Гутереш го отфрли израелскиот план за контрола на хуманитарната помош за Газа - Канал 5

Гутереш го отфрли израелскиот план за контрола на хуманитарната помош за Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска го отфрли новиот израелски план за контрола врз хуманитарната помош за Појасот Газа.

Гутереш го отфрли израелскиот план за контрола на хуманитарната помош за Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска го отфрли новиот израелски план за контрола врз хуманитарната помош за Појасот Газа, оценувајќи дека тоа отвора можности за „понатамошна контрола и бездушно ограничување на помошта до последната калорија и зрно брашно“.

– Да бидам јасен – нема да учествуваме во никакви ангажмани кои не ги почитуваат хуманитарните принципи: хуманост, непристрасност, независност и неутралност, изјави Гутереш.

Хуманитарна помош не е испорачана во Газа од 2 март. Израел одби да дозволи влез на каква било помош додека Хамас не ги ослободи преостанатите заложници.

Израелската агенција КОГАТ, надлежна за цивилните прашања во палестинските територии, минатата недела понуди „структуриран механизам за следење и влез на помошта“, уверувајќи дека тоа ќе ја спречи злоупотребата од страна на Хамас. Но, според високиот претставник на ОН во Газа, Џонатан Витл, нема докази дека хуманитарната помош досега била пренасочена.

Гутереш истакна дека Израел како окупациска сила има јасни обврски според меѓународното хуманитарно право – да го олеснува пристапот до храна, медицинска и санитарна помош. Според него, „ништо од тоа не се случува во моментов“.

Тој повторно повика на итен прекин на огнот, безусловно ослободување на заложниците и целосен хуманитарен пристап во Газа.

Покрај тоа, генералниот секретар на ОН изрази загриженост за најранливите земји во развој поради трговските војни, оценувајќи дека тие ќе имаат „разорни последици“.

– Трговските војни се штетни. Никој не победува, сите може да изгубат, додаде Гутереш./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ноември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современоста

Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ ....

Ноември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современоста

Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ и простор на културно паметење. Во неа се испреплетуваат јубилејни проекции на значајни остварувања од македонската кинематографија, современи домашни и регионални продукции, филмски дела од азиските кинематографии и можности за повторно откривање на авторите чие творештво оставило трајна трага во нашата културна историја. Посебно место во овој репертоар зазема документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов, кој годинава одбележува половина век од својата премиера. Проекцијата е закажана за 28 ноември.

Ноемвриската програма започнува со Етнолошкиот филмски фестивал на 3 ноември, по што следува Неделата на јапонски филм, распоредена во неколку вечери меѓу 4 и 10 ноември. Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од премиерата, на програмата е „Тајната книга“ (2006) на Владо Цветановски. Друго важно историско навраќање е проекцијата на „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, закажана за 18 ноември, по повод 55 години од премиерата.

Програмата за ноември не останува затворена во историските ретроспективи. Современите продукции ја прошируваат перспективата кон теми што ја определуваат денешната општествена стварност: моќта на корпорациите, историската траума, родовите нееднаквости и наследството на политичките поделби. Во рамките на овој циклус филмови, посетителите ќе можат да ги погледнат „Којотот против системот“ (Coyote vs. Acme, 2026), во режија на Дејв Грин, „Сирак“ (Árva, 2025) на унгарскиот режисер Ласло Немеш и „Скејтбординг не е за девојчиња“ (2026), во режија на Дина Дума.

За југословенското наследство и современите идентитетски потраги ќе стане збор во филмот „Југо оди во Америка“ (Yugo ide u Ameriku, 2026), во режија на Филип Грујиќ и Алекса Броковиќ, кој на репертоарот на Кинотеката е на 11 ноември.

Во ноемврискиот репертоар е најавена и ретроспективна проекција на дела од творештвото на Дарко Марковиќ, на 21 ноември, како и Недела на грчки филм, предвидена за 25, 26 и 27 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца!

Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените  дури два месеца!

И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125).

Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари.

YouTube video

Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар.

Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна

Наставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува *Welt*.

Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна

Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако било откриено дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час настава.

Како последица на тоа, регионалните власти наредија нејзино принудно пензионирање. Сепак, наставничката ја оспорува оваа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф.

Нејзината цел е да продолжи да ја прима својата целосна плата (како да е активна во службата), наместо стандардна пензија – која, во нејзиниот случај, би изнесувала приближно 4.000 евра месечно. Обвинителството бара затворска казна, како и враќање на 248.000 евра, за кои постои сомневање дека биле противправно присвоени.

Нејзините деловни активности ја прават состојбата на наставничката уште посложена .

Имено, иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа активно развивала козметички производи – за што дури добила и претприемачка награда. Овој случај исто така привлече значително внимание во јавноста поради пошироката ситуација во Дизбург.

Градот со години се соочува со сериозен недостиг на наставен кадар во своите 128 училишта, кои опслужуваат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти покренаа посебни кампањи кои вклучуваат воведни обиколки на градот и стимулации, како што е привремено сместување без плаќање кирија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер