СветХамас потврди дека во израелски напад загинал командантот Марван ИсаХамас денеска потврди дека во минатонеделниот израелски напад загинал Марван Иса, командант на бригадата Ал Касам и заменик на воениот лидер на Хамас, Мохамед Деиф.Според извештајот на израелскиот јавен сервис Kан Њуз, во нападот е убиен и Рази Абу Томех, командант на бригадата на Хамас, пренесува „Џерузалем пост“ Израелската војска (ИДФ) во текот на оваа недела се обидуваше да утврди дали Марва Иса е убиен во воздушен напад на ИДФ врз подземен комплекс во централниот дел на Појасот Газа. Портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека цел на воздушниот напад била единица во која, меѓу другите, бил и Марван Иса, заменик воениот лидер на Хамас и еден од планерите на нападот што оваа милитантна палестинска група го изврши на 7 октомври. на југот на Израел. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членствотоВчерашниот ден го завршивме со состанок со општинскиот комитет во Неготино.ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството. Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики кои ќе донесат уште поголем развој на државата. фб објава на Александар Николоски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
БалканЧупиќ ги распиша претседателските избори во СрбијаПретседателот на српскиот Парламент, Александар Чупиќ, денес ги распиша вонредните претседателски избори, кои ќе се одржат во недела, на 27 декември. Чупиќ ја потпиша одлуката за распишување на изборите напладне во Домот на Народното собрание. „Почитувани граѓани, во согласност со член 114, ги распишувам изборите за претседател на Србија, кои ќе се одржат на 27 декември.„Се надевам дека ќе имаме тежок избор помеѓу водечките кандидати и нивните програми, нека јавните дебати и демократскиот изборен процес бидат покана за голема излезност“, рече претседателот на Народното собрание и продолжи: „Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни и да излезат на гласачките места на 27 декември. Нека јавните дебати бидат повик за голема излезност. Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни за волјата да роди претседател со силен интегритет. Да живее Србија.“ изјави Александар Чупиќ. „Оваа одлука стапува на сила од денот на објавувањето во Службен весник“, рече Чупиќ на прес-конференцијата. Роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат од денот на распишување на изборите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаПоради процесот Брдо-Бриони во Охрид и Струга посебен режим на сообраќајПоради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денес и утре ќе се одржи во Охрид, од денеска во Охрид и Струга, на сила се засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, информираат од МВР.Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посета. Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид и Струга, на трасите предвидени за движење на возилата под придружба, интензивно спроведуваат мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот во двата града, особено по булеварот „Туристичка“ во Охрид, на дел од автопатот Охрид-Кичево, во централното градско подрачје во Струга, по регионалниот пат Струга Струга-Дебар, како и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила. Тука, предвидени се краткотрајни застои во сообраќајот кои ќе трааат до поминување на возилата со кои се превезуваат учесниците на средбата. Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности на терен, СВР Охрид навремено воспостави контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици во општините Охрид и Струга, јавните претпријатија и други релевантни институции. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедноста на сите учесници а своите возила, да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter