Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!
1Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!
3Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
2Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
СветХамас убиле 40 деца во еден град- масакр на југот на Израел (ВИДЕО)Терористите на Хамас, наводно, масакрирале најмалку 40 бебиња и деца во болното дивеење во еден град - а некои биле пронајдени обезглавени, тврдат израелските власти.Израелските војници открија сцени на незамислив хорор во Кфар Аз - село во близина на границата со Газа кое два дена го држеа милитантите на Хамас, пренесува The Sun. Израелската армија повторно ја презеде контролата врз опколеното село и нејзините војници сега се соочуваат со мачна задача да ги откријат мртвите. Вооружени со пиштоли, гранати и ножеви, терористите на Хамас наводно искасапиле мажи, жени, деца и бебиња во нивните кревети во саботата рано наутро, објави британскиот портал, цитирајќи израелски медиуми. Зборувајќи од местото на крвопролевањето, репортерката на i24News, Никол Зедек, рече дека еден војник и рекол дека нашол „бебиња со отсечени глави“. Наводно, најмалку 40 бебиња и деца биле заклани, додека цели семејства биле живи запалени во своите домови и стрелани. Видно потресена од злосторствата, Никол рече: „Никој не можеше да очекува дека ќе биде вака - ужасите што ги слушам од овие војници“. „Најмалку 40 бебиња се изнесени на носила. Тие одат од куќа до куќа и ги изнесуваат труповите.“ Таа рече дека креветчињата и количките биле напуштени на улиците додека преплашените семејства бегале од разбеснетите терористи - кои на секои 20 минути го напаѓале селото во бранови мачни 48 часа. Ужасните снимки покажаа седишта за бебиња натопени со крв, додека милитантите на Хамас изгледа како неселективно отвораат оган врз возилата. Генерал-мајор Итаи Верув опишал ужасни сцени на брутално насилство - каде цели семејства биле убиени во нивните домови. „Гледате бебиња, мајки, татковци, во нивните спални соби, во нивните безбедни соби, убиени од терористи. Тоа не е војна. Тоа не е бојно поле. Тоа е масакр. Тоа е нешто што никогаш не сум го видел во мојот живот.“ рече тој.. Новинарите на кои денеска им беше дозволено да влезат во селото го опишаа застрашувачкиот „мирис на смртта“. Некои израелски војници се појавија видно потресени од бруталноста кога ги најдоа улиците преполни со трупови откако терористите на Хамас оделе од врата до врата и убивале цели семејства. Прикажува ужасни слики на семејства заклани во нивните спални и дневни соби - со ѕидовите на нивните домови преполни со дупки од куршуми. На сметка на Телеграм, отворена од израелските служби за итни случаи се вели: „Ништо не беше поштедено. Сето тоа беше систематско колење и уништување на сè што се движи“. 'It's not a war, it's not a battle. It's a massacre' Journalists are let into Kfar Aza for the first time, four days after the community came under the shock attack by Hamas terrorists IDF Major General Itai Veruv describes the scene of brutal violence, where whole families… pic.twitter.com/HJzoMKj2Ta — i24NEWS English (@i24NEWS_EN) October 10, 2023 Бидејќи телата на жртвите продолжуваат да се откриваат во десеткуваното село, вкупниот број на загинати не е познат. Еден војник изјавил за ITV News: „Тоа ме потсетува на погромите и нацистите“. Повеќе од 100 тела биле пронајдени и во Кибуцот Беери - исто така едно од првите места на удар на Хамас. Повеќе од 3.000 луѓе се убиени од двете страни откако Хамас упадна преку границата и масакрира стотици луѓе во ненадеен напад. Откако Хамас се закани дека ќе егзекутира некои од 150-те цивилни заложници, Израел започна немилосрдна низа воздушни напади врз Појасот Газа. Сега, наводно, милитантите планираат да објават ужасни снимки од израелски заложници откако терористичката група се закани со голем ракетен напад врз пристанишниот град Ашкелон. Вчера вооруженото крило на Хамас соопшти дека ќе започне со егзекуција на израелски затвореници и дека без предупредување ќе емитува снимки од секоја цивилна куќа бомбардирана во Газа. Израелските училишта испратија порака до родителите веднаш да ги отстранат апликациите како TikTok и Instagram од телефоните на нивните деца за да избегнат вознемирувачка содржина. Израел претходно ги повика цивилите во Газа да побегнат на југ во Египет пред сеопфатен копнен напад. Израелската армија собра 173.000 војници - вклучувајќи 8.000 елитни командоси - заедно со 300 тенкови, артилериски парчиња и ракетни фрлачи во пограничниот град Сдерот. Пред планираната инвазија биле подготвени дополнителни 300.000 резервни војници. Израелските одбранбени сили, исто така, наводно почнале да поставуваат мини додека го блокираат Појасот Газа, прекинувајќи ја храната, водата и електричната енергија. САД, исто така, преместуваат неколку воени бродови - вклучувајќи го и USS Gerald Ford - и авиони во Средоземното Море откако Џо Бајден вети „цврста“ поддршка од Вашингтон за Тел Авив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска направи увид на првата испорака од новите контејнери, кои уште денеска ќе бидат распоредени низ Скопје.- Денес пристигна првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка на контејнери во историјата на Скопје. Ги заменуваме скршените и дотраени контејнери, го зголемуваме нивниот број и обезбедуваме повеќе места за правилно одлагање на отпадот. Особено важно е што истите контејнери, за кои моите претходници плаќале по 18.600 денари, ние ги набавуваме по двојно пониска цена и тоа во време на глобален раст на цените. Тоа значи да се води сметка за секој денар на граѓаните. Чист град значи поздрав живот, поуредни населби и подостоинствено секојдневие за секој човек. Нашите деца заслужуваат да растат покрај чисти улици и паркови, а скопјани заслужуваат град со кој ќе се гордеат – изјави Ѓорѓиевски. Истовремено, Ѓорѓиевски апелираше да се чува новата опрема и да се почитува комуналниот ред во градот Скопје. - Чекор по чекор, го менуваме ликот на Скопје. Новата опрема мора да се почувствува таму каде што е најважно - пред нашите домови, во нашите маала и на улиците по кои секојдневно се движиме. Но, за чисто Скопје потребна е и совеста на секој од нас. Упатувам јасен апел до граѓаните, да го чуваме она што е наше, заедничко. На градежниот шут и кабастиот отпад не им е местото ниту во контејнерите ниту покрај нив. Со таквото однесување се оштетува опремата, се отежнува собирањето на сметот и се создаваат диви депонии среде нашите населби. За ваквата неодговорност нема да има толеранција – нагласи Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека заедно со новите камиони, кои следната недела ќе бидат пуштени во работа, се создаваат услови за побрзо и поефикасно собирање на сметот и почисти населби низ цело Скопје. Дополнително, обезбедени се и 60 контејнери за селекција на стакло, кое треба да заврши на рециклирање, а со неговото одделно собирање се намалува мешаниот отпад и се зголемува заштитата на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗ: ПЕТ центарот ќе работи за викенди и празници, со цел да се намали времето на чекањеМинистерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека почнувајќи од овој продолжен викенд, вклучувајќи го и претстојниот празник, а потоа и во наредните викенди ПЕТ центарот ќе биде отворен за пациентите.Министерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека почнувајќи од овој продолжен викенд, вклучувајќи го и претстојниот празник, а потоа и во наредните викенди ПЕТ центарот ќе биде отворен за пациентите, со цел пократко чекање за пациентите. Секој ден на листа на чекање е ден неизвесност за пациентот и за неговото семејство. Затоа, ПЕТ центарот, согласно предвидениот план, продолжува со работа и во викендите, со јасна цел - да се намали листата на чекање и дијагностиката да им биде побрзо достапна на тие на кои им е најпотребна. „Оваа реорганизација се спроведува за да ги намалиме листите на чекање. Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминатите две години, кога двојно ги зголемивме термините. Посебна благодарност им упатуваме на сите здравствени работници и соработници, чиј труд и залагање го прават ова можно", изјави директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Хајди Клум повторно провоцира во тангаЛегендарниот тип модел 53 годишната Хајди Клум повторно ги вжешти социјалните мрежи со фотографија во танга и без горниот дел од костимот за капење.Хајди сподели фотографија на Инстаграм на која позира во топлес издание, на воодушевување на фановите.. На фотографијата, објавена во четвртокот, таа лежи на стомак, носејќи само црни гаќички од бикини. Објавата ја пропрати со едноставен опис: „Жешко е во ЛА“, а следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите. Фотографијата се појави само неколку дена откако Клум престојуваше во Париз со својата 16-годишна ќерка Лу. Манекенката има три помлади деца – Хенри, Јохан и Лу – со поранешниот сопруг Сил, додека најстарата ќерка, Лени, ја доби со бизнисменот Флавио Бриаторе. Инаку, атрактивната Хајди редовно ги провоцира фановите со фотки на кои во преден план се нејзините природни облини. Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00