Гутереш повика на итен прекин на огнот во Газа - Канал 5

Гутереш повика на итен прекин на огнот во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изрази огорченост поради последните израелски напади врз Газа и повика на итен прекин на огнот и итно доставување хуманитарната помош.

Гутереш повика на итен прекин на огнот во Газа

„Огорчен сум од последните израелски напади во Газа, во кои загинаа стотици луѓе“, рече Гутереш.

Тој, исто така, изрази жалење поради смртта на еден член на персоналот на ОН и ранувањето на уште петмина, откако израелските напади погодија два објекти на ОН во градот Деир ал Балах во Појасот Газа.

Пресуда за „модуларна болница“: По една ипол година затворски казни за ексдиректорите

На првото судење Бесими и Етеми беа условно осудени, но по жалба на Обвинителството апелација го врати предметот назад во судница.

Пресуда за „модуларна болница“: По една ипол година затворски казни за ексдиректорите

Екс-директорите на тетовската болница Бесими и Етеми добија по година и пол затвор на повтореното судење за модуларната болница, поради непоставување на ПП апарати во монтажните објекти и со тоа, како што стоеше во пресудата, од небрежност предизвикале општа опасност. Според обвинетиот, тогашен директор Бесими, вистината во овој случај не е разоткриена, ниту, како што кажа, семејствата на загинатите ја добиле правдата.. најави дека ќе ја обжали пресудата на апелација...

-Уште потешко од сето тоа е неправдата, зошто ова судење не беше да се открие вистината, ниту да се најдат виновниците за оваа трагедија, не беше да се отркие зошто настанал пожарот, кој е одговорен за изградба на објектот што изгоре како хартија, кој дозволи животите на луѓето да бидат ставени во опасност, не, ова судење се претвори во лов на вина против оние, што ниту имале моќ, ниту одговорност за оваа трагедија. Мене ме обвинија за недостаток на ПП апарати, а во постапката докажавме дека имало ПП апарати. – Флорин Бесими – екс-директор на тетовската болница

Незадоволни од пресудата, судницата во ОС Тетово ја напуштија и од семејствата на загинатите во пожарот, а преку своите бранители ќе ја бараат правдата кај повисокиот суд.

-Не велам дека немаат вина и тие ама вината е „погоре“ си знае државата каде е вината. - Мумин Исмаили – Син на жртва во пожарот

Тетовската болница, како правно и третобвинето лице доби казна од тетовскиот суд доби казна од 16.000 eвра.. и за нив пресудата е неприфатлива, најавија жалба.

-За нас оваа пресуда е неприфатлива, истата е последица на грешно утврдена фактичка состојба и грешно толкување на одредбите од законот за кривична постапка.- Ваљон Аблухамиди – Бранител на ЈЗУ Клиничка болница Тетово

На првото судење Бесими и Етеми беа условно осудени, но по жалба на Обвинителството апелација го врати предметот назад во судница.

-Обвинителот не беше во судница да ја слушне пресудата, па оттаму останува непознато дали ќе ја обжали ваквата одлука и дали евентуално ќе има проширување на истрагата како што бараат семејствата на загинатите.

За пожарот што се случи на 8 септември 2021, во обвинителството за организиран криминал и корупција веќе неколку години се води предистражна постапка, но без конкретен исход. Според германските вештаци ангажирани од обвинителството, до трагедијата во која загинаа 14 луѓе дошло откако се запалил продолжен кабел на кој бил приклучен дефибрилатор и полначи за телефон.

YouTube video

Лишен од слобода косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово.

Лишен од слобода косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

На 15.05.2025 околу 04.10 часот на автопатот Куманово-Скопје, во близина на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ запреле и извршиле контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од турски државјанин, а кој сообраќал на релација Турција - Бугарија - Македонија - Косово.

При прегледот на патниците, кај М.Ш.(36) од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стармер: Путин не е сериозен за мирот

Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Тирана изјави дека „Путин не е сериозен во врска со мирот и ги одолговлекува работите“.

Стармер: Путин не е сериозен за мирот

Страмер, кој учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, одговарајќи на новинарско прашање, изракна дека „она што го видовме вчера е уште еден доказ дека Путин не е сериозен во врска со мирот и ги одолговлекува работите“.

- Затоа е неопходно да имаме апсолутно единство со нашите сојузници и денеска ќе разговараме за тоа, за да биде јасно дека има прекин на огнот. Исто така, да биде јасно, ако не дејствуваме заедно за санкциите, нема да има прекин на огнот, посочи Стармер.

Тој додаде дека „денеска е важна, вистинска можност, да се работи со колегите за да бидеме целосно обединети, претседателот Зеленски ќе биде тука, ќе разговараме за тоа со него“.

На прашањето како одвиваат разговорите за Брегзит, британскиот премиер рече дека „всушност, во изминатите две недели видовме трговски договор помеѓу Индија и САД, што е многу важно, мислам дека тоа ќе продолжи. В понеделник ќе има нешто што ќе биде многу важен момент за подобрување на животот на работниците. Ова е многу позитивно за да се радуваме на Самитот во понеделник“. /МИА

притисни ентер