Хамилтон на пол позицијата во Монца - Канал 5

Хамилтон на пол позицијата во Монца

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Италија во Монца откако денеска триумфираше во квалификациите.

Хамилтон на пол позицијата во Монца
Ова ќе биде дури 11. пол позиција за Британецот на 12. трка во сезоната. Хамилтон ќе се обиде да стигне до седмата победа со која би бил чекор поблиску до одбрана на титулата.

На денешните квалификации лошо помина неговиот тимски колега Нико Розберг кој заврши на четвртата позиција, но затоа домашната публика имаше можност да се израдува на резултатот на Кими Раиконен од Ферари кој ќе стартува од првата стартна линија бидејќи го освои второто место. Третото место го освои Себастијан Фетел.

Хамилтон триумфираше во Монца и минатата година, а утре ќе се обиде да стигне до третата победа на оваа патека во својата кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев за сработеното во првите две години: Платите ќе пораснат за 40 отсто, в.д. мандатите се кратат на 6 месеци

Јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен.

 Минчев за сработеното во првите две години: Платите ќе пораснат за 40 отсто, в.д. мандатите се кратат на 6 месеци

Оценувајќи ја двегодиншата работа на ресороното министерство, Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги презентираше резултатите од реформскиот процес насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби.

-Почитувани кога денес правиме осврт на изминатите две години , можеме да кажеме дека министерството за јавна администрација не е само инстотуција која подготвува законски решенија. Тоа е интитуција која отвори процеси кои со години стоеја во место. Институција која постави нови стандарди. Институција која покажа дека реформите се можни кога има јасна визија, политичка воља и посветена работа. Свесни сме дека ниту една реформа не завршшува со донесување на Закон. Вистинскиот успех се мери според тоа колку институциите ќе работат подобро, колку услугите ќе бидаа побрзи и покавалтитетни и колку граѓаните ќе имаат доверба во јавната администрација. Пред нас има уште многу работа, но денес можеме да кажеме дека поставивме цврсти темели. Темели на професионалност, темели на интегритет и темели на резултати. Нашата цел останува иста, да изградиме јавна администрација која нема да биде товар на граѓаните туку нивен вистнски сервис – изјави Минчев.

Особено значаен сегмент од реформите е подобрувањето на статусот на административните службеници. Во партнерски дијалог со синдикатите постигнат е историски договор преку колективните договори, со кој е обезбедено континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година, велат од министерството.

-Во партнерски дијалог со синдикатите успеавме да постигнеме историски договор преку колективните договои со кои обезбедивме континуиранито зголемуѕвање на платата на административните службеници за 40 проценти до 2028 година. Нашиот лидер не кажа дека нема да биде министерстовото за земјоделство, шумарство и водостопанство во наши раце, туку дека преговорите се во тек и дека сите опции се на маса. И коректно е како еден политички субјект, а ние сме таков политички субјект, стабилен партнер во владата кој што не шпекулира и не брифира. А со самите брифинзи креира политички ситуациии или пак мислења дека ЗНАМ е незадоволен од распоредот на новите функции во владата – истакна Минчев.

На прашање на Канал 5 дали ЗНАМ се задоволни од распределбата на ресорите по реконструкцијата во владата, Минчев одговори дека дека партијата добила повеќе обврски и одговорности во владата наспроти шпекулациите дека политичкиот субјект е незадоволен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 30.06.2026 во 21:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Д.(38) од Прилеп бидејќи упатувал закани кон неговиот татко. 

Пет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Според пријавеното, додека се заканувал, си нанел и повреда со стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 30.06.2026 во 20:10 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Ф.А. (28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во 19:25 часот, физички ги нападнал неговата снаа и неговиот брат. По целосно документирање на случајот, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.07.2026 во 01:15 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 во семејниот дом на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ц.С.(45), додека на 30.06.2026 се обидел да ја избрка од домот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.07.2026 околу 03:40 часот во СВР Скопје 22-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Н.М.(32). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2026 во 19:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(68), по претходна пријава дека во домот упатил закани кон неговиот 40-годишен син и неговото семејство, при што со тврд предмет се обидел да го нападне неговиот малолетен внук. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 30.06.2026 во 16:50 часот во Полициската станица Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ј.Ф.(27) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 62-годишен татко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 30.06.2026 во 15:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.В.(59) од Струмица, постапувајќи по пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и кон мајката на сопругата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.06.2026 во 19:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 22-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот во село Банско физички нападнал 26-годишна девојка, со која бил во љубовна врска. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна Цесна во Велика Британија: Двајца загинаа

Две лица загинаа откако лесен авион се урна на поле во Есекс, соопшти британската полиција.

Се урна Цесна во Велика Британија: Двајца загинаа

Двоседниот авион Цесна се урна вчера попладне, кратко по полетувањето од аеродромот Норт Вилд на планирано „кратко патување“, објави Скај њуз.

Идентитетите на жртвите сè уште не се објавени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер