Гутереш: Заев и Ципрас да ја добијат Нобеловата награда за мир - Канал 5

Гутереш: Заев и Ципрас да ја добијат Нобеловата награда за мир

 Успешниот епилог на Договорот од Преспа.

Гутереш: Заев и Ципрас да ја добијат Нобеловата награда за мир

Како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО е од исклучително значење за регионот и за цела Европа, но пред се е голем успех за Обединетите нации (ОН), за Европската унија и за НАТО, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на денешната работна средба со заменик -министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.

Гутереш, како што соопшти владината прес-служба, искажал поддршка годинашната Нобелова награда за мир да ја добијат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, токму поради постигнувањето на Договорот.

-Со овој историски Договор е затворено прашањето кое не само што ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Република Северна Македонија во изминатите 27 години, туку и создаваше судир помеѓу двете соседни држави. На овој начин, двајцата премиери покажаа политичка спремност да донесат политички одлуки со кои се овоможува трајна стабилност во регионот и во Европа. Нивниот личен напор и спремност за компромис за добробит на граѓаните на двете земји се најдобар пример за мудро и долгорочно визионерство, кое е одлика исклучиво на вистинските лидери, истакнал Гутереш на средбата со Жерновски во седиштето на ООН во Женева.

Од страна на двајцата соговорници беше изразена благодарност до амбасадорот Нимиц за неговите лични заложби во решавањето на спорот за името, констатирајќи дека неговата дипломатска умешност и трпеливост од речиси три децении, заслужуваат длабока почит.

Заменик – министерот Жерновски на Гутереш му ја пренесе благодарноста од нашата Влада за силната и континуирана поддршка што ОН и ја даваше на земјава за време на целиот процес на преговори за изнаоѓање решение за името што се водеа под покровителство на ОН, како и за целиот процес на спроведување на Договорот од Преспа.

Воедно, на средбата се разговараше за активностите на Владата во врска со спроведувањето на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно од Договорот со Грција. Генералниот секретар информирал и за доставените писма од негова страна до претседателот на Советот за безбедност и до претседателот на Генералното собрание на ОН, со кои ги известил за влегувањето во сила на Конечната спогодба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за вториот ребаланс на буџетот за 2026 година. Поднесени се вкупно 124 амандмани.

Во Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Со новите проекции, приходите се намалуваат на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари. Најголемото намалување е кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бдп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава. 

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието – Африм Гаши како и со вицепремиерот Александар Николоски.

На вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, тие го го потврдија високото ниво на пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

На средбата стана збор и за денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“. Откриен идентитетот на сторителите.

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“

„Binance“, најголемата светска берза за криптовалути, синоќа потврди дека во хакерски напад биле украдени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари, пренесува BBC.

Компанијата соопшти дека, со помош на партнерски платформи, успеала да замрзне приближно половина од таа сума, додавајќи дека ќе ги „покрие сите настанати загуби“.

Првичните внатрешни проверки укажуваат на тоа дека пробивот веројатно потекнува од компромитиран лаптоп што му припаѓал на еден од нивните инженери, што му овозможило на напаѓачот неовластено да повлече огромни парични суми. Истрагата укажува на познати севернокорејски хакери.

Компанијата за истражување на сајбер-безбедност „TRM Labs“, која во своите истраги користи вештачка интелигенција, го припишува овој пробив на севернокорејската хакерска група „TraderTraitor“.

Овој напад далеку го надминува претходниот рекорд – кражбата од 2025 година на берзата „Bybit“, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

„Оваа проценка ја даваме со висок степен на сигурност“, наведуваат од TRM Labs во својот извештај, додавајќи дека неколку елементи од нападот целосно се совпаѓаат со претходни операции поврзани со режимот во Пјонгјанг, вклучително и инцидентот со Bybit.

Ари Редборд, главен аналитичар во TRM Labs, изјави за BBC дека овој грабеж претставува „пресвртна точка“, каква што крипто-индустријата досега нема доживеано. Тој додаде дека сторителот сè уште поседува огромна сума од украдените средства, што значи дека потрагата по нив всушност допрва започнува.

Од Binance не одговорија директно на прашањето на BBC за можна поврзаност со Северна Кореја, туку само наведоа дека „тесно соработуваат со органите на прогонот за да ги идентификуваат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер