„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
1„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
СветГутереш: Убиството на над 100 Палестинци во Газа бара ефикасна и независна истрагаГенералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека убиството на повеќе од 100 лица, кои чекале хуманитарна помош во Газа, е ситуација која бара ефикасна и независна истрага.Гутереш, во Сент Винсент и Гренадини, пред самитот на Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите, изјави дека е „шокиран“ од последниот инцидент во војната меѓу Израел и Газа, пренесуваат британските меидуми. Генералниот секретар на ОН, одговарајќи на прашања за неуспехот на неодамнешната резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се бараше прекин на огнот во Појасот Газа, нагласи дека влошувањето на геополитичките поделби „го трансформира правото на вето во ефикасен инструмент за парализа на Советот за безбедност. " -Апсолутно сум убеден дека ни треба хуманитарен прекин на огнот и безусловно и итно ослободување на заложниците и дека треба да имаме Совет за безбедност способен да ги постигне овие цели, рече Гутереш. Претходно, САД ја блокираа изјавата на Советот за безбедност на ОН, предложена од Алжир и поддржана од арапските земји, која би ги обвинила израелските сили дека отвориле оган врз Палестинците кои чекале испорака на храна и друга хуманитарна помош во близина на градот Газа и убиле повеќе од 100 луѓе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаЦрн петок: Како да препознаете вистински попуст и да избегнете замки?Најпознатиот шопинг ден традиционално ги полни трговските центри, чии излози се преплавени со етикети со големи проценти на попуст. „Black Friday“ е денот кога купувачите ловат поволни цени, а трговците очекуваат зголемен промет. Но секоја година постои и дилемата колку овие намалувања се реални, а колку се само маркетинг стратегија? Граѓаните кои ги анкетиравме се со поделени мислења. Дел сметаат дека трговците претходно ги зголемуваат цените, а потоа ги намалуваат за време на шопинг-деновите, други пак сметаат дека може да се најдат поволни зделки. За да се спречат манипулации, на терен се и инспекторите. Од ДПИ најавија засилени контроли, а околу 40 инспекциски тимови низ државата ќе ги следат трговците и ќе проверуваат дали намалувањата се законски и реални. Од таму потсетуваат дека трговците мора да ја прикажат најниската цена по која производот се продавал во претходните 30 дена. - На овој ден, пред да ги потрошите вашите заштедени пари, уверете се дали попустите се навистина реални, со оглед на тоа што и од Организацијата на потрошувачи предупредуваат за можни манипулации со цените. Неретко шопингот по пониски цени знае да наликува и на стампедо, па наместо со задоволни купувачи да заврши со инциденти и материјална штета. Ваков случај годинава во Австралија стана вирален на социјалните мрежи, каде што попуст од 50% претвори продавница за спорстка облека во бојно поле на купувачите. Годинава наместо за агресивни продални кампањи, неколку светски познати брендови се одлучија за поинаков пристап. Дел од нив дооштија дека нема да организираат попусти во своите онлајн и физички продавници, со образложение дека намалувањата ја наушуваат вредноста на производите и создаваат навика кај купувачите да чекаат само на попусти. Дел од компаниите пак го истакнуваат и етичкиот момент, предупредувајки дека ваквите попусти поттикнуваат прекумерна потрошувачка и купување на производи што реално не им се потребни на потрошувачите. Тагови: Црниот петок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови униформи, боди-камери и апликација за сејф-сити: Што најави министерот Тошковски?„Нема да има веќе не видов или не беше така“, секој полицаец во земјава идното лето ќе добие „Боди – камера“ која исто така ќе ја утврдува состојбата на терен, особено при пријави на семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи .„Нема да има веќе не видов или не беше така“, секој полицаец во земјава идното лето ќе добие „Боди – камера“ која исто така ќе ја утврдува состојбата на терен, особено при пријави на семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој во вчерашното „Само Интервју“ кажа дека камерите ќе имаат директна видео-врска со команден центар и ќе доведат до попрофесионална полција, а и поради ова, очекува МВР да се прочисти од оние кои ги заобиколуваат процедурите и законите. -Боди-камера, која што не е обична боди-камера, туку е боди-камера која покрај другото може да преведе и на повеќе од 40 јазици во живо, може да испрати видео-сигнал до команден центар, може врз основа на вештачка интелигенција да утврди одредени факти кои што така едноставно не можат да бидат утврдени и се она што ќе се утврди како фактичка состојба, а при овие констатирања и повици за семејно насилство особено ќе бидат должни да ја имаат боди-камерата на себе,- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Наскоро видео-повик со ЦУК и МВР при пријавување ќе можат да остварат и жртвите додека насилникот ги тепа или малтретира во моментот, запис кој како и кај боди камерите на полицајците, ќе се користи како доказ на суд. -Жртва како што може сега да се јави и гласовно да комуницира со МВР преку ЦУК, така во идинина ќе може да оствари видео-повик со ЦУК и со МВР, кој што видео повик во рамки на доказите кои што ќе бидат евидентирани, ќе можат да се користат во рамки на судска постапка,- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. До крајот на годината полицајците ќе добијат и нови униформи, налик на австриските, кажа министерот, а како новина ја најави и апликацијата за Сејф – Сити која граѓаните ќе можат да си ја преземат на своите мобилни телефони, преку која, меѓудругото, ќе можат да си ги плаќаат и казните. Наскоро системот ќе може да регистрира и несоодветно паркирање, кое особено ќе се „лови“ на булеварите. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанецЕкспресно, за само пет дена, полицијата го расчисти убиството на 38-годишниот маж кај Смилковското Езеро во Скопје. Вчера бил уапсен 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, против кого денеска Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по брза постапка за убиство. Како што информираат од МВР, до осомничениот полициските инспектори дошле по серија оперативни сознанија , а тој во службениот разговор со полицијата го појаснил и начинот на извршување на кривичното дело. -Вчерта по преземени оперативно тактички мерки на полициски службеници на единицата за насилен кримнал лишен од слобода е Б.Ј. од Скопје поради сторено дело убиство. Лицето е лишето од слобода по претходна пријава на 21 ноември кога поретходна пријав а во СВР Скопје на кога случаен минувач на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци забележал безживотно тело на маж. По извршениот полициски увид било утврдено дека станува збор за 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, на чие тело била констатирана прострелна рана во пределот на ногата,- изјави – Гоце Андреевски, МВР. Инаку, во непосредна близина на телото беше пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот. По целосното документирање на случајот, денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривичното дело „убиство“, велат од мвр. Засега не се знае мотивот за убиството, ниту во каков однос биле осомничениот и убиениот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter