Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си - Канал 5

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, денеска беше именуван за нов генерален директор на британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си.

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп.

57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за Европа, Блискиот Исток и Африка, рече дека „се радува на почетокот“, опишувајќи го како време на „вистински ризик, но и голема можност“.

„Повеќе од кога било, ни е потребна силна Би-Би-Си која работи за сите во еден сложен и брзо менувачки свет“, рече Бритон, додавајќи дека медиумската компанија претставува „исклучителен британски капитал со повеќе од 100 години иновации“.

Меѓу приоритетите на новиот директор ќе биде решавање на тужбата за клевета од повеќе милијарди долари што ја поднесе Доналд Трамп против Би-Би-Си поради начинот на кој Панорама уредувала делови од неговиот говор од јануари 2021 година, за што Би-Би-Си веќе се извини.

Новата улога доаѓа во време кога Би-Би-Си се соочува со конкуренција од технолошки компании на дигиталниот пазар, а нејзината сегашна кралска повелба истекува во 2027 година.

Бритин е роден во Волтон на Темза, Сари, и дипломирал на Универзитетот Кембриџ.

Тој ја започна својата кариера во медиумскиот сектор, приклучувајќи се кон Гугл во 2007 година, каде што стана претседател на Европа, Блискиот Исток и Африка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Билатералните односи да се кренат на повисоко ниво, да се продлабочат политичкиот дијалог, економската соработка и трговската размена од 133 милиони да порасне на 500 милиони долари

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Билатералните односи да се кренат на повисоко ниво, да се продлабочат политичкиот дијалог, економската соработка и трговската размена од 133 милиони да порасне на 500 милиони долари- ова било во фокусот на средбата меѓу македонската и индиската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова и Друпади Мурму во Скопје. На првата официјална посета на земјава откако се воспоставени дипломатски односи меѓу двете држави, претседателката на Индија беше пречекана со највисоки државни и воени почести, тет-а-тет и билатерален состанок меѓу делегациите. На прес конференција со Сиљановска ги кажаа амбиционзните цели за во иднина, нашата претседателка добила покана за во Њу Делхи, а изразија надеж и дека пријателските односи ќе бидат потврдени со отворање на резидентна амбасада на Индија во Скопје.

-Нашите две нации ги поврзува исклучителната врска преку една од најголемите хуманитарки што светот ги познавал – Света Мајка Тереза. Родена во Скопје, таа го посвети својот живот на народот на Индија и стана универзален симбол на човечноста. / Со претседателката Мурму го споделив моето уверување дека треба да си поставиме заедничка, поамбициозна, но остварлива цел – во следните пет години билатералната трговска размена да достигне барем 500 милиони американски долари,- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија.

-Со оваа посета се потврдени пријателските врски, споделените вредности и взаемната почит меѓу двете нации. Целта е да се промовира поинтензивна трговска размена и инвестиции, како и да се охрабри соработката меѓу бизнис заедниците. Исто така, се согласивме да ја прошириме билатералната трговија на двојно од сегашниот обем,- Друпади Мурму – претседателка на Индија.

По средбите во претседателската вила, Мурму го посети и гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас кадешто положи цвеќе.

Индиската претседателка попладнево учествува и на македонско-индискиот бизнис форум, а утре заедно со Сиљановска ќе ја посетат спомен куќата на Мајка Тереза и Музејот на Град Скопје кадешто ќе ја откријат новата биста на Махатма Ганди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“

Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ поради епидемијата со загадената вода за пиење.

Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“

Истрагата е фокусирана на тројца функционери, а надлежните не ја исклучуваат можноста таа да се прошири по анализата на целата обезбедена документација. Анализите од терен покажаа присуство на колиформни бактерии и зголемено ниво на хлор во водоснабдителниот систем, додека инспекциите продолжуваат со земање мостри низ целиот град.

Одиме со слика директно во гостива, таму е Дејан Трајковски. Дејан, каква е моменталната сосотојба во градот?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026-„Најдобра банка за физички лица“

НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. 

НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026-„Најдобра банка за физички лица“

Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство.

Како лидер во кредитирањето на населението со пазарно учество од 23,5%, НЛБ Банка во 2025 година оствари раст од 14% кај кредитите и 13% кај депозитите на населението. Банката истовремено забележа највисок раст кај станбените и потрошувачките кредити, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како финансиски партнер од доверба за граѓаните.

Паралелно со растот на своето работење, НЛБ Банка продолжи интензивно да инвестира во дигитализација и развој на современи банкарски решенија. Континуираниот раст на користењето на дигиталните канали, постојаното унапредување на мобилното и електронското банкарство, како и фокусот на едноставно, безбедно и современо клиентско искуство, претставуваат значаен придонес кон препознавањето на Банката како лидер во банкарството за физички лица.

Успешната стратегија и континуираните резултати на НЛБ Банка се препознаени од меѓународната експертска јавност. Во 2025 година, Банката по дванаесетти пат беше прогласена за „Банка на годината“ од магазинот The Banker, а на овa признаниe се надоврзува и наградата „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, која дополнително ја потврдува нејзината водечка позиција на македонскиот банкарски пазар.

НЛБ Банка останува посветена на својата Стратегија 2030, со јасна амбиција да биде најиновативната, најклиентски ориентирана и најодржлива финансиска институција во земјата. Во таа насока, дигиталната трансформација продолжува да биде еден од клучните двигатели на растот и унапредувањето на услугите, овозможувајќи им на клиентите побрзо, поедноставно и посигурно банкарско искуство. Паралелно, Банката продолжува да инвестира во решенија што создаваат долгорочна вредност за клиентите, заедницата и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер