право на државјанство.

Планот на Министерството за внатрешни работи бил, како што е претходно најавено, сите граѓани кои 10 години престојуваат во Црна Гора да стекнат право на државјанство.

Тековниот закон и Одлуката предвидуваат дека досега само оние кои живееле 10 години континуирано во оваа земја ја имале таа можност.

Против оваа одлука се организаторите на денешниот протест, кои сметаат дека станува збор за планиран „демографски инженеринг“.

Според медиумите, оваа одлука на Владата на Црна Гора предвидува Црна Гора да добие уште 13 до 15 илјади гласачи кои имаат привремен престој, а сега се претежно државјани на Србија, Русија и Босна и Херцеговина.

Подготвен е и предлог закон за измени и дополнувања на Законот за регистри на живеалишта, што ќе резултира со лишување на правото на глас за околу 40 000 црногорски граѓани од дијаспората.

Собраните, кои носат црногорски симболи, се обидоа да ја срушат заштитната ограда поставена пред владината зграда, пишуваат „Вијести“.

Тие ја навредувале полицијата, им викале „банда предавници“ и „предавство“ и фрлале со јајца кон нив.

Протестот е организиран и покрај епидемиолошките мерки, вклучително и забрана за меѓуградски сообраќај.

Кардашијан во жешки пози со новото момче, рокерот ја објави снимката (ВИДЕО)

Рокерот Тревис Баркер ги изненади следбениците со нови објави на својот Инстаграм профил.

Баркер и го честитал роденденот на Кортни Кардашијан и истакнал колку ја сака, а за да му покаже на светот колку се заљубени, тој објави серија фотографии од нив заедно и едно видео во кое таа му го цица палецот. На фотографиите, двојката се гушка и се бакнува, а на една Тревис ја држи ногата на Куртни, додека дел од нејзиниот гол задник исто така влегол во кадарот.

Објавата предизвика голем број коментари. Некои му честитаат на парот за нивната љубов, додека некои, како пејачот Чарли Пут, го изразија своето изненадување со објавата на рокерот.

Патем, гласините за врската помеѓу Кортни и Тревис започнаа на почетокот на оваа година, а парот го потврди тоа неколку недели подоцна, исто така со објава на Инстаграм.

САД се обврзуваат дека ќе бидат предводници во борбата против климатските промени

Соединетите држави ќе се борат против климатските промени или „нема да остане ништо“ од нашата планета, рече американскиот државен секретар, ветувајќи дека ќе изврши притисок врз другите држави да ја намалат зависноста од јаглен.

Пред виртуелниот самит за клима во четврток и петок,чиј домаќин е американскиот претседател Џо Бајден, Антони Блинкен треба да одржи говор по повод враќањето на Вашингтон по повлекувањето на администрацијата на Доналд Трамп

„Ако Америка не го води светот во управувањето со климатската криза, нема да остане многу од нашата планета“, треба да нагласи државниот секретар според деловите на говорот што им се достапни на медиумите, пренесува Франс прес.

„Ако успееме во ова, ќе ја искористиме најголемата можност за генерациите да создадеме квалитетни работни места, да изградиме поправедно, поздраво и поодржливо општество и да ја заштитиме оваа прекрасна планета“, треба да додаде тој.

Иако минатата недела Соединетите Држави потпишаа заедничка декларација со својот главен стратешки противник Кина и ветија дека „ќе соработуваат во справувањето со климатската криза“, Блинкен најавува натпреварување.

"Во моментов доцниме. Кина е најголем производител и извозник на соларни панели, ветерници, батерии и електрични возила. Таа поседува третина од светските патенти за обновлива енергија".

„Ако не го надополниме доцнењето, Америка ќе ја пропушти можноста да ја обликува светската климатска иднина според нашите интереси и вредности и ќе изгубиме безброј работни места за Американците“, ќе рече американскиот државен секретар.

Во таа борба, Антониј Блинкен особено ќе го потенцира притисокот што треба да се изврши врз земјите зависни од јаглен.

„Кога земјите продолжуваат да зависат од јаглен, да инвестираат во нови централи на јаглен или да дозволат уништување на шумите, Соединетите држави и партнерските земји ќе ги предупредат на штетноста на ваквите активности.“

Кина, најголемиот светски производител на стакленички гасови, е одговорна за околу половина од светското производство на електрична енергија од јаглен, што е една од главните сопирачки во борбата против затоплувањето.

Но, ова прашање е чувствително и во САД, поранешниот претседател Трамп кој ја повлече земјата од Парискиот климатски договор, беше поборник на производителите на јаглен, иако побарувачката на САД за јаглен постојано се намалува.

Џо Бајден ги врати САД на договорот на првиот ден од неговиот мандат.

Се засилува ли тимот на „Сексот и градот“ по желба на Сара Џесика Паркер

Актерката Сара Џесика Паркер сака британскиот заводник Хју Грант да се појави во новите продолженија на серијата „Сексот и градот“.

Според странските медиуми, Паркер сака машка sвезда во серијата и дава се од себе за да го убеди Хју Грант да им се придружи на нивната екипа.

„Сара Џесика сфати дека треба голема, навистина голема, машка sвезда да се приклучи на повторната средба на „Сексот и градот“ за да помогне во олеснувањето на отсуството на Ким Катрал, и потенцијално и на Крис Нот, со кого сè уште преговара за враќање и за чија специфична улога сè уште се расправа “, изјавил извор близок на актерката за „Мирор “.

Новата сезона на „Сексот и градот“ се вика „И само така...“ и ќе има десет епизоди. Сара Џесика Паркер ќе биде во улогата на познатата Кери, а со неа во новите продолженија ќе се појават и Кристин Дејвис како Шарлот и Синтија Никсон како Миранда.

Хју Грант и Сара Џесика Паркер работеле заедно неколку пати. Тие прво соработувале во далечната 1996 година во трилерот Extreme Measures, а подоцна и во романтичната комедија „Што има ново со Морганови?“

притисни ентер