Петрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интереси
2Петрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интереси
БалканХакирани се клиники во Србија- гинеколошките податоци на пациентките завршија на „dark web“Неколку дена откако беше потврдено дека податоците на неколку стотици илјади корисници на услугите на државниот телекомуникациски оператор биле хакирани, српските медиуми денеска објавија дека неодреден број здравствени податоци, завршиле на интернет.Неколку дена откако беше потврдено дека податоците на неколку стотици илјади корисници на услугите на државниот телекомуникациски оператор биле хакирани, српските медиуми денеска објавија дека неодреден број здравствени податоци, претежно на пациентки од одредени гинеколошки клиники во Белград, протекоа на интернет, пренесе Индекс. На таканаречената темна мрежа се појавија здравствени податоци на претежно гинеколошки пациенти: име и презиме, адреса, телефонски број, дијагнози, тестови, терапија, брачна состојба и други. Меѓу нив се и имињата на лекарите од неколку гинеколошки клиники во Белград и други здравствени установи. Ова е втор напад за краток период Министерството за здравство и Обвинителството сè уште не одговориле на барањето за коментар. Новиот случај на хакирање се случи откако српскиот државен телекомуникациски оператор Телеком беше хакиран во март. Потоа беа компромитирани податоците на 338.934 корисници. Само неколку дена потоа, цел на нападот беше и Агенцијата за економски регистри на Србија.Тагови: пациентки србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОгњеновиќ: 2 години Влада на Мицкоски: Изгубени години за младите, изгубена надежПоминаа две години од владеењето на Мицкоски и ВМРО, младите загубија години и загубија надеж.Во Платформата 1198, Мицкоски и ВМРО ветуваа намалување на иселувањето, подобар животен стандард, задржување на младите во државата и дури 70.000 нови работни места. Ветуваа поддршка за образование, домување, претприемништво и конкретни мерки што ќе им помогнат на младите да останат и да ја градат својата иднина дома. По две години, нема ништо од тоа. Ги излажаа младите! Мицкоски им ја украде иднината. Го блокираше европскиот пат на Македонија Наместо надеж, младите добија неизвесност и изолација. Наместо перспектива, добија разочарување. Затоа денес секој трет млад човек размислува да ја напушти државата. Не затоа што не ја сака Македонија. Туку затоа што не гледа иднина во политиките на оваа власт. Мицкоски прво ги повикуваше младите да се врателе во Македонија, за веднаш потоа да им каже дека ќе ги менува за „економски работници“. Вистината е дека Платформата 1198 е една голема лага. Во реалноста на младите им останаа само разочарувањето. Прес конференција, Петар Огњеновиќ – СДММТагови: Петар Огњеновиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интересиФилипче отворено покажува дека е подготвен да оди и чекор подалеку од својот претходник Заев кога станува збор за исполнување на бугарските барања.Додека Бугарија продолжува да го оспорува македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче им објаснува на граѓаните дека нема причина за загриженост, затоа што за него националното предавството не е никаков проблем. Наместо да ги осуди ваквите бугарски позиции, тој ги релативизира и создава простор за нивно прифаќање. За Филипче нема црвени линии, нема национални позиции и нема државни интереси кои не би ги ставил на маса доколку процени дека така полесно ќе дојде до власт. Истата матрица ја гледавме кај Заев, а денес Филипче ја нуди во уште порадикална форма. Очигледно е дека Филипче не ја бара довербата од македонскиот народ, туку од оние кои со години вршат притисоци врз Македонија. Затоа и е најгласен кога треба да се оправдаат бугарските услови, а најтивок кога треба да се бранат македонските позиции. Граѓаните веќе еднаш ја платија цената на политиките на СДС и Заев. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволат истото сценарио повторно да се реализира преку Венко Филипче. Македонија нема потреба од политичари кои бараат власт преку национални отстапки, туку од лидери коишто знаат да кажат „не“ кога се загрозени македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПерински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршкаМинистерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација.На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење на административните капацитети и подобрување на квалитетот на локалните услуги. Беше отворено и прашањето за ажурирањето на базите на даночни обврзници, како еден од клучните процеси за зголемување на сопствените приходи на општините и обезбедување поодржливо локално финансирање. Посебен акцент беше ставен на алатките и механизмите што им стојат на располагање на општините за поефикасно планирање, управување и реализација на локалните политики и развојни проекти. „Директната комуникација со општините е најдобриот начин да ги препознаеме реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат. Ние направивме и системска проценка на потребите на општините, но и покрај тоа постојано сме вклучени преку директни средби. Редовно сме на терен и работиме заедно со локалните власти на изнаоѓање конкретни решенија. Ресурсниот центар е воспоставен да биде практична поддршка за општините и да им помогне поуспешно да ги извршуваат своите надлежности и да испорачуваат поквалитетни услуги за граѓаните“, изјави министерот Перински. Во рамки на средбата беше разговарано и за тековните и планираните инвестиции во општината. Преку двата јавни повика за финансирање на инфраструктурни проекти, за Општина Петровец се одобрени вкупно седум проекти во вредност од 100.727.775 денари. Градоначалникот Борче Митевски ја поздрави континуираната поддршка од Министерството за локална самоуправа и ја истакна важноста од постојаната комуникација меѓу централната и локалната власт. „За општините е од особено значење да имаат институционален партнер кој ги разбира нивните потреби и нуди конкретна поддршка. Проектите што ги реализираме со поддршка на Владата и Министерството придонесуваат за подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните, а Ресурсниот центар отвора дополнителни можности за унапредување на општинските капацитети“, истакна Митевски. Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините со цел непосредно согледување на локалните потреби и обезбедување навремена поддршка за нивниот развој.Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter