Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел
Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување
1Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел
2Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување
3Денеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората?
Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома
1Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома
3Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
ФудбалГвардиола откри зошто ги шокираше сите со раскрвавениот нос и лузните по главата (ВИДЕО)Жозеп Гвардиола го доживува најтешкиот период од својата блескава тренерска кариера.Но, повеќе од порази и лични и клупски негативни рекорди со Сити неодамна, тој ги загрижи сите со својот изглед и однесување на крајот на минатиот месец. Откако за првпат во тренерската кариера загуби пет натпревари во низа, се чинеше дека импресивно ќе ја прекине серијата на домашен терен против Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите. До 75. минута водеше со 3:0, но потоа по грешките на Гвардиола и Едерсон им дозволи на гостите да се вратат на 3:3. По натпреварот, Гвардиола на прес-конференцијата се појави со крвава расекотина на носот и многу црвени гребаници и модринки на главата. На прашањето на новинарот од каде се тие рани, Гвардиола одговори: „Со ноктот си го пресеков носот“, а потоа со насмевка додаде: „Сакам да се повредувам...“, стана и си замина. Раните и лузните на главата на Пеп и неговата реакција пред камерите на прашањето што се случило со него ги загрижи навивачите на Сити, но и фудбалските навивачи воопшто. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека ова е доказ дека Гвардиола е под преголем стрес и дека итно му треба одмор. Неговиот ваков изглед, како и „шеговитото“ објаснување зошто така се појавил во јавноста, предизвика бурни реакции. Поради ова, Пеп набрзо се извини. Тој изрази жалење што се исмева со самоповредување бидејќи, како што нагласи, тоа е сериозен проблем. Сега, речиси три недели подоцна, сериозно објасни од каде му се сите тие рани на главата: „Што се однесува до модринките на главата, имам проблеми со кожата. Две-три години пијам антихистаминици поради болеста. Носот го исеков со нокти, но другото не го направив“. Here is the clip.pic.twitter.com/L6PFy2LLnk — M¹⁵ (@m15_edits2) November 26, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЗдравјеКлековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите домаМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на Република Србија, д-р Златибор Лончар и го посети Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС).На почеток на средбата со министерот Лончар, Клековски се заблагодари за помошта што Србија ја пружи од првите часови по трагедијата во Кочани. Двајцата министри разговараа за натамошното лекување на повредените од Кочани во српските здравствени установи, според претходната иницијатива. Во фокусот на средбата беше соработката со референтните институции во Србија за високоспецијализирана здравствена заштита и зајакнувањето на капацитетите во Македонија, преку: упатување на лекување и високоспецијализирана помош за сложени состојби; второ мислење и стручни консултации со заеднички стручни тимови за сложени случаи; партнерства меѓу референтните центри во Србија и клиниките во Македонија — практична обука, стручни престои и менторство на клиничките тимови. Министрите разговараа и за дигитализацијата и интероперабилноста на здравствените информациски системи, со интеграција на податоците од јавниот и приватниот сектор. Србија го користи и системот „Мој термин“, кој е развиен во Македонија. Во Универзитетскиот клинички центар на Србија, најголемата здравствена установа во Србија, министерот Клековски се сретна со в.д. директорката, проф. д-р Јелена Друловиќ. На средбата стана збор за можностите за соработка меѓу УКЦС и универзитетските клиники во Скопје, за упатување на пациенти со сложени состојби, заеднички стручни консултации и стручни престои за македонските клинички тимови. Разговараа и за организациски прашања, а потоа ја посетија Клиниката за неврологија, со фокус на згрижување на лицата со мозочни удари и Центарот за мултипла склероза. „Целта не е нашите пациенти да патуваат подалеку, туку знаењето да дојде поблиску. Тоа што денес за сложените случаи го бараме надвор, со заеднички тимови, обуки и менторство утре треба да го имаме дома“, изјави министерот Клековски. Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Србија, Никола ТупанчевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел„Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци.Објавата на Трамп доаѓа само два дена откако најави дека се договори со Путин за увоз на руски дизел, но на ова се спротивуваат и републикански и демократски сенатори кои да се откаже од договорот, наведувајќи дека тој е спротивен на американскиот закон со кој се забранува увоз на енергенси од Русија сè додека не ја прекине агресијата врз Украина. „Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци. Тие посочија дека владата не се консултирала со Конгресот и не доставила објаснување за својата одлука, обврска што исто така е предвидена со закон. Трамп во петокот објави дека русија се согласила да испорачува дизел на светските пазари, а неговата администрација привремено ги укина американските санкции за руското гориво. Цените на дизелот се блиску до рекордно високи нивоа, што би можело да им наштети на републиканците на меѓуизборите во САД следниот месец. Според Трамп, Путин се согласил веднаш да ослободи 300.000 тони дизел за американскиот и глобалниот пазар, по што би следела испорака на 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони потоа. Володимир Зеленски остро го критикуваше договорот и го опиша како подарок за путин и инвестиција во неговата војна против украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗемјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширувањеВо четврток и петок во Европскиот совет ќе се дебатира за предлогот за воведување квалификувано мнозинство наместо едногласност при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. Во пресрет на систанокот еврокомесарката за поршпирување Марта Кос порача дека проширувањето ќе биде можно само за земјите кои ја имаат усогалсено безбедносната политика со Унијата. „Безбедноста станува се поважна за ЕУ и станува се поважна за процесот на проширување. Не можеме да си дозволиме да примиме нови земји членки кои нема да ја зголемат нашата безбедност, затоа стратешкиот правец станува се поважен. Минатата недела кога ги представивме резултатите од предпристапниот извештај, јасно кажавме дека само кандидатите коишто се во стратешка линија со нас, ќе можат да ни се приклучат“– Марта Кос, еврокомесарка за проширување. Иако идеја за промена во начинот на одлучување од консенсус во квалификувно мнозинство потекнува од Унијата, дел од аналитичарите не се оптимисти дека предлог ќе помине. Додека се чека конечната одлука на Европскиот совет за замена на едночасноста со квалификувано мнозинство, за пристапувањето на Западен балкан кон Унијата ќе се разговара и на Самитот ЕУ-Западен балкан кој ќе се одржи кон крајот на ноември во Брисел, на кој ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски кој претходно ќе оствари средба и со еврокомесакраката за порширување Марта Кос. Дали дотогаш ќе има уште една средба со бугарската страна, Мицкоски не прецизираше, но порача дека надминување на блокадата е можно само преку дијалог и прилижување на ставовите меѓу двете земји. Според аналитичарите добор е што дијалогот ќе продолжи, но се скептични дека само преку разговори може да се дојде до решение. Идната недела премеирот Мицкоски ќе биде дел и од Берлинскиот процес кој ќе се одржи во Црна Гора, која пак денеска затвора три преговарачки поглавја со Европската Унија, наместо претходно најавените две. Според тамошните власти ова дополнително ја приближува Црна Гора до целта да стане членка на Унијата до 2028 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00