Итно е прекината продажбата на слика на Фрида Кало, вредна 3,5 милиони долари - Канал 5

Итно е прекината продажбата на слика на Фрида Кало, вредна 3,5 милиони долари

Аукциската куќа „Кристи“ ја суспендираше продажбата на слика од Фрида Кало откако мексиканската влада изрази сомнежи за околностите под кои делото ја напуштило земјата.

Итно е прекината продажбата на слика на Фрида Кало, вредна 3,5 милиони долари

Продажбата на сликата „Конгрес на народот за мир“ беше закажана за вторник вечерта, а вредноста на ова платно, создадено во 1952 година, се проценува помеѓу 2,5 и 3,5 милиони долари, објави „Ле Фигаро“.

„Уметнички споменик“

Сликата прикажува настан организиран во поддршка на Светската конференција за мир, одржана во Виена во декември 1952 година.

Заедно со целиот опус на сликарката Фрида Кало, ова дело беше прогласено за „уметнички споменик“ во 1984 година, со што беше забранет неговиот извоз.

Мексиканското Министерство за култура објави во понеделник дека сликата ја напуштила земјата во 1952 година, пред да стапи на сила забраната.

Побаран е увид во потеклото

Сепак, во подоцнежно соопштение се наведува дека од „Кристи“ било побарано да даде целосен увид во потеклото на делото, како и да ја одложи аукцијата.

Според група уметници и културни работници, делото било отстрането од Музејот на Фрида Кало во Мексико Сити на нерегуларен начин пред неколку години.

Во соопштение за медиумите, сегашното раководство на музејот изјави дека „Кристи“ била информирана дека уметничкото дело е предмет на истрага од страна на мексиканските власти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинение за деветмина полицајци - Росица пријавувала, тие не реагирале, доказите ги чувале во фиока

По повеќе една година од свирепото убиство на Росица Коцева од Велес, што ја потресе јавноста, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против деветмина полицајци.. 

Обвинение за деветмина полицајци - Росица пријавувала, тие не реагирале, доказите ги чувале во фиока

Росица Коцева од Велес пријавувала насилство во полиција и барала заштита, но полициски службеници седум месеци не постапувале - не спровеле судски мерки за заштита на девојката, не го известиле обвинителот за да добијат насоки што да преземат, а доказите ги чувале во фиока во службените простории.. Деветмина службеници, полицајци и инспектори, се опфатени во обвинението кое го поднесе ОЈО ГОКК, 14 месеци по убиството на 31 годишната велешанка и нејзиниот татко од страна на поранешниот партнер Илија Стефановски, кој веднаш потоа се самоуби. Обвинетите се товарат за кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Неизвршување на судска одлука.

„Во временскиот период од 21.02.2025 до 15.09.2025 година, со неизвршување на својата службена должност, потешко го повредиле правата на оштетената сега почината Росица Коцева, повредувајќи го нејзиното уставно загарантираното право на живот, како и правата предвидени со чл.2 и чл.3 од Европската конвенција за човекови права. Во услови кога биле изречени судски мерки за заштита на жртвата од семејно насилство, тие не постапувале по итните мерки за заштита. Исто така, дел од обвинетите прземајќи дејствија по пријава на оштетената, постапувајќи спротивно на изричните одредби од Законот за полиција, не го известиле надлежниот јавен обвинител за да добијат понатамошни насоки за постапување, а доказите ги чувале во просториите на ООК-ОКП Велес без да поведат никаква постапка.“ – пишува во соопштението на обвинителството.

За злоупотреба на службената положба е предвидена затворска казна од шест месеци до три години, додека за неизвршување на судска одлука казна затвор од една до пет години. Ова е прв конкретен чекор од истражните органи за овој случај кој лани во септември ја потресе целата македонска јавност. Стефановски прво го убил нејзиниот татко, а потоа ја чекал во домот, ја убил и Росица а потоа сам си го одзел животот. Но, пред кобниот ден, претходеле неколку настани за кои институциите биле известени- имало насилство и закани за објавување на експлицитна содржина од двајцата, а беше опожарен и автомобилот на таткото.. За две кривични дела, на почетокот на 2025та Стефановски добил само условна затворска казна.

Токму фемицидите и родово базираните насилства се повод за најавената блокада на иницијативата „Ниту една повеќе“ пред Влада в петок и протест во среда во паркот Жена борец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На групната фотографија Трамп стои покрај Си, а Путин подалеку- дали е тоа пораката на кинескиот претседател ?

Самитот на АПЕК во Шенжен, Кина, ги собра тројца од највлијателните политички лидери во светот.

На групната фотографија Трамп стои покрај Си, а Путин подалеку- дали е тоа пораката на кинескиот претседател ?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател, Владимир Путин и кинескиот претседател, Си Џинпинг, им се придружија на другите национални лидери на традиционална групна фотографија пред планираниот трилатерален состанок закажан за 19 ноември.

На групната фотографија направена на самитот, кинескиот претседател Си Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан стоеја во средината на првиот ред. Американскиот претседател Трамп и рускиот претседател Путин беа фотографирани и во првиот ред. Позицијата на Трамп до Си го привлече вниманието на светот. Од друга страна, иако се очекуваше во таков момент, Путин не стоеше до Си, туку до сопругата на Си.

За разлика од Трамп и Си, кои изгледаат весело на фотографијата, истото не изгледа дека важи за Путин. Она што дополнително ги „подгреа сомнежите“ дека Путин не добива ист третман на самитот беше информацијата објавена од странските медиуми дека Си наводно му рекол на Путин да застане до неговата сопруга Пенг Лијуан, додека тој му рекол на Трамп да застане до него.

Канадскиот премиер Марк Карни и јапонскиот премиер Санае Такаичи стоеја во вториот ред.

Исто така, порано денес, кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен, што е невообичаен дипломатски гест и покажува колку значење Пекинг им придава на односите со Вашингтон.

Си го чекаше американскиот лидер под скалите на авионот, на црвениот тепих, со што му возврати добредојдето што Трамп му го упати за време на неговата посета на Соединетите Држави претходно оваа година, објавува CNN.

За време на неговиот мандат како лидер на Кина, Си никогаш лично не отишол на аеродромот за да пречека американски претседател.

Сепак, Путин не доби ист третман од кинескиот претседател по пристигнувањето во Кина. Имено, Путин беше пречекан на аеродромот во Шенжен од Каи Чи, еден од најмоќните луѓе во кинеското државно раководство и близок соработник на Си.

Појавата на тројцата лидери на истата фотографија создаде впечатлива дипломатска слика пред трилатералниот самит што се очекува на 19 ноември, на кој би можело да се разговара и за војните во Украина и Иран.

Трамп и Путин се ракуваат за прв пат

Трамп и Путин се сретнаа лице в лице денес за прв пат од самитот одржан во Алјаска во август 2025 година. По краткото ракување, Трамп и Путин им се придружија на другите учесници на семејна фотографија.

Беше покрената и можноста двајцата лидери повторно да се сретнат за време на самитот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп и Путин би можеле повторно да се сретнат за време на самитот во Кина, иако не очекуваат сеопфатни билатерални преговори. Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, во меѓувреме, изјави дека е договорено двајцата лидери да одржат посебен состанок.

Ушаков изјави дека разговорите би можеле да започнат за време на официјалниот банкет во среда навечер, додавајќи дека лидерите би можеле да остварат контакт и за време и по пленарната сесија на АПЕК во четврток. Песков изјави дека Трамп и Путин би можеле да разменуваат мислења за војните во Украина и Иран доколку најдат можност да се сретнат приватно.

Песков, исто така, рече дека Путин разговарал за војната во Украина за време на претходната средба со Си Џинпинг. Се очекува контролата на нуклеарното оружје и прашањата за глобалната безбедност да бидат високо на агендата на трилатералниот состанок меѓу Трамп, Путин и Си закажан за 19 ноември.

Тековната војна во Иран и руските напади врз Украина се исто така меѓу прашањата за кои би можеле да разговараат лидерите.

Сепак, страните дадоа различни изјави за тоа дали Украина формално ќе се појави на агендата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер