Гугл претстави ВИ апликација за диктирање- ги поправа грешките и го трансформира текстот - Канал 5

Гугл претстави ВИ апликација за диктирање- ги поправа грешките и го трансформира текстот

Google користи напредни модели на вештачка интелигенција од Gemma за оваа апликација, која го препознава говорот директно на уредот, објавува Tech Crunch.

Гугл претстави ВИ апликација за диктирање- ги поправа грешките и го трансформира текстот

За разлика од стандардните снимачи на глас кои верно го снимаат секое пелтечење, Eloquent користи вештачка интелигенција за да ги „испегла“ вашите мисли.

Штом ќе притиснете пауза, апликацијата автоматски ги брише мрморењата како „ова“, „тоа“ или „хм“, оставајќи го зад себе чист и готов текст.

Покрај тоа, корисниците имаат брзи опции за трансформирање на текст, како што се извлекување клучни точки, префрлување на говорот во професионален тон и автоматско компресирање или проширување на снимката.

Апликацијата може да се поврзе и со Gmail сметката на Гугл и на тој начин да „научи“ специфични имиња, технички жаргон и клучни зборови што се користат, така што транскрипцијата е беспрекорна.

Eloquent моментално е достапен само за корисници на iPhone, но описот во продавницата за апликации на Apple споменува и верзија за Android.

Google планира да го направи Eloquent стандарден на Android, што би овозможило диктат директно во кое било поле за внесување текст, со „лебдечко копче“ за моментален пристап од кој било екран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајот

Водата во Гостивар втор ден е безбедна за пиење, но власта и опозицијата продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат кој е одговорен за нејзиното загадување. 

Мицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајот

За премиерот Мицкоски критиките од СДСМ до власта за состојбата со водата во Гостивар, се неосновани и политичка стратегија на опозицијата. Истрагата на МВР и Обвинителството за водата во Гостивар вели се уште трае, и не се исклучува можноста таа да биде проширена, а Владата според него направила со робусна акција го прочистила системот и повторно го вратила во надлежност на Општина Гостивар. Коментирајќи ги прозивките од СДСМ, зошто властите се уште немаат официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата во Гостивар е здрава за пиење, Мицкоски е категоричен.

-И јас инсистирам да се објави извештајот. Зачуден сум зошто првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на Општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Мислам дека истрагата може да придонесе да имаме и други кои исто така би биле вплеткани во овој случај, односно за коишто Обвинителството и МВР во текот на истрагата ќе констатираат дека имаат некаков удел, учество во сето ова. Но исто така сум зачуден зошто истите тие социјалдемократи по допрен глас во минатото има и други извештаи за неквалитетна вода во Гостивар, но и во други општини низ Македонија, како Прилеп, Крушево итн. Кога некои други биле министри, кога некои други биле директори, не поднесат против нив. Зошто против нив не поднесат?, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, и денеска прашуваат зошто надлежните одбиваат јавно да покажат анализа или извештај- кој гарантира дека водата во Гостивар е безбедна. Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите, додаваат меѓудругото од опозициската партија.

-Мицкоски се врати од екскурзијата ама повторно не отиде во Гостивар, не отиде кај граѓаните кои повеќе од еден месец пиеја загадена вода. Од Скопје прати експертско уверување дека водата во Гостивар е безбедна и дека водоводниот систем го исчистиле „како никогаш досега“. После Тошковски и Ангелов, сега и Мицкоски е експерт за чистење на водоводни системи. Но владата одбива да покаже анализа или официјален резултат за водата во Гостивар. Зошто се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење?, изјави Штерјова од СДСМ.

За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун

Основниот кривичен суд во Скопје определи 30-дневен притвор за македонски државјанин, осомничен дека бил дел од мрежа за набавка и транспорт на 325 килограми марихуана, запленети пред два дена во Солун.

Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун

Обвинителството го товари осомничениот за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, како и за организирање на транспорт на дрогата, скриена во бали со рециклирана хартија во камионска приколка.

Според истрагата, целата шема започнала уште кон крајот на февруари годинава, кога осомничениот набавил товарно возило, а потоа и приколка, кога го договорил и наводниот превоз –транспорт на рециклирана, пресувана хартија од Македонија кон Турција, преку Бугарија.

Откако осомничениот ги завршил царинските формалности, со товарното возило и приколката ја напуштил Македонија, но наместо да продолжи кон Турција, тој свртел кон Грција и стигнал до Солун, каде приколката била оставена на изнајмен, затворен плац.

Таму се сретнал со двајца осомничени против кои во Грција се води постапка а еден од нив, се уште не недостапен за органите на прогонот. Дрогата ја сместиле во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија токму на плац во Солун каде марихуаната и била откриена и заплената.

„Јавниот обвинител оцени дека доколку осомничениот биде оставен да се брани од слобода, може да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше доставен предлог за определување мерка притвор", се вели во соопштението на Обвинителството.

Случајот е дел од меѓународната полициска акција „Вардарис", во рамки на која пред два дена во Солун беа уапсени македонски и косовски државјанин. Целата акција е резултат на четиримесечна предистрага на полициските служби за борба против недозволена трговија со дрога на Македонија, Косово и Грција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: И на власт и во опозиција - СДСМ поддржува и пропагира противзаконско работење

Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори.

МОН: И на власт и во опозиција - СДСМ поддржува и пропагира противзаконско работење

Реакција на прес конференција на политичката партија СДСМ

Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат.

Основна законска надлежност на Државниот просветен инспекторат е да спроведува редовни контроли врз работењето на образовните установи и да постапува по претставки и иницијативи на граѓани, кои пак, се распределуваат во зависност од моменталниот расположлив кадровски капацитет на институцијата. Се разбира, секаде кадешто ќе се констатираат неправилности, се преземаат соодветни мерки, а НЕВЕРОЈАТНО е како оваа политичка партија секогаш застанува во одбрана на противзаконското работење и поддржува непочитување на правниот систем.

Нерегуларности се констатирани и во работењето на средното училиште „Панче Арсовски“ кое денес беше посочено на прес конференцијата на СДСМ и секако дека и таму се постапува како што наложуваат законските прописи. Таквото постапување оваа партија го смета за политичка пресметка. Тоа го кажуваат јавно и на прес конференции и всушност пропагираат искривени вредности.

Очигледно е дека нивната болка е што конечно образованието го добива потребното внимание од една Влада. Стопиран е слободниот падот и расчистен е хаосот кој го создадоа четири министри за образование во седумгодишното владеење на СДСМ.

За две години вложени се над 70 милиони евра во образовната инфраструктура, набавени се нови наставни програми, учебници има по сите предмети и се достапни на 1 септември, унапредена е инклузивноста, системот на стипендирање ученици и студенти, донесена е нова законска регулатива усогласена со европското право. Се залагаме за воведување на концептот на едносменска ефективна настава во сите училишта кадешто е тоа возможно. Зголемени се платите на наставниците за над 20%.

По однос на училиштата во руралните средини кои сами времено се затвораат поради тоа што немаат запишани ученици, ќе ги потсетиме тоа е резултат токму на нивните погубни политики поради кои во седум години го намалија бројот на ученици за 17 илјади!

Актуелната Влада и раководството на МОН остануваат посветени кон градење квалитетен образовен систем и ниту едно лажно обвинување и обид за опструкција, нема да нé поколеба да продолжиме да го јакнеме образованието - основниот столб на севкупниот развој и работиме во интерес на најмладите и на државата во целина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер