ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?
1ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ФудбалХаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0. По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна. На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели. 07.05.2024, PSG🇫🇷 - Borussia Dortmund🇩🇪, PSG vs 1312 https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/ph3erb35Cr — Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 8, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?Дали ја гледате логиката или живееме во некој надреален, паралелен свет? Во истите овие денови, поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, се соочува со судови и притвор за потрошени 8,3 милиони евра дивиденда, додека новата Влада гордо организира прес-конференција за да се пофали како потрошила 5,5 милиони евра од истата таа дивиденда! Како е можно ова да се случува симултано? Дали за оваа Влада ова е воопшто нормално и до кога мислат да ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните? Дали можеби Перпарим се врати во државата за лично да им даде рецепт како да ги дособерат и преостанатите 3 милиони евра? Па потоа по веќе воиграното сценарио: да се повлечат една-две години во странство, договорено да си се вратат дома, да си организираат избори и да се надеваат дека народот ќе го заборави целото ова лудило како уште една безуспешна приказна? За нивна несреќа, не живееме во камено доба. Живееме во дигитално време каде што сѐ се зачувува, сѐ се следи и сѐ останува трајно забележано. Европската Унија многу внимателно ги гледа овие институционални гимнастики и сѐ ќе биде прецизно нотирано во претстојните извештаи за владеење на правото и корупција. А на оваа Влада, за да ги сними, зачува и обработи сите небулозни оправдувања, пропаганди и лудории што ги прави на дневна основа, нема да ѝ биде доволен само еден, туку ќе ѝ требаат барем уште пет нови државни дата-центри за да ги соберат сите гафови и манипулации што ѝ ги сервира на јавноста! Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
КултураМакедонскиот КИЦ и Кинотеката го започнаа новото патување на македонскиот филм низ ХрватскаСиноќа кино салата на Центарот за култура "Златна врата" во Сплит стана место на средба на две култури – свечено беше отворен вториот по ред патувачки Фестивал на македонски филм, оваа година посветен на македонскиот документарен филм.Публиката во полната сала ја поздравија Тамара Висковиќ, водителка на програмата за култура при Центарот за култура "Златна врата", Марта Жаја, претседателка на македонското културно друштво "Македонија" од Сплит, Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб и Бошко Грујоски, директор на македонската Кинотека. Честа да го отвори фестивалот ѝ припадна на Јелена Коваќиќ, виша советничка за демографија на Градот Сплит, која го истакна значењето на Фестивалот на македонскиот филм за јакнење на врските меѓу Сплит и Македонија, како и меѓу хрватската и македонската култура. Овогодинешното фестивалско издание на својата прва дестинацијa во Сплит беше отворено со документарно-играниот филм "Железна тврдина", најново филмско остварување на македонскиот меѓународно реномиран режисер Митко Панов. По успешното прво издание единствениот патувачки „Фестивал на македонски филм“ во Хрватска продолжува да го гради својот препознатлив идентитет како значајна платформа за промоција на македонската кинематографија и за продлабочување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска. Фестивалот претставува простор за средба на авторите, филмските професионалци и публиката, a со тоа и ги воведува новите перспективи за македонскиот филм и неговата видливост во меѓународен контекст. Програмата на второто издание нуди внимателно избрана селекција која ја отсликува богатата разновидност на современата и историската македонска кинематографија. Од најновите авторски остварувања и меѓународни копродукции, преку документарни филмови што обработуваат универзални теми за идентитетот, миграцијата, човекот и природата, до филмови што претставуваат непроценлив дел од националното филмско и етнолошко наследство – фестивалот ја прикажува континуираната виталност и креативност на македонскиот филм. Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година патувачкиот Фестивал на македонски филм го организира во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи како дел од сопствената годишна програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Фестивалското издание во Сплит се одржува во соработка со Македонското културно друштво "Македонија" Сплит и Центарот за култура "Златна врата". Во текот на месец септември и октомври во знакот на одбележување на 35 години независнот, Фестивалот на македонски филм продолжува во 11 градови низ Хрватска.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЦаринската управа на Македонија склучи Меморандум за соработка со Царинската управа на ХрватскаМакедонската Царина подготвено чекори кон ЕУДиректорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Царинска управа на Република Хрватска, Марио Демировиќ, потпишаа Меморандум за соработка со којшто двете институции ја зајакнуваат меѓуинституционалната соработка. Со овој чекор испишуваме ново поглавје во економските врски и јасно ја потврдуваме нашата посветеност во евроинтегративните процеси и продлабочување на соработката во области што се од суштинско значење за забрзување на економскиот раст и зајакнување на безбедноста на меѓународно ниво. Директорот Бобан Николовски вели дека Меморандумот се потпишува во период кога спроведуваме значајни реформски политики за забрзана интеграција во ЕУ, при што искуството кое го има Царинската управа на Република Хрватска во овој дел е непроценливо и ќе ни помогне да го изодиме овој пат на начин што ќе овозможи ефикасен преод кон целосна интеграција во европскиот царински систем. „Во рамките на земјите кандидати од Западен Балкан, сакаме Македонија да биде препознаена како предводник во модернизацијата на царинското работење, дигитализацијата и примената на европските стандарди. Не само декларативно, туку преку конкретни резултати. Затоа ќе учиме од хрватското искуство, ќе ги прифаќаме најдобрите практики и ќе ги прилагодуваме на нашите услови. Но, ова не е еднонасочна соработка. Од македонска страна, нашето искуство со регионалните трговски текови и нашата улога во поврзувањето на пазарите во Западен Балкан се дополнителна вредност за заедничката борба против прекуграничниот криминал и за олеснување на легалната трговија. Затоа денес не зборуваме само за размена на искуства. Зборуваме за партнерство од кое двете страни треба да имаат конкретна корист. Хрватска добива посилен и посигурен партнер во регионот. Македонија добива знаење, искуство и поддршка на својот пат кон ЕУ. Нашите компании добиваат подобри услови за трговија. А нашите граѓани добиваат нешто што е крајната цел на секоја добра реформа, институции кои работат побрзо, поефикасно и побезбедно. Затоа верувам дека денешниот Меморандум нема да остане само документ. Ќе го мериме по тоа колку побрзо решаваме проблеми, колку помалку се чека на границите, колку повеќе шверц ќе откриваме и колку побрзо ќе ги приближуваме нашите царински процедури до европските. Нашата цел е границата да биде место каде што се проверува безбедноста, а не место каде што се губи времето“, вели Николовски. Директорот на Царинската управа на Република Хрватска, Марио Демировиќ, истакна дека целта на стратешката соработка која се воспоставува со потпишување на Меморандумот е поефикасно сузбивање на незаконските дејствија и забрзување и поедноставување на царинските процедури за македонските економски субјекти. „Министерството за финансии, Царинската управа на Република Хрватска, донесе одлука за стратешка соработка со македонската Царинска управа која главно е насочена кон соработката со стопанството. Целта на нашата стратешка соработка, освен поефикасно сузбивање на незаконските дејствија и зајакнување на оперативната соработка во надзорот на прекуграничната трговија на стоки, во значителна мера е и забрзување и поедноставување на царинските процедури за македонските економски субјекти. Дополнително, цел на соработката е и пренос на сите информации и податоци од доменот на законодавството и практиката во Европската Унија од царинска надлежност, како и на информатичката технологија во царинското подрачје, со цел зајакнување на ефективната соработка и врските меѓу двете држави“, истакна Демировиќ.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook