Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај
2Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај
3Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
2Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
ФудбалГути го повика Реал да го врати 38-годишниот Рамос поради повреди на дефанзивцитеПоранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути ги повика одговорните во клубот да го ангажира 38-годишниот Серхио Рамос.Дефанзивците на Реал Мадрид, Даниел Карвахал, Давид Алаба и Лукас Васкез се повредени. Едер Милитао вчера се здоби со скинати вкрстени лигаменти на коленото. -Погледнете го загриженото лице на Анчелоти. Милитао е многу важен играч, штотуку се врати од повредата минатата година. Плус повредата на Карвахал. Алаба има долга повреда. Треба да излеземе на пазарот. Рамос остана без тим. Десен бек и среден бек. Јасно го гледам овој договор, и тоа по нула цена. Минатата година играше во Севиља и имаше добри настапи. Личност која беше во тимот, која беше активна лани. Кој продолжува да се грижи за себе и може да игра овие шест месеци, изјави Гути. Останува да се види дали раководството на „кралскиот клуб“ ќе се согласи во тимот да го врати Серхио Рамос, опција за која шпанските медиуми пишуваа и пред еден месец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со БугаријаКаков е планот на Владата за деблокада на македонските евроинтеграции, кои се очекувањата и рокот кога Македонија ќе преземе следен чекор за излез од ќорсокакот- европската перспектива на државата во фокусот на опозициските пратенички прашања.Премиерот Мицкоски пред пратениците дециден дека ЕУ останува стратешка цел за Македонија и тука, како што рече, нема поместување ниту милиметар. Тој нагласи дека Владата ќе го продолжи дијалогот со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот. Премиерот одговараше и на прашања за улогата на министрите Албанци во државното одлучување за националните прашања и македонскиот идентитет. Според Мицкоски наместо дел од пратениците од албанската опозиција да ја дефокусираат јавноста и да ги бранат ДУИ, треба да се извинат за грешките коишто ги направила претходната Влада за уставното име и францускиот предлог. Од Левица побараа одговори од премиерот за можен судир на интереси и поврзаност според нив на роднини на Мицкоски со бизнис фирми во Бугарија и финансиски интереси. Мицкоски ваквите наводи на Апасиев ги оцени како клевети и повика обвинувањата да се изнесат на прес конференција за да се соочат на суд. Меѓу темите на интерес на опозицијата беа и економијата, здравството и животната средина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случајМногу контроверзи го пратат случајот со бегството на Ива Михаилова во Бугарија, кои отвораат редица дилеми.Околу нив но и околу ретроспективата на овој случај деталите ги има Михајло Видимлиски. Во видеото погледнете ја целата ретроспектива. -Случајот со 23 годишната Ива Михаилова од Кочани која поседува и македонско и бугарско државјанство отвори низа прашања околу тоа како лице обвинето за сообраќајна несреќа со смртни последици, на кое му биле определени мерки за обезбедување присуство, се нашло во друга држава и зошто институциите немаат евиденција за нејзиното преминување на границата? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?Инспектори на Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат ја проверуваат медицинската документација на Ива Михаилова на Клиниката за неврологија каде се лекувала по сообраќајната несреќа, потврди директорот на клиниката, Јован Божиновски .Инспектори на Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат ја проверуваат медицинската документација на Ива Михаилова на Клиниката за неврологија каде се лекувала по сообраќајната несреќа, потврди директорот на клиниката, Јован Божиновски кој лично побарал да се провери нејзиното здравствено досие. Михаилова на клиниката се јавила еден и пол месец по сообраќајката во која е обвинета дека ја предизвикала и таму била задржана три дена. Лекувањето го извршил доктор Иван Барбов кој констатирал дека Михаилова има скршен пршлен што ѝ предизвикало проблеми со движењето. Барбов за Канал 5 појаснува дека таа немала здравствено осигурување во Македонија, а методот на лекување што ѝ го препорачал најблиску го имало во соседна Бугарија. Тврди дека не знаел за обвинението на Михаилова како учесник во сообраќајна несреќа. Михаилова втор ден е во клиниката Пирогов во Софија на лекување. Од таму за Канал 5 потврдуваат дека таа е хоспитализирана таму, но не откриваат каква дијагноза утврдиле кај неа. Министерот за здравство Сашо Клековски, пак, во актуелната ситуација не гледа здравствен случај. Се сомнева дека Михаилова се решила на бегство по најавите дека ќе дојде лекарски конзилиум од Бугарија за со македонските колеги заеднички да ја констатира нејзината состојба. Михаилова побегна во Бугарија само два дена откако министерот Муцунски по средбата со бугарската колешка Петрова Чамова во Софија соопшти дека како гест на добра волја, Македонија е подготвена да дозволи тим бугарски доктори да дојдат и да се запознаат со нејзината здравствената состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter