ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје
1ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
2Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје
БалканПеттина најбогати во Србија заработуваат 5,5 пати повеќе од 20 отсто најсиромашни, според државниот Завод за статистикаВо 2025 година, стапката на ризик од сиромаштија во Србија изнесуваше 19,6 отсто, и во споредба со 2024 година е пониска за 0,1 процентен поен. Стапката на ризик од сиромаштија или социјална исклученост изнесува 23,2 отсто, и во споредба со 2024 година е пониска за 1,1 процентен поен, наведено е во податоците од извештајот на Заводот за статистика - „Сиромаштија и социјална нееднаквост во 2025 година“. Во исто време, прагот на ризик од сиромаштија е зголемен на 45.674 динари за едночлено домаќинство. Тоа е зголемување на прагот за 1.068 динари во споредба со претходната година, 2024 година. Приходот што треба да го има семејство со двајца возрасни и едно дете под 14 години за да биде надвор од ризикот од сиромаштија изнесуваше 82.213 динари. Прагот за четиричлено семејство со две деца беше 95.915 динари месечно. Во извештајот е нагласено дека постои огромна раслојување помеѓу регионот на Белград и остатокот од Србија. Стапката на ризик од сиромаштија во регионот на Белград беше 8,4 проценти во 2025 година. Во Војводина стапката е значително повисока и изнесува 21 процент, во Шумадија и Западна Србија 22,8 проценти, а во Јужна и Источна Србија дури 27,7 проценти. Додека во Белград секој 12-ти жител е во ризик од сиромаштија, во Јужна и Источна Србија речиси секој четврти е во таков ризик. Намалувањето на сиромаштијата е во голема мера под влијание на пензиите. Стапката на ризик од сиромаштија пред исплатата на пензии и социјални трансфери изнесува 41 процент. Оние над 65 години се најизложени на сиромаштија. Во оваа категорија, стапката на ризик од сиромаштија е 25,8 проценти. Во последните три години, нивото на нееднаквост мерено со коефициентот Џини, исто така, се влоши. Лани беше 32, во 2024 година беше 31,9, а во 2023 година беше 31,7. Дотогаш, главно опаѓаше, што укажуваше на намалување на нееднаквоста, која инаку е меѓу највисоките во Европа. Инаку, вредноста на коефициентот Џини од 100 значи апсолутна нееднаквост, додека вредноста од 1 значи целосна еднаквост на приходите во општеството. Во Србија лани петтина домаќинства со најголеми приходи имале 5,5 пати поголеми примања од петтина од оние со најмали приходи. Претходните две години тој сооднос бил 5,6 пати. Кога станува збор за сиромаштијата во Србија, стапката на субјективна сиромаштија се намалува од година во година - лани 10,3 проценти одговориле „многу тешко“ во анкетата на РЗС на прашањето Како врзуваат крај со крај? Претходната година имало 11,4 проценти, а годината пред тоа, 31,1 процент. Во 2018 година - 23,5 проценти. Од друга страна, 11,3 проценти од нив велат дека „прилично лесно“ сврзуваат крај со крај, 2,6 проценти „лесно“ и само 0,5 проценти „многу лесно“ сврзуваат крај со крај. Сепак, 36,3 проценти од граѓаните сè уште не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома. Речиси истиот процент не може да покрие неочекуван трошок што треба да се плати од домашниот буџет. Повеќе од 14 проценти не можат да си дозволат месо или риба секој втор ден додека 9,3 проценти од луѓето не можат да си дозволат соодветно греење на својот стан, објави весникот Данас.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛСВо 21-то коло од сезоната во МЛС, „Минесота јунајтед“ оствари убедлива победа од 5–1 на гостински терен против „Сан Хозе“, но високиот резултат не беше она за што најмногу се зборуваше по натпреварот. Вниманието го привлече еден необичен прекин во првата минута од судиското надополнување, кога едно мало дете – на возраст од околу една година – залута на теренот. Судијата Џаир Маруфо ја прекина играта, иако телевизискиот пренос првично не ја откри причината за тоа. Коментаторката Киндра потоа ја разјасни ситуацијата со едноставна изјава: „На теренот има бебе“. Кратко потоа, камерите прикажаа како еден од редарите го изнесува детето од теренот. Редарите веднаш им го вратија детето на родителите, а идентитетот на семејството не беше откриен. baby > raccoon https://t.co/iDdwfmMcO8 pic.twitter.com/B6l2gc3e22 — Minnesota United FC (@MNUFC) August 23, 2026 „Минесота јунајтед“ исто така ја коментираше ситуацијата; покрај објавата за резултатот од натпреварот на социјалните мрежи, клубот духовито забележа: „Како да му земеш бонбона на бебе“. По победата, се огласи и тренерот на „Минесота“, Камерон Ноулс. „Слушнавме врева, па погледнавме да видиме што се случува. Можеби е малку рано за доживотна забрана за влез на стадионот“, се пошегува Ноулс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
МакедонијаЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и ЗелениковоЗачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково,. -На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинденинформираат од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во СкопјеKога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто што директно го засега секој граѓанин. Затоа определбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да изградиме здравствен систем кој ќе биде модерен, функционален и достапен за сите. Затекнавме здравство со сериозно запуштена инфраструктура, нефункционални установи, недоволна опрема и објекти во кои со години речиси ништо не било инвестирано. За да ги подобриме состојбите, фокусирани сме на реализација на Клиничка болница во Штип, Клиничката болница во Тетово, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност, како и студентскиот дом и факултетот за медицински науки. За овие проекти веќе беше објавен меѓународен повик за финансиери и веќе имаме добиено необврзувачки и индикативни понуди кои се поволни и прифатливи. Паралелно ја разгледуваме изградбата на големиот клинички центар во Скопје. Проект кој треба да биде еден од најзначајните здравствени проекти во современата историја на државата. Една од локациите што се разгледува е кај базенот Борис Трајковски, која е стратешка локација која има пристап до два булевара, до гасоводна мрежа и е во непосредна близина на обиколницата. Станува збор за локација во приватна сопственост и во тек се разговори со сопственикот за можност за замена на земјиштето. Нашата визија е да изградиме ултрамодерен клинички центар кој нема да биде само за Скопје и за граѓаните на Македонија, туку ќе создаде можност за да привлекуваме пациенти и од соседните држави. Планот предвидува и топол подземен премин под булеварот Илинденска кој ќе го поврзе новиот комплекс со постоечката болница 8ми Септември. Во целина се вклопуваат и ПЕТ центарот кој го развиваме како и поликлиниката Букурешт. Тоа значи создавање на целосно заокружен здравствен комплекс со современа инфраструктура и поврзани здравствени услуги. Од друга страна во изминатиот период целосно ги реконструираме оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата 8ми Септември. Целосно е реконструирано и одделението за трауматологија во Старата градска болница, објектот во кој со децении немало сериозна инвестиција. А во ГАК вложени се околу 110 милиони денари, од кои околу 35 милиони денари во реконструкција и околу 75 милиони денари во современа медицинска опрема. Во Клиничкиот центар Мајка Тереза веќе се реконструирани шест операциони сали, а во следните неколку месеци се очекува да бидат пуштени во употреба уште 4 современи операциони сали. Тоа значи дека ќе имаме вкупно 10 модернизирани операциони сали. Реновиравме повеќе од 10 здравствени објекти и клиники и набавивме современа медицинска опрема вредна неколку милиони евра. Со ова покажуваме дека проблем по проблем, болница по болница и клиника по клиника здравството го менуваме. Затоа нашата цел и заложба е граѓаните да добијат здравствени установи какви што заслужуваат современа опрема и здравствен систем кој ќе биде подготвен за иднината. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира денес за граѓаните да имаат подобро здравство утре. Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter