Гутереш: Застрашувачки зголемен бројот на случаи на семејно насилство во светот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди во видео порака за „застрашувачкото глобално зголемување“ на семејното насилство во кризата со коронавирусот и ги повика владите да направат поголеми напори за да спречат насилство врз жените.

„Знаеме дека изолацијата и карантинот се неопходни за борба против Ковид-19. Но, тие можат да бидат стапица за жени со насилни партнери“, нагласи гутереш, кој ги повика владите ширум светот да обезбедат континуирано гонење на насилниците, како и да воспостават засолништа за најранливите категории на граѓани за време на кризата

притисни ентер