Гувернерот на Тексас, кој се противеше на рестриктивните мерки, позитивен на корона

Гувернерот на Тексас Грег Абот, кој е целосно вакциниран, синоќа објави дека неговиот тест за коронавирус е со позитивен резултат, јавија американските медиуми.

Абот е против воведување нови мерки за носење маски и неговите укази поврзани со коронавирусот се оспорувани на суд.

Републиканскиот гувернер има симптоми, „се тестира дневно и денеска за првпат тестот беше со позитивен резултат. Тој ќе се изолира во гувернерската резиденција и ќе продолжи да се тестира дневно", изјавија од неговиот кабинет.

Во соопштението се наведува дека гувернерот Абот прима моноклонал терапија со антитела на Регенерон, користена и од поранешниот претседател Доналд Трамп лани кога доби коронавирус.

Првата дама на Тексас, Сесилија Абот, се тестирала и резултатот е негативен.

Абот е даден на суд од Белата куќа поради наредбата државни трупери да стопираат возила за превоз на имигранти на американско-мексиканската граница за проверка дали тие се заразени. Здравствените експерти укажаа дека ризикот имигрантите да имаа вирус не е поголем од истиот таков ризик за сите други патници кои ја преминуваат границата.

Гувернерот ги повика болниците да запрат со неитните процедури и да ангажираат кадрови компании за ангажман на работици од други држави, додека илјадници пациенти се сместуваат во болниците и има недостаток од болничари и медицински сестри за нивна нега. Причина за ова се исцрпените државни фондови.Тој ја задржа наредбата за забрана на носење маски и за вакцинирање.

Абот и неколку други републикански гувернери порачаа дека родителите треба да одлучат дали децата треба да носат маски на училиште. Но зголемниот број на хоспитализации ги алармираше родителите дали да ги праќаат децата на школо каде не се носат маски и вирусот може да се пренесе.

Тексас е една од државите во САД со најголема стапка на заболеност од Ковид-19, со повеќе од 16.000 нови случаи дневно.

Четириесет отсто од сите нови хоспитализации во САД се само во Тексас и Флорида, според соопштение од Белата куќа. Заклучно вчера, неделниот просек од нови инфекции во Тексас изнесуваше 15.445, додека неделниот просек на смртност е 92 лица.

Пред две недели, Државната здравствена служба на Тексас порачала пет трејлери за превезување тела, јави Вашингтон пост.

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

Убавина од природа близу Тиквешко Езеро

Прекрасна природа и студена изворска вода ни посакаа добредојде во кавадаречкото село Драдња, во близина на Тиквешкото Езеро.

МИА деновиве фотографираше прекрасни камени градби изградени во минатото, полни со животни приказни и тајни. Во нив некогаш со многу љубов се делеле семејните тага и радост. Се запрашавме, што е тоа толку мистериозно убаво во нив, та, зрачат од убавина, дури и кога кровот се урива, а прозорците се искршени или едвам се држат. Дрвјата околу нив, само ја збогатуваат таа волшебна селска идила.

За жал, магичните дрвени чардаци како од приказните, беа празни, никој не уживаше во нивната убавина. Немаше кој да ги одмара очите загледувајќи се во пространите зелени килими од тревата збогатена со утринска роса. Да ти е жал да згазнеш, да не ја растуриш магијата создадена од раката на мајката природа.

До многу од куќите едвам се стигнува поради грмушки, оти таму со години не стапнала човечка нога.

Сета оваа убавина е распослана на околу седум километри од Тиквешко Езеро, доколку се движите по земјениот шумски пат. Многу побрзо ќе стигнете до езерската шир, ако одлучите како нас, да пропешачите низ тој дел на Тиквешијата и од ридот се спуштите право кон езерото. Патем, можете да другарувате со дрвјата, птиците, инсектите.

Море од лозја по патот

Прошетката до Драдња, па до Тиквешко Езеро, ја започнавме со пешачење од селото Дреново, заедно со планинарите на планинарското спортско друштво „Орле" од Кавадарци. Нашата камера ги регистрираше лозовите насади по патот, од кои се прават извонредни вина и ракии, маџун и други производи од грозје, по што е препознатлив овој крај.

- Располагаме со волшебна природна убавина, која заслужува да биде видена од светот. Но, за тоа е неопходно да се уреди патот до селото што е одамна иселено и да се создадат услови за развој на селскиот туризам. Држави со развиен туризам ги препознаваат ваквите потенцијали и ги негуваат и заработуваат од нив. Неопходно е и кај нас да се преземат активности за промоција на оваа, би рекол рајска убавина, ни рече 57 годишниот Зоран Михов, единствениот човек што го сретнавме во селото, додека одмаравме крај изворската вода, од која не престанувавме да пиеме.

Тој ни раскажа дека оваа селска средина некогаш броела и до осумдесетина куќи полни со живот. Луѓето се замимавале со земјоделство и сточарство. Најмногу се иселиле во шеесетите години од минатиот век, кога била изградена браната на езерото. Луѓето заминале за да работат, главно во фабрики. Самиот бил роден во Кавадарци, но бидејќи татко му потекнувал одовде, Драдња била отсекогаш дел од неговиот живот, од најмали нозе, до ден денешен.

- Кај и да одам, тука постојано се враќам, крај семејното огниште. До пред некоја година имаше по некој од постарите постојани жители, изумреа и сега никој веќе не живее тука преку целата година. Во пет куќи повремено доаѓаме неколкумина, поради лозарството, морето од лозја што ги имаме во овој крај. Сепак, ми се чини дека најмногу доаѓаме поради чистиот воздух. Низ годините работев во фабрика со прашина и доаѓањето тука ми доаѓа како лек, како мелем на рана, коментираше тој.

Златомани доаѓаат по скриени богатства

Михов, кој одгледува и пчели во Драдња, ни откри дека во селото доаѓаат блиски на оние што некогаш се иселиле, за да видат кај им се корените, но и љубители на природата, авантуристи, да побегнат од градскиот асфалт, за да уживаат и да ги наполнат батериите, што се вели.

- Горе на ридот е околу 800 метри надморска височина, тука долу, околу 500 метри. Искрено да кажам, доаѓаат и златомани, трагачи по злато, по закопано богатство од дамнешни времиња. Ги бркаме, ама не бива, трчаат наоколу со детектори, со најразлични апарати. Најмногу трагачи има во месноста „Забот", таму горе на ритчето. Им викаме, уште еднаш да не ги видиме тука, ама не се разбираат. Бараат и раскажуваат како имале најдено пари на други места, идат со бесни џипови, ни раскажа тој.

Михов ни објасни дека си ја реновирал куќата во селото.

- Можев да изградам куќа во викенд населба крај езерото, поблиску до езерската вода, но тука ми е некако помирно, природата е понедопрена. Ме влече ова место, ова парче земја, повторно и повторно да доаѓам. Струја има, а вода полниме од селската чешма. Природна студена изворска вода, ако наполниш, го поти шишето, толку е ладна, додаде тој.

Драдња е околу 24 километри оддалечено од Кавадарци. До браната на езерото води асфалтиран пат.

- Останатите седум километри се поминуваат по земјен, шумски пат. Се оди со патничко моторно возило, лека кола, што би се рекло, ама подобро е ако се доаѓа со малку потеренски возила. Бараме да се уреди овој пат за развој на селски туризам, рече нашиот соговорник.

Тој сподели со нас дека низ годините, жителите од ова село важеле за добри мајстори, занаетчии. Којзнае, можеби токму поради тоа камените градби му пркосат на времето и ја задржале својата убавина, дури и кога полека, полека се уриваат. /МИА

Осветување на новиот крст во Драчево

На верскиот празник Цветници, денеска, во 12 часот, ќе биде осветен крстот во Драчево, поставен од Општина Кисела Вода во соработка со Светскиот Македонски Конгрес.

Осветувањето на крстот ќе го изврши поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Пред чинот на осветувањето, ќе настапат пејачите Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, како и мешаниот камерен хор „Свети Климент Охридски”.

притисни ентер