Халеп: Бев шокирана од одлуката, иако не најдоа допинг кај мене ме суспендираа до 2026 година - Канал 5

Халеп: Бев шокирана од одлуката, иако не најдоа допинг кај мене ме суспендираа до 2026 година

Романската тенисерка Симона Халеп е шокирана од  одлуката во случајот со допинг.

Халеп: Бев шокирана од одлуката, иако не најдоа допинг кај мене ме суспендираа до 2026 година

- По рочиштата не се сомневав, бидејќи имаше многу бесмисленост и неправедност во обвиненијата. Кога ја добив одлуката, бев целосно шокирана. Не можев да верувам дека бев дисквалификувана четири години, иако не најдоа ништо лошо во мојата крв. Лудо е што ја донесоа оваа одлука, со оглед на сè што претставија адвокатите. Ме судеа по шаблон. Нема докази. Ова е само лудост, изјави Халеп.

Таа смета дека овој момент е тежок на психолошки план за неа.

- Тоа беше катастрофа бидејќи не очекував вакво нешто. Отсекогаш сум бил внимателна што влегува во моето тело и никогаш не земам ништо без да го проверам. Добро е што успеавме да откриеме од каде доаѓа (роксадустат), бидејќи е многу тешко кога не знаеш што се случува. Немаше смисла да го земам. Тој би ме повредил наместо да ми помогне. Ллекот можеше да и ги влоши проблемите со тироидната жлезда. Тешко е да се концентрираш на тенисот. Треба да останам здрава. Кога сте емоционално исцрпени, може да се повредите физички. Се трудам да се заштитам, па ќе продолжам да одам на фитнес за да останам во форма, порача Халеп.

Поранешниот прв рекет во женскиот тенис казнета поради позитивен допинг тест на УС Опен 2022. Халеп беше позитивна на роксадустат, недозволена супстанца која дава дополнителна енергија на спортистите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум лица се ранети во средно учлиште во Турција

Осум лица се ранети во   Маниса во  Турција, откако утрово непознато лице отворило оган пред средно училиште, соопшти канцеларијата на гувернерот на Маниса.

Осум лица се ранети во средно учлиште во Турција

На снимките од безбедносните камери се гледа како осомничениот оди по улицата со пушка во раката, а потоа брзо бега од местото на настанот заедно со оружјето. По вооружениот напад во училиштето во Маниса, на местото почнале да пристигнуваат вознемирени родители, додека полицајците се обидувале да ја смират толпата и да ја стават ситуацијата под контрола.

YouTube video

На местото на настанот е присутен голем број припадници на безбедносните служби, а родителите се обидуваат да добијат информации за своите деца. првичните извештаи укажуваат дека се ранети осум лица, од кои едно е во критична состојба.напаѓачот побегнал од местото на настанот. Полицијата започнала голема потрага и тој набрзо бил уапсен.пукањата во училиштата се ретки во Турција, иако претходно оваа година имаше два напади во еден по друг дена на југот од земјата што предизвикаа гнев кај локалното население

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“

Лидерот на СДСМ Венко Филипче утринава на прес конференција на која зборуваше за повеќе теми рече дека Македонија е изолирана земја и а Мицкоски  го нарече руски прокси играч.

Филипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“

Целосната изјава погледнете ја во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав

СДС се дрзна да каже дека ВМРО-ДПМНЕ ја распродавала државата, и тоа замислете од партијата водена од најголемите докажани квинслинзи на Македонија, Зоран Заев и Венко Филипче. 

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав

Кога Коте од Руља кој е синоним за прадавство би бил жив, на овие двајца вода може да им носи. Сменија име, сменија Устав, сменија знаме, се откажаа од македонското малцинство во соседните држави, кажуваа дека Бугарите биле ослободители, дека македонскиот јазик почна од Втората светска војна.

Донесоа француски предлог и ултиматум и го направија критериум за напредок кон Европската Унија.

Па СДС е таму каде што е токму поради овие предавства.

Така да предавствата станаа второ име за Филипче и Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер